Падната ластовичка

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Отварам тема зашто не знам каде да прашам, не најдов таква тема, ако има спојте ја.
На балкон ми падна ластовичка, малечка е, едното крилце ѝ е повредено и не може да полета. Што треба да направам? Не сакам да ја оставам така пред зграда, сигурно ќе ја начекаат мачките низ маало, ама појма немам што да ѝ правам за да се опорави и да полета (ако може).
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Што и да правиш, не смееш да ја допираш со раце, особено ако е бебе. Ќе го осетат човечкиот мирис и нема да ја прифатат другите птици(барем така имам читано). Еднаш начекав бебе паднато од гнездото. За жал, предоцна прочитав дека не сум смеела да го фаќам со голи раце. :(
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ја фативме со ракавици и ја ставивме во кутија за кондури. Ѝ ставивме водичка во едно капаче, а што храна да ѝ ставиме? Некои семки (имам ленено семе) или трошки од леб?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Ја фативме со ракавици и ја ставивме во кутија за кондури. Ѝ ставивме водичка во едно капаче, а што храна да ѝ ставиме? Некои семки (имам ленено семе) или трошки од леб?
Ќе земеш црв, ќе го изџвакаш убаво и ќе ја отвориш устата да јаде. :)

Пробај со семки, или ако можеш некој инсект да фатиш...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
@STEALTH може во ЧИК Куманово ќе ја земат.
Поставив сериозно прашање, не ја претварајте темава во лајнарија. Ако знаете пишете ако не шпацирен зи бите.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Вежба да лета птицата, за некоја ден ќе си замине и од кутија и од живот твој.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
@STEALTH може во ЧИК Куманово ќе ја земат.
Поставив сериозно прашање, не ја претварајте темава во лајнарија. Ако знаете пишете ако не шпацирен зи бите.
Те поздравувам за добродушноста, и сакам да ти помогнам. Ако е само падната од не многу голема височина, може да преживее. Пробај да и даваш вода и да ја храниш со шприц, дека тие очекуваат во уста да ги храниш. Ако можеш најубаво исконтактирај некое од овие друштвава за животни и прашај ги за крилото што и е скршено како да постапуваш. Пази само да не ти кидне, и не ја оставај на сонце.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Чисто информативно, си одлета. Можеби се имаше малку само потчукнато и зашеметено, па со водичката се освести малку.
Секако мислам дека е можеби корисно да има ваква тема за да знаеме што да правиме во вакви случаи.
Ако не е - пратете ја во вечните ловишта :)
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Чисто информативно, си одлета. Можеби се имаше малку само потчукнато и зашеметено, па со водичката се освести малку.
Секако мислам дека е можеби корисно да има ваква тема за да знаеме што да правиме во вакви случаи.
Ако не е - пратете ја во вечните ловишта :)
Нека стои темата не смета, само на нова локација.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Чисто информативно, си одлета. Можеби се имаше малку само потчукнато и зашеметено, па со водичката се освести малку.
Секако мислам дека е можеби корисно да има ваква тема за да знаеме што да правиме во вакви случаи.
Ако не е - пратете ја во вечните ловишта :)
Мило ми е што си и помогнала на птицата и што птицата пролетала:)

Ако на некој му се случи вакво нешто најпаметно би било да се обрати и да побара совет од ветеринар.
А за пиење нормално дека вода ќе и дадеш, а за храна незнам, мислам дека со црвчиња и такви работи се исхрануваат:)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
@STEALTH може во ЧИК Куманово ќе ја земат.
Поставив сериозно прашање, не ја претварајте темава во лајнарија. Ако знаете пишете ако не шпацирен зи бите.
Да не беше стелт ја ќе си го земев здраво за готово тој мит за ластовичките. Постот му беше он топик и сосема во ред.
Овие песни си пеат ама важно ти на стелт му се обраќаш.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
@STEALTH може во ЧИК Куманово ќе ја земат.
Поставив сериозно прашање, не ја претварајте темава во лајнарија. Ако знаете пишете ако не шпацирен зи бите.
Ти одговори човекот убаво - глупости е тоа за фаќање со раце.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ти одговори човекот убаво - глупости е тоа за фаќање со раце.
Коментарот за несериозноста беше за пеачите. Коментарот за STEALTH беше за ставот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom