Ееее нафташи, нафташи, а што ќе ви се случи кога ќе снемате нафта.
Саудиска Арабија во криза: цените на горивата се зголемуваат за дури 50 отсто
Саудиска Арабија денес најави дека утре ќе ги зголеми цените на некои од горивата за повеќе од 50 отсто, јавува Франс прес. Тоа ќе го направи поради рекордниот буџетски дефицит, за да го намали обемот на субвенции.
Покрај цената на горивата, ќе пораснат и цените на струјата и водата, решил советот на министри на чело со кралот Салман.
Растот на цените на струјата и водата сепак нема да биде нагол, како што ќе биде за цената на бензинот, пишува Индипендент. Саудиската Арабија ги држи цените на горивата ниски за своите граѓани, како еден вид социјална помош.
Се планира и зголемување на ДДВ-то за безалкохолни пијалаци и тутун, но за тоа не се одредени роковите.
Се проценува дека оваа година Саудиска Арабија од продажбата на нафта ќе заработи 23 отсто помалку отколку во 2014 година, околу 119 милијарди долари. Тоа претставува 73 отсто од вкупниот буџет.
Кралот Салман најави дека во 2016 година кралството ќе почне да ги шири буџетските приходи. Тоа треба да се постигне со намалување на јавната потрошувачка, реформи на енергетските субвенции, даноци и приватизација.
Во октомври ММФ објави дека Саудиска Арабија може да банкротира за пет години ако не ги прошири буџетските приходи. Дефицитот во 2015 година за таа земја изнесува 15 отсто, односно 98 милијарди долари.
Цената на нафтата падна за повеќе од 45 отсто во однос на просекот за 2014 и сега има неочекувано ниска вредност, најмала во последната деценија.
Извор:
http://www.mkd.mk/svet/vesti/saudiska-arabija-vo-kriza-cenite-na-gorivata-se-zgolemuvaat-za-duri-50-otsto