Паганизам

Го поддржувате ли паганизмот

  • Да

    Гласови: 47 50,5%
  • Не

    Гласови: 46 49,5%

  • Вкупно гласачи
    93

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Еве едно подолго четиво кое можеби некому ќе му се види полезно и интересно во врска со паганските обичаи и денештните погребни обичаи во Македонија.

„Покојникот потоа бил богато даруван затоа што се верувало дека сè што ќе биде погребано со него, тој ќе може да го користи во подземјето.
Затоа покојникот со себе ги носел само најдобрите работи, најсвечената облека, најубавиот накит и речиси сите предмети што редовно ги користел во животот, притоа водејќи сметка да не им се неопходни на живите. Најчесто биле дарувани секојдневни предмети, етерични масла, предмети за игра и забава, религиозни артефакти, но често и алати за работа и луксузни предмети кои ги користел покојникот пред пошироката јавност.
Сепак, како една од универзалните „задолжителни“ работи со кои се погребувале покојниците во римскиот период биле парите, односно метална монета од благороден метал која покојникот задолжително морал да ја има со себе за да си го плати превозот низ реката во Подземјето со цел да пристигне во вечноста. Над влезната врата од домот бил поставуван венец од гранки од чемпрес или бор, кој јасно симболизирал дека во домот има покојник и дека во тек е посмртна церемонија, па затоа и вратата од домот била оставана отворена до последниот ден од церемонијата со цел непречена посета на добронамерници кои го познавале покојникот или семејството.“

Многу познато, нели?

Линкот е pdf фајл така да може да го симнете и читате на раат :)

РИМСКИТЕ ПАГАНСКИ ОБИЧАИ ВО ДЕНЕШНИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ПОГРЕБНИ ОБИЧАИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom