Пазарење - Велосипеди - Делови

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Не видов баш ваква тема :) се надевам дека нема да ја споите и сл.

Инаку нека биде оваа тема за делови за велосипеди. и ако можете да ми кажете кои се најдобрите марки кои произведуваат делови за Велосипеди.

Инаку ако може некој да ми предложи добро апаратче за позади на точакот и каде би можел да го најдам во Скопје :)
--- надополнето: 31 мај 2012 во 16:42 ---
TOPLIST - To vote, click your favorite!

Rank Products and Companies

Vehicles
Bicycle Brands
1 Trek
2 Elite
3 Giant
4 Specialized
5 Schwinn
6 Mongoose
7 Raleigh
8 Cannondale
9 Norco
10 Bianchi
11 Merida
12 Fuji
13 Exitway
14 Kona
15 Scott
16 Cervélo
17 Next
18 Felt
19 Nishiki
20 Rocky Mountain
21 Marin
22 LeMond
23 Seven
24 Serotta
25 UMF
26 Litespeed

Eве што најдов јас од чичко гугул
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Пер ама си ја изгенерализирал темата, бог да чува. Каков велосипед бе? Ги има десетици. Тој што е најдобар за BMX не е најдобар за Trials да речеме. Воедно, производителот на виљушки не е баш најдобар за гуми. Де биди попрецизен.

И кое е тоа апаратче за позади? Тоа што ги мери прдежите? Има безмалку газилион апарати што се монтираат позади.
 
82f16470f52344e4818a8c4eb94cf09c.jpg
На вакво апаратче мислев
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Дирејлер или менувач народски кажано. Ако ти е за секојдневна употреба, Шимано ќе ти биде во ред. За професионална употреба ќе ти треба нешто поскапо. Колку за информација, Шимано се накај 600-1000 денари за основни модели, додека професионални менувачи идат над 100 евра.
 
Јаоо многу бре 100 евра :vozbud: Од друга марка некоја да не знаеш добра за заден менувач :D
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
А за која намена ти е?
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Ако сакаш да возиш добар точак, ќе си платиш. Ова важи за сите.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Обичен од Шимано ќе ти заврши работа. Овие поскапите се за акробатско возење. Ако ептен ти се фрла пари на квалитет, пробај со SRAM. Јас ги користев во времето и никогаш ме немаат разочарано, ама посоленки се.
 
Немам баш за фрлање ама би сакал да знам колку се овие SRAM што пари идат?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ако си од Скопје нема да имаш нервози за делови.Ако си од „провинција“ некаде you're gonna have a bad time.Веќе 3 недели барам квалитетни лагери за задна осовина ама ништо.Извози 20-ина киолемтери и ќе се стопат.Пробав да ги ставам без венци бидејќи поради мекото венче (како гума се витка)се изместуваа од леглото и се топеа побрзо поради поголемиот отпор.Ми ја оштетија и осовината па дадов пари и за неа.Се што е можно пробав и ништо,само нервози.
 
Си размислувал од нет да нарачаш?

Инаку знам какво е чувството. Лагерите се хромирани однадвор демек челични, но внатре се или легура наречена Pewter или обично железо. Жално е тоа што ваквите лагери чинат 100 денари во просек, а оригинални калени челични лагери чинат 200-250. За толку мала разлика во цената ќе се малтретираш, ама тоа е...

Како и да е, јас би ти препорачал да ја смениш главината. Чим спомнуваш венчиња веројатно имаш од постарите модели. Има нови убави главини на нет за 30-тина долари кои примаат затворени sleeve лагери, како автомобилските што се. Овие лагери не можат да се копираат на начин како топчестите, многу подолго траат и помазно возење ти нудат.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Си размислувал од нет да нарачаш?

Инаку знам какво е чувството. Лагерите се хромирани однадвор демек челични, но внатре се или легура наречена Pewter или обично железо. Жално е тоа што ваквите лагери чинат 100 денари во просек, а оригинални калени челични лагери чинат 200-250. За толку мала разлика во цената ќе се малтретираш, ама тоа е...

.
По 20 денари се.Не се скапи ама би платил и многу повеќе само да се квалитетни,а не ѓубре кое се распаѓа по 15 минути возење.Би купил оригинални да има од каде но квалитетна роба за велосипеди во Кавадарци нема.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Па има еден куп луѓе на форумов, нека ти пратат од СК по пошта а ти прати им пари на трансакциска. Се работи за 300 денари гром да го утепа, не се милиони...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom