Пад на цената на нафтата - причини и последици

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Смрт за зони и пајак воз., 9 јануари 2015.

  1. Смрт за зони и пајак воз.

    Смрт за зони и пајак воз.

    Член од:
    20 септември 2011
    Мислења:
    8.142
    Допаѓања:
    8.482
    Сведоци сме на драматичен пад на цената на нафтата
    Барел нафта во јуни 2014 чинеше околу 120 долари, а денес чини помалку од 50. Некои прогнози велат дека може да падне и на 20 долари.
    Еве написи од Фактор и Вечер кои се посветени на оваа тема
    http://faktor.mk/2015/01/08/tsenata-na-naftata-ke-paga-do-20-dolari-za-barel/
    http://vecer.mk/ekonomija/nova-era-vo-trgovijata-so-nafta
    Кога почна намалувањето на цената на нафтата јас мислев дека тоа намерно го правата западните сили за да и наштетат на Русија во чии буџет значајна ставка се приходите од извозот на нафтата. Сега не сум сигурен дека бев во право.
    Ќе Ве вратам малку во историјата
    Во 60-тите години, во време на важењето на Бретон-Вудскиот договор цената на златото беше 34 долари за унца, а цената на барел нафта беше 2 долари за барел
    Значи 17 барели нафта чинеше една унца злато
    На почетокот на 70-тите години,САД го растурија Бретон-Вудскиот договор, ја покачија цената на златото, најнапред на 68 долари за унца, па потоа ја пуштија слободно да се формира.
    Од тогаш почна цената на нафтата вртоглаво да расте и тоа е причина за порастот на цената на нафтата.
    Овој раст на цената на нафтата, предизвика појава на петро-долари, огромни суми на пари кои се нудеа за кредитирање.
    Значи земјите извознички на нафта имаа огромни приходи, а земјите увознички огромни дефицити
    Ова појава предизвика многу последователни појави, земјите увознички на нафта почнаа да се задолжуваат
    На пример: СФРЈ на крајот од 60 -тите години имаше вкупен надворешен долг од стотина милиони долари, а во средината на 70 - тите години се појави огромна задолженост мерена со милијарди долари
    Мексико во тоа време стана најзадолжена земја. И Бразил имаше огромни долгови и тогаш ја почна програмата за замена на нафтата со етанол
    И други работи се последица на појавата на овие петродплари
    Реганомиката - економската политика на САД со високи камати да ги привлечат петродоларите е исто последица од ова
    Со овие долари и денес се плаќаат државните долгови на богатите земји, односно државните обврзници на богатите се купуваат со нив
    И сега се поставуваат две прашања:
    1. Дали оваа појава ќе биде трајна или после неколку месеци цената на нафтата повторно ќе биде висока?
    2. Ако цената на нафтата остане ниска, какви глобални промени ќе предизвика?
     
    На Meh, Ashburton Grove, stratUs и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. Клошар.

    Клошар. Еднаш бев 4NHK0.

    Член од:
    6 јуни 2014
    Мислења:
    967
    Допаѓања:
    853
    Зависи американците колку ќе се задржат во ,,пустините''...
     
  3. Darling

    Darling

    Член од:
    5 јуни 2009
    Мислења:
    6.080
    Допаѓања:
    7.204
    Нека објасни некој, кое е најлошо сценарио на ова, а кое е најдобро?
    Мене ме интересира ситуацијата, но немам доволно познавања од оваа област.
     
  4. The xx

    The xx

    Член од:
    8 април 2013
    Мислења:
    1.953
    Допаѓања:
    1.628
    Се обидував деновиве да најдам експертско мислење, кое нема да биде под влијание од идеолошка позадина и геополитичка траекторија.
    Па најдов еден шкотски експерт кој има Phd титула во областа на геоологија,истовремено има огромно искуство и кариера на проекти кои се поврзани со пронаоѓање на нафта и нејзино производство.
    Како што наведува за себе на блогот. Авторот се обидува да ни ја објасни инсајдерската страна на пандорината кутија на енергетскиот свет кое општестовото има проблеми да ја сфати.


    Ќе бидам краток бидејќи доста голема е статијата и ќе преведам само кратки делови од неа.
    Ја користи емпириската понуда и динамиката на побарувачката преку кои ја предвидува цената на нафата во период 2015/2016. Исходот е под огромно влијание на банкарскиот сектор и ондесувањето на картелот на ОПЕК.

    3 различни сценарија се понудени со цени во опсек од 45-100 долари за барел нафта.

    Графикон број 1.
    Сината крива ни ја претставува месечното производство на барели нафта, цена на нафтата период 1994 до 2008 и ја покажува неластичноста на понудата кон побарувачката после 2004 година. Како што побарувачката растеше така и цената го достигна нивото дури до 148 долари за барел нафта во Јули 2008 пред да има енормен пад.
    [​IMG]



    Следниот дијаграм ни го претставува капацитетот на ОПЕК земјите, и е важен за разбирањето како функционира глобалниот нафтен пазар. Одлуката за суспендирање на интервенциите на маркетот е една од причините за промена на цените на нафтата.


    [​IMG]


    ОПЕК се обиде да одржи ред на пазарот со нафта. Наместо да дозволат флуктацијата на цената на нафата да ја контролира понудата и побарувачката, ОПЕК се одлучи за цена која ќе им одговара нив и се обидоа да ја одржат преку редуцирање и зголемување на понудата на нафтата. Сликата од тука ни ги рефлектира флуктациите на глобалниот пазар на нафта.


    Во минатите 10 години имаше три циклуси на пазарите на нафта. Два од нив речиси траеа по 3 години, и има амплитуда на промена од 2милиони барели на ден. И двата циклуси се наоѓаат помеѓу еден поголем циклус кој трае 4 години и има амплитуда на промена од 4 милиони барели на ден и се должи на финансиската кризата од 2008.
    Овие три циклуси ја отсликуваат реакцијата на ОПЕК во однос на глобалната побарувачка и понудата од страна на останатите земји производители на нафта. Помалите циклуси се сметаат за нормална реакција, додека поголемиот циклус е нешто необично. Интервенциите на ОПЕК доведуваа до стабилност на цените.

    Податоците изнесени на вториот дијаграм ни дава сугестија дека несинхранизација на побарувчката/понудата може да трае три години, при што се потребни 18 месеци за да се промени состојбата од пазар со преголема понуда во пазар со недоволна понуда.
    Ова не е целосна сигурна констатација дека пазарот ќе реагира на динамиката.
    Падот на цената започна пред 6 месеци, во Јули месец. Така да од целиот циклус се поминати само 6 месеци, преостануваат уште 12 месеци, доколку од ОПЕК не одлучат да интервенираат.





    Сценарио број 1/Декември 2015
    Во 2015 побарувачката се намалува за 2 милиони барели дневно, бројките би биле слични на тие од летото 2014. Новиот прозводен капацитет на земјите кои не се во ОПЕК од 1,4 милиони барели дневно нема да се материјализира со што кривата на понудата ќе остане непроменета
    Ова ќе резултира со цена околу 60 долари за барел во Декември 2015. На краток рок цената може да падне уште пониско поради зголемување на производствените капацитети пред да се врати назад на сегашното ниво; и поради трендовите од шпекулантите.

    [​IMG]



    Сценарио број 1/Декември 2016
    Во 2016, ниската цена резултира со пад на капацитетите на глобалното производство за 1 милион барел дневно и со зголемување на побарувачката со 1 милион барел дневно. Овие мали корекции ќе доведат до зголемување на цената на нафата до 105 долари за барел.

    [​IMG]




    Сценарио број 2./ Декември 2015


    Под сценарио број два, ниската цена доведува до банкрот на високо задолжените произведувачи при што настанува нова банкарска криза која се рефлектира врз целата економија. Нова 2008, само што овој пат со многу полоши последици бидејќи банките и владите сеуште се немаат опоравено од претходната криза.

    Побарувачката ќе опадне до 4 милиони барели дневно, но и производствените капацитети ќе се намалат за 1 милион барел дневно, поради намалување на производството на нафтата од шкрлици и банкрот на фирмите кои производството им се исплаќа само при високи цени на нафтата. Во Декември 2015 цената би била околу 45 долари за барел.

    [​IMG]



    Сценарио број 2/Декември 2016.

    Ниската цена на нафата резултира магично врз глобалната економија која бележи силен скок во 2016 преку зголемена побарувачка од 2 милиони барели дневно. Но претходната 2015 година и цената од 45 долари за барел придонесоа за загуба на 1 милион барели дневно(капацитети кои се загубени преку банкротирање на производствените фактори) Зголемената побарувачка се консилидира со опаѓачката понуда при што цената се враќа за околу 100 долари за барел нафта. Но како резултат на нафтетната криза од 2015, светот загуби 2 милиони барели дневно количество производствени капацитет.

    [​IMG]



    Сценарио3/Декември 2015.

    ОПЕК прв трепнува со што С.Арабија и Кувајт го намалуваат производството до Ноември 2015, има знаци дека ова е воозможно. Многу зависи од С.Арабија која може да го зголеми производството како контрамерка на намалувањето на производството од страна на другите заливски земји. Според сценариото 3 ОПЕК ги намалува производстветните капацитети до 2 милиони барели дневно до Декември 2015. Покрај тоа се намалува и побарувачката за 2 милиони барели дневно. Цената на нафата закрепнува околу 100 долари за барел.

    [​IMG]





    Обсервација.

    Сите три сценарија резултираат со силно закрепнување на цената на нафтата до околу 100 долари во 2016. Главни разлики се во поглед на време трање на болниот период и глобалните производствени капацитети.
    Сценаријата 1 и 2 предвидуваат пад на производствените капацитети околу 1-2 милион барели дневно до Декември 2016 и претежно губитници би биле земјите кои не се во ОПЕК, односно уништување на нивните капацитети што ќе резултира со зголемена контрола на пазарот од страна на ОПЕК.
    Сценариото 3 предвидува одржување на сегашните производствени капацитети и реформулирање на статус кво и висока цена на нафтата. Потребно е да се прати ОПЕК и да бележи дали го прават она што го говорат.



    Проценки од страна на авторот
    Scenario 1: 40%
    Scenario 2: 50%
    Scenario 3: 10%

    So my weighted forecast for December 2015 goes like this:

    ($60*0.4)+($45*0.5)+($100*0.1) = $56.50


    Source:
    http://euanmearns.com/oil-price-scenarios-for-2015-and-2016/
    --- Споено дупло мислење, 9 јануари 2015 ---
    Најлошо сценарио би била уште една криза која ќе го нокаутира и така кревкиот повраток на глобалната економија.
    Да не се лажеме дека ниската цена на нафтата им одговара на големите држави.
    Пример во Америка каде инвестициите се претежно од кредитини линиии, ниската цена може да доведе до целосен крах на енергетсткиот сектор(кој веќе започна кон тој правец) со што кризата ќе се прелее врз банкарскиот сектор а тоа ќе се рефлектира врз целата економија и ќе резултира со уште една рецесија овој пат полоша од таа во 2008.
    Домино ефектот ќе се префрли врз Европа-Русија-Кина-Јапонија и тн.
     
    Последно уредено: 9 јануари 2015
    На Naked Gun, Harvey S., Human и уште 14 други им се допаѓа ова.
  5. Solaire of Astora

    Solaire of Astora

    Член од:
    30 јули 2014
    Мислења:
    1.370
    Допаѓања:
    2.579
    Мое мислење е дека сепак падот на цената на нафтата е под диктат на САД, бидејќи ако ги сумираме сите случувања на Блискиот Исток заедно во пакет со случувањата во Украина, заклучокот е дека се влегува во завршницата на оваа игра, наречи ја партија шах помеѓу големите сили, мултиполаризација на светската политичка сцена, слабеење на хегемонијата на САД, креирање на новиот светски поредок итн.

    Централна и клучна улога во овие збиднувања има КСА како најголем светски произведувач, чии интереси на Блискиот Исток барем до неодамна се поклопуваа со американските. Тоа што КСА го очекува, а можеби и е и ветено, е позиционирање на истата како водечка регионална сила на Блискиот Исток очекувајќи да го исфрлат од игра иранското влијание со слабеењето, на ионака изолираниот Иран чии главни приходи се од нафтата. А САД со еден удар ќе утепа не две, туку три зајци: Русија, Венецуела и Иран, иако со последниов на повидок се затоплување на односите, на што особено треба да внимава баш КСА која ако не ја научила лекцијата за минливоста на рокот на употреба на американските партнери, тогаш навистина црно и се пишува. Е сега, важното прашање се однесува на тоа колку навистина има КСА капацитет да издржи со оваа цена на нафтата зашто скоро целиот, чинам околу 90 проценти, приход им се остварува баш преку продажбата на нафтата. А од овие пари, итекако им зависи социјалниот мир кој семејеството Ал-Сауди го купува во својата држава, каде веќе на истокот почна бран на терористички напади кој ќе допринесе за уште поголемо продлабочување на сунитско-шиитските тензии. Ал-Сауди и немаат баш некој избор и простор за маневар против САД, зашто секако ќе се најдат во безизлезна ситуација, па изборот се сведува- намали ја цената и соочи се со немири но сепак ние ќе те подржиме, што секако е подобар избор за нив во случајов или крени ја цената, ама можеме многу лесно да ти го свртиме грбот и да си се спријателиме со Иран. А мислам дека сојузништво, колку и да изгледа во моментов нереално и неизводливо, помеѓу САД и Иран е нешто што најмногу ја плаши КСА. Уште ако ИСИЛ реши да ја прошири зоната на воено дејствување на територијата на Саудиска Арабија( а има најави за тоа), мислам дека тоа ќе биде дефинитивниот крај на владеењето на фамилија Ал-Сауди и БИ ќе западне во уште поголем хаос. Веројатно нијанси одредуваат по кое сценарио ќе се одвиваат работите и која насока ќе ја завземат. Сега за сега, КСА нема намера да го намали производството и во неколку наврати го потенцираше тоа.

    Предвидувањата се дека цената на нафтата ќе продолжи со истиот тренд на опаѓање и 2015. година, до крајна граница од 40 долари за барел, што е секако пореална варијанта зашто 20 долари е прениска и неисплатлива цена за скоро сите произведувачи. Дури средината на 2016. години би требало цената да се нормализира на 100 долари по барел, што секако ќе зависи и од исходот на случувањата оваа година, за која очекувам да биде многу интересна и да донесе многу промени на светската сцена.
     
    На Harvey S., head, UNISTUVAC и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. кнез

    кнез

    Член од:
    16 декември 2009
    Мислења:
    742
    Допаѓања:
    220
    Кој тоа на светот со аргументи го предвидел пред само една година дека на крајот на 2014 година цената на нафтата наместо 100-110 долари ќе падне на 50 долари за барел.
    Да не се намали побарувачката така дражматично во оваа година,да не се зголеми понудата така драматично оваа година?
    Тоа значи дека цената на нафтата не ја диктира пазарот туку некој друг.
    Тој некој друг не излага на виделина да го видиме кој е.
    Правењето анализи врз база на овие податоци кои се достапни до нас е комедија која може само добро да ги насмее тие што ја контролираат цената.
    Повеќе ќе и верувам на Баба Ванѓа што рекла ако рекла за цената на нафтата одколку на било кој предвидувања или анализи.;)
     
    На Dr.House, Смрт за зони и пајак воз. и kviki им се допаѓа ова.
  7. Igorcemk

    Igorcemk Batman & Robin

    Член од:
    17 јануари 2008
    Мислења:
    7.226
    Допаѓања:
    7.840
    Ima poveke pricini:
    - SAD vo posledno vreme stana zemja koja masovno vagja nafta so "Fracking". Ali toa e skap nacin da se vagja nafta i jasno e deka niskava cena ne go pravi rentabilen ovoj nacin na vagjanje nafta. Prasanje na vreme e ova da se stabilizira, no sepak SAD momentalno sama moze da gi zadovoli svoite potrebi.
    - Ima masovno proizvodstvo na nafta, mnogu drzavi zavisat od prodazbata i ednostavno pazarot zasega e zasiten. Citav deka masovno se polni nafta vo golemi brodovi koj plovat na more i se cekaat dobri vreminja tie kolicini da odat na prodazba. Isto taka se otkrivaat novi izvori na nafta i peak-ot (momentot posle koja kolicinite na naftata na svetot se namaluvaat) se odlozuva na nazad. Toa znaci ke ima nafta i vo slednite decenii i nema da ima slaba ponuduvacka.
    - OPEC, cija mokj e namalena so ogled na toa sto nadvor od drzavite na ovoj kartel ima drugi golemi prodavaci na nafta, odluci da nema restrikci pri vaganje na nafta so sto kolicinata na pazar e pogolema od pobaruvackata. Posledica e namalena cena. Toa sigurno e i nekoj politicki dil pomegju Saudiska Arabija i SAD za oslabuvanje na Rusija i drugi drzavi (Venecuela).
    - Svetot seuste ne ja nadmina ekonomskata kriza i so toa pobaruvackata na nafta ne raste. Isto taka ne e za podcenuvanje sto energijata se poefikasno se koristi i so toa nafta kako resurs treba vo pomali kolicini. Toa sigurno e edna od posledicite na skapata nafta.
    - Isto taka, pored mene, vo poslednite godini spekulaciite na berzata dovedoa do cena na naftata koja bese vestacki bildana. Tie efekti sega kako da se izbrisaa.
    - Cenata na nafta cesto se pokacuvase pri krizi, na primer vo bliskiot istok. Momentalno svetskite krizi se normalna sostojba a ne vonredna i so toa psiholoskiot efekt se marginalizira. Cenata na nafta ne se kreva poveke poradi nekojsi politicki krizi.
    - Ima novi prodavaci na nafta, Irak pocna poveke nafta da prodava i mislam i Iran se poveke nafta prodava. Toa znaci pogolema ponuda.

    Ova se samo nekoj od pricinite za cenata na naftata odnosno padot i mislam ovaa godina moze da bide relativno niska cenata no nevozmozno e da se prognozira za idnite godini. Ke bide interesno dali Frackingot vo SAD pri niska cena ke moze da prodolzi posto nekade 60 Dolari e granicata na rentabilnosta.
     
    На ʞönig, Dr.House, Смрт за зони и пајак воз. и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. kviki

    kviki

    Член од:
    14 јуни 2008
    Мислења:
    1.369
    Допаѓања:
    1.066
    Цената ја диктира понудата и побарувачката.
    Побарувачката ја диктираат Кина, Индија и слични земји во развој.
    Понудата ја диктираат земјите производители а.к.а ОПЕК.
    Ако има многу нафта ќе се продава за поефтино. Ова значи дека ОПЕК ја диктира цената.
    И да, цената не зависи од ништо друго освен на тоа како ќе им прдне на памет во ОПЕК.
     
    На Dr.House и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.
  9. cige

    cige abdal

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    4.295
    Допаѓања:
    1.595
    Катар и Саудиска Арабија се под дирекна контрола на САД.
     
    На VOLK2234 и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.
  10. kviki

    kviki

    Член од:
    14 јуни 2008
    Мислења:
    1.369
    Допаѓања:
    1.066
    САД не е членка на ОПЕК. Можеби ова со нафтата нема врска со САД vs Русија... Може едноставно арапиве виделе шанса да ќарат од ситуацијата. И онака од сите страни Русија има санкции, со ова уште толку ја доутепуваат.
     
  11. Fringe

    Fringe Скитник низ паралелни светови

    Член од:
    24 септември 2011
    Мислења:
    7.578
    Допаѓања:
    2.853
    Додека трае студената војна меѓу епруветите и Русија корист ќе имаат сите
     
  12. IgorChete

    IgorChete 27

    Член од:
    4 февруари 2009
    Мислења:
    7.676
    Допаѓања:
    7.350
    Многу неинформирано мислење.
    САД годинава и официјално станаа најголем произведувач на нафта.
    Арно ама, они вадат нафта со фракинг, технологија која што е далеку поскапа од на пример саудиската која што кошта 5 долара по барел.
    Затоа и намалувањево на цената е наменет да се умртви американскиот фракинг, саудијците сега губат милијарди за во иднина да заработат стотици милијарди. Имаат скоро трилијарда во резерви така да можат да тераат вака 20 години.
    Иако САД се главниот таргет, најголеми губитници дефинитивно се Иран и Русија.
     
    На SparroW и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.
  13. The xx

    The xx

    Член од:
    8 април 2013
    Мислења:
    1.953
    Допаѓања:
    1.628
    Назад на темата.

    Втор сектор кој е погоден од падот на цената на нафтата се фирмите кои извезуваат ЛНГ во Азија, бидејќи цената на гасот е врзана за цената на нафтата.
    Зголемен е притисокот и опасоста од зголемување на долгот на фирмите поради намалените профити и нивното идно инвестирање во ЛНГ терминали и капацитети.


    Трето интересно е тоа што проектот од Канада до Америка, нафтовод Кејстон е најавено дека ќе биде откажан поради вето од Обама.



    @кнез
    Се обидов само да понудам поинаква перспектива на ситуацијата.
    Секој има право да верува во што сака,никој не му го одзема тоа право.
    Самиот автор има наведено дека не очекувал ваква состојба на пазарот за нафта.
    Претпотсавувам дека не ја прочита целата анализа.

    Дали има поместувања во понудата или побарувачката во изминатиот период треба да се почекаат резултати од последниот квартал на 2014 и првиот на 2015.
    Од страна на ОПЕК беше најавено дека ќе се продолжи со истиот обем на производство. Единствена редукција на производството може да се очекува од фирмите чие производство е доста поскапо и неисплатливо при вакви цени.

    А не говориме за сектор од 3 фирми и 4ца потрошувачи налик на малски пазар каде што постои совршена информираност на пазарот па цените брзо реагираат, туку напротив уште во воведниот дел авторот говори за нееластичност на цената. За да видиме било каква реакција се потребни повеќе месеци.


    Јасна ми е твоја перспектива, дека ова е борба на САД и сојузниците против Русија. Но јас не би одел до таа крајност бидејќи веќе почнаа да се појавуваат пукнатини и во С.Арабија која ќе започне да користи дел од буџетските резерви за да го пополни буџетскиот дефицит кој што се јави поради нивните дејствија. Во Америка почнаа фирмите да влегуваат во големи долгови, мислам дека изминатата недела банкронтираше една фирма како резултат на цените на нафата. Двете најголеми фирми кои работат со нафта од шркилци најавија спојување во една комапнија поради финасиските проблеми од настаната ситуација. Мислам дека на блоомберг ја читав статијата.


    Останува времето да покаже што ќе се случува. Од сценаријата на авторот веќе има елементи од сценариото број 2 дека се случуваат а тоа е дека при цена од 45 долари, некои фирми ќе банкротираат.
     
    На Human, Pane-G и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.
  14. UNISTUVAC

    UNISTUVAC

    Член од:
    16 јули 2014
    Мислења:
    831
    Допаѓања:
    562
    Nikakva pobaruvacka i potrosuvacka ne ja diktatiraat cenata. Cenata ja diktatira SAD i samo oni se mokjni vo momentov da igraat so cenite. Ako e vistina deka cenata ja diktira potrosuvackata togas na vremeto koga se krena u nebesa cenata a Amerite imaa pobaruvacka enormna i nedostig kaj niv trebase da se krene uste a ne da padne i se toa navodno so pokritie na OPEK za zgolemuvanje na proizvodstvoto. 99% od vojnite posle 2 sv. vojna se vodeni za taa nafta, kontrola nejzina i parite sto se vrtat okolu nejze. Zatoa padna Libija (SAD im dolzea bilionski sumi) zatoa Rusija ja raspadnaa (zemja so najgolemi resursi na nafta i zemen gas) zatoa se obiduvaat da unistat se sto ne im odgovara. Dodeka site eksploatiraa zaradi dobivka i bogatenje SAD skladirase vo site mozni iscrpeni naogjalista za da moze da go igra ovoj poteg. Moe mislenje e deka ova kje trae do krajot na zimite vo Evropa. SAD se jaki kolku se jaki nivnite sojuznici. Ako se desese Rusija da go podzatvori ventilot ili pak Evropa stane golem dolznik na Rusija samo zaradi Amerika sto go barase toa, mnogu verojatno deka golam del od evropskite zemji kje se svrtea kon Rusija i toa kje bese kraj za Americkata dominacija vrz Evropa a so toa i vo svetot. Vaka ja namalija cenata i gi ublazija zagubite so toa ja stabiliziraa ekonomijata vo Evropa kolku tolku. Jes da imaa i negativnosti vo ovoj cekor kako zagubite na akciite vo Ruskite nafteni kompanii no za toa otom potom kje vidime sto i kako. Koga doznav deka uste vo 60tite bilo spreman raspadot na Jugoslavija a vo 70tite padot na Gadafi nisto ne bi me cudelo sevo ova da im bilo iskalkulirano mnogu mnogu porano. Mozebi edina slaba karika i utnat detal im e resitelnosta na Putin i nejzinata uloga vo seto ova (mislam so toa kolku Rusija se pokaza kako cvrst orev) so toa kolku pametno i smireno ja igraat svojata uloga. Sepak i ja moze nesto da gresam, no moeto 17 godisno iskustvo i razmisluvanje, kako i gledanje na rabotite me teraat da ja guram ovaa teza.

    No ima i uste edna sitnica koja moze ne e za tuka no sepak vredi da se spomene e deka maloprodaznata cena seuste ne e dovolno spustena kako sto treba no toa e druga prikazna i zavisi od mnogu mnogu drugi faktori.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. valvoline

    valvoline

    Член од:
    30 мај 2012
    Мислења:
    3.095
    Допаѓања:
    1.445
    Frakingot vo USA e glavna pricina, svetot se spasi od peak oil fenomenot. Po nekoi predviduvanja najgolemi svetski rezervi na nafta ot skrilci ima vo kina,prakticno kina celata lezi na nafteni skrilci, problemot e nedostigot na voda koja e neophodno potrebna za fraking procesite vo tie podracja kade sto se najgolemite naogjalista. Isto taka se predviduva deka ako-koga kina ke pocne masovno da gi eksploatira skrilcite ima tolku potencijal sto moze da ja pretrka duri i saudiska arabija i da bide najgolem proizvoditel na nafta vo svetot
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: