Пад од 2 метра на Canon SX130IS

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Како што вели насловот, апаратот додека снимаше, падна од 2 метра, поточно зет ми го испушти...
Објективот е заглавен сега, има малку скршено од тие „портичките“, па го отворив (како секој вистински македонец) да видам дали можам нешто да сторам, после неколку YT видеа. Излегува дека ептен е заглавен, а нема никаков туторијал за тоа како да се расклопи (последниот дел) од објективот, па да прашам овде, дали некој се има со тоа занимавано или да ми препорачате некој сервис.
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Извини за оф-топик, али најдобар туторијал ти е да му го дадеш на зет ти да го носи на сервис или да ти купи нов.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Ако со контраудар не се оправи објективот, тешко дека сам ќе го поправиш ако го отвориш. Види во сервис за канон, само прво провери со нив дали воопшто ќе ти се исплати сервисот.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Имам ист таков, кога јас го зедов беше околу 14.000, сега се окопу 9000нов со се гаранции и такви работи, така да види дал ќе ти се исплати поправка на сервис а ако се решиш за домашен сервис тогаш со среќа па сними видео дека расклопуваш и склопуваш да знаеме сите :D

Инаку еднаш ми падна од раце во отворена состојба од околу метар да речеме ама не дирекно на земја туку се погоди да ми падни на прстите од ногата со задната страна и само се стркала после на паркетот низ дома. Не му беше ништо за среќа... од тогаш си направив со едно гумиче како затегач на таа врвката за околу рака. Така да од тогаш кога држам апаратот прво затегам врвка па подигам апарато, јбг не се исплати ризик :D
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Го отворив, стигнав баш до заглавениот дел, изместена е внатрешната цевка од центар, и сигурно некој од лизгачите не е во жлебот, само проблемот е што таа е до крај вовлечена во „средната“ цевка, така да мора да направам некој алат да ја заротирам малку. Инаку успеав да го убедам да се придвижи малку (некои 5мм) при што добив звук (клик) како нешто да влегува на место, потребен ми е уште еден клик. За видео од расклопување, тешка работа, го расклопив синоќа во полу-пијана состојба, прв роденден на син ми :D Видео од склопување ќе има, ако го направам, ако не, можеби видео од фрлање во канта :D
Не се исплаќа да се носи на сервис според мене, го купив 10к а сервис ќе однесе сигурно над 6к...
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Update: мрднав од мртва точка, сега се движи објективот, само внатрешната цевка оди по погрешна патека, има скокнато од еден во друг жлеб и сега неможам да го склопам комплетно објективот, т.е. кога се склопени 2те цевки не се до крај во третата... ќе нема спиење и оваа ноќ :D ама чувствувам дека ќе го средам, кога се работи за инает, меѓу најголемите инеатчии сум :D
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Конечно среден е објективот, ме изнамачи :D не биле 2-3 цевки, туку 7 ама нема врска, средено е се, само нели како на секој „професионалец“ ми останаа 2 завртки вишок... Утре пак отворање комплет, па се надевам дека ќе ги најдам од каде се, инаку го пробав зумира убаво, фокусира убаво, job well done, да не речам се гордеам со себе сега :D
 
П

Паган-др

Гостин
Ако ништо, мерак ми е што ги поби првите два коментари. Онака, убаво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom