Павел Шатев

Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Да, не очекував да ми одговориш.

Како и да одговореше на моите прашања ќе се самоубиеше.
Не биди страшливец, ништо нема да ти сториме. :D

Инаку, што е според тебе изразот: осветлување на правата на Македонците да се третираат како самостојна народносна единка ???
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.624
Поени од реакции
716
Тоа значи дека во времето на документот се борел за создавање на македонска нација од населението на Македониjа... без разлика на религиjа и народност. ;) Јасно кажал какви луѓе по народност живеат во Македонија.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75


Доколку сакаш да манипулираш со одредени исечоци нема да успееш. Тука нема никаков став на Шатев. Пишува дека во официјалната југославенска статистика нема бугари.

Но, Зборникот им одредува 10 страници на тие бугари. Демек, тие бугари се “бугари“ само според зборникот, но не и според Шатев.

Ти реков, голем е Павле. Благо ве излажал 1936, ве лаже и денес.
За останатото си слеп, секако. :sick:

Доколку не си најасно што е народ и што е нација врати се во осовното училиште или читај учебници, енциклопедии, речници, само немој да ни го губиш времето. :coffee:
Ако го знаеше јазикот на Шатев ќе знеше што е став на Шатев и што пишува во зборникот. Од сите документи и книги, па дури и во статијата од 1944 г. се гледа што му значи на Шатев Македонци, македонски народ, македонска нација итн.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 11:47 ---
1944 г.

--- надополнето: 20 јуни 2012 во 11:52 ---
Како да го толкуваме тоа црвеното?


..„с`дбата му, којато му отне даже онија културни, просветни и духовни права, които си беше извојувал през султанскија режим“
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Тоа значи дека во времето на документот се борел за создавање на македонска нација од населението на Македониjа... без разлика на религиjа и народност. ;) Јасно кажал какви луѓе по народност живеат во Македонија.
Таму пишува “народносна единка“ а ти велиш “нација...без разлика на народност“.

Се гледаш колку ти е малоумна лагата ?!?


Ако го знаеше јазикот на Шатев ќе знеше што е став на Шатев и што пишува во зборникот.
Од сите документи и книги, па дури и во статијата од 1944 г. се гледа што му значи на Шатев Македонци, македонски народ, македонска нација итн.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 11:47 ---
1944 г.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 11:52 ---
Како да го толкуваме тоа црвеното?

..„с`дбата му, којато му отне даже онија културни, просветни и духовни права, които си беше извојувал през султанскија режим“
Јас одлично разбирам што пишува и ти го покажав, бидејќи си дозволуваш некои манипулации со нечесни намери. Тоа што ги одбегнуваш останатите цитати и сакаш да свртиш само кон оној мал исечок за да изманипулираш со него, покажува дека и ти го гледаш тоа што го гледам и јас: за Павел Шатев Македонците се Македонци и ништо друго.

Второ, ти реков научи се што е “народ“ и што е “нација“ па тогаш ќе зборуваме.

Трето, јас ќе ти кажам, потцртај ја со црвена боја следната реченица и стави си ја во рамка: Што е општественост? Народ, народност, нација или збир од народности?
Има ли еден критериум или кога што ќе ви текне и ви е неопходно така го толкувате?
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
“Права за Македонците без разлика на вера и народност„ е фундаментот на Македонската Револуционерна Организација и македонската борба во целина. Таа никогаш не била “Македонија на Бугарите“ како што вие сакате да наметнете. Од првиот до вториот Илинден главната цел на македонските револуционери е независна македонска држава со исти права за сите нејзини државјани. Така ја замислуваа и така ја остварија. Нема ништо тука што да ти оди во прилог. Но има нешто што не ти оди !

Вие паролата “Македонија на Македонците“ ја разбирате според вашите потреби ( да нема Македонци како народ ) , а тоа “Македонија на сите што живеат таму“. И според вас тоа значи Македонија на Бугарите, Албанците , Власите итн. но не и Македонците. По која логика ? Зарем МРО може да има намера да создаде слободна држава во која може да бидеш се што сакаш, само не и Македонец ? Зарем “Македонија на Македонците“ нашите револуционери го разбираа “Македонија за сите, но без Македонци“ ??? Има ли забрана на МРО да се биде Македонец во Македонија во било која смисла - етничка, народна, национална ??? НЕМА !!!! Глупости на квадрат се вашите мислења !!! ГЛУПОСТИ !!!

И токму тука Павел Шатев одлично го презентира ставот на неколкуте генерации македонски борци за слобода - “Права за Македонците без разлика на вера и народност„ и “Право за правата на Македонците да се третираат како самостојна народносна единка “ !!! Едното е дел од другото, тоа е една идеја. Еве да видиме и самата терминологија што ја користи Шатев. Како правник, тој е мошне прецизен - “Права за Македонците без разлика на вера и народност„ и “Право за правата на Македонците да се третираат како самостојна народносна единка“!!! НАРОДНОСТ И НАРОДНОСТНА . Еден збор со една смисла.

Демек, Бугари, разберете го еднаш засекогаш, правата на Македонците без разлика на народност ги вклучува и самите Македонци како една ( и главна) од народностите на Македонија !!!

Не може сите народности во Македонија да имаат човекови права, само на Македонците да им е забрането да бидат народ(ност) и нација и токму тоа право на само-определување го бара Павел Шатев во својот повик до светската јавност.

Не може Македонците да се борат за права на сите други а самите себе да си забранат да бидат Македонци. Павел Шатев е гласот и ликот на Македонците кои сакаат да бидат самостоен народ и тој народ да порасне во нација !!! Толку јасно е напишано, што секој ваш обид за манипулација веднаш ве прави тотални губитници. Затоа Шатев е великан на македонската борба за слобода и човекови права.
 
E

emission

Гостин
Во книгата Шатев пишува за бугарите ама пишува и за Унгарци и за Македонци.


штипјанец' напиша:
Многу добро го напишал Шатев. Сега останува и "етничките Македонци" да го разберат.






Сега откако ја виде неговата дефиниција за национално малцинство и над текстот погоре што е постиран (како и на повеќе места во книгата), каде што се напишани Македонците како такво малцинство, дали ќе ти е смешно тоа етнички што си го ставил во наводници и дали друг пат ќе размислиш пред да се глупираш со лоши манипулации ?

И уште нешто напишал Шатев и тоа не верувам дека ќе ви е по шаблон.



Знали Шатев е свесен за корените на (пра)бугарите, закои јасно пишува дека биле туранско племе, као и за корените на Македонците, кои не се бугарски.

Смешната теорија на пропагаторите-негатори станува уште посмешна.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
ПОЧИНА ЌЕРКАТА НА ГЕМИЏИЈАТА ПАВЕЛ ШАТЕВ – ПОСЛЕДНО ШТО НАПРАВИ Е СЕ ДА ПРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА


На 27 јануари во Загреб почина Милка Шатева, ќерка и единствен жив наследник на македонскиот револуционер, гемиџија и прв министер за правосудство во слободна Македонија – Павел Шатев.

Таа имаше 92 години и беше доктор по хемиски науки, чии научни достигнувања се патентирани и до ден-денес имаат примена во САД.

Минатата година, токму во овој период, Шатева на новинарот Предраг Димитровски од .

,,Дневник“ му ги предаде во форма на микрофилм необјавените ракописи од својот татко Павел Шатев. Станува збор за над 4.000 страници материјал, од кои кон крајот на минатата година беше издаден првиот том под наслов „Историја на Македонија“.


Минатиот пат ви ги дадов микрофилмовите, а сега ќе ви дадам се што имам тука. Вие немате претстава, ниту можете да замислите какво е чувството по цели 60 години татко ми да биде конеЧно рехабилитиран. Ве молам, сакам се да биде во Македониjа, Оригиналните ракописи и с` што имам од татко ми сакам да биде во Македонија. Со оваа помисла сум обземена, не можам навечер да спијам и верувајте ми, тоа ми е поголем товар од годините што ги носам. речиси низ солзи изустува г-ѓата Милка Шатева, пишуваше тогаш Дневник.


,,Ова се нашите филмувани копии што со години седеа во банкарски сеф. Ги подигнав откако се договоривме да дојдете. Тука е комплетната книжевна и публицистика оставина на татко ми, што за среќа не беше одземена од УДБ-а. Сме ги криеле како што знаеме и умееме, по роднини, пријатели, соседи. Такви беа времињата. Кога почна војната во Хрватска одлучивме с` да му предадеме на хрватскиот архив и тогаш материјалите беа филмувани – говори госпоѓа Милка на наша вџашеност. Последниот директен жив наследник на Шатев продолжува:

- Еве, за ова ве викнав да дојдете. Како единствен жив директен наследник на Павел Шатев одлучив да ви ги дадам ракописите на татко ми. Земете ги филмовите и само едно ве замолувам, како новинар пред јавноста да ја откриете вистината за татко ми. А таа е тука, внатре во филмовите!

Поздрави ми ја Македонија
Меѓу документие кои ги добил бил и тестаментот на Шатев а во еден дел Шатев напишал


,, се борам против меѓународниот и бугарскиот фашизам. Мојата глава ја бараше Турција, српските шовинисти, сега ја барате и вие. Многу години живеев по затвори. Ги познавам речиси сите затвори на Турската Империја, ама не само во таа земја, туку и во Мала Азија и во северна Африка. Зошто? Затоа што многу го сакам мојот народ и сакам и тој да живее човечки и да може да се развива. Ние на Балканот можеме да се спасиме од непријателот и да не ги плаќаме сметките за неговата меѓународна политика единствено ако на Советскиот Сојуз братски му подадеме рака. Тоа е причината зошто јас се борам, а вие ми судите“, порачал Шатев.

Помалата ќерка на револуционерот, Надја, по професија била анестезиолог, а нејзиниот син Миховил, како ветеринарен лекар, животниот пат го однел во Германија каде што со семејството живее и денес.

Завчера, пак, излезе од печат и вториот том „Борис Сарафов (биографија)“. Двете книги ќе бидат промовирани денеска во Битола, токму на денот на 62-годишнината од смртта на револуционерот Павел Шатев.

Одлуката на Шатева да ги отстапи ракописите на својот татко има големо значење за македонската историја.


http://mkd-news.com/pochina-kerkata-na-gemidhijata-pavel-shatev-posledno-shto-napravi-e-se-da-prati-vo-makedonija/
.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
После овие искази на ќерката на Шатев и материјалете од татко и, излишен ке биде секој коментар на Бугариве на форумов како правите така и фалшивите.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
После овие искази на ќерката на Шатев и материјалете од татко и, излишен ке биде секој коментар на Бугариве на форумов како правите така и фалшивите.
Тоа е повеќе од јасно, не може да се измени или покрие вистината. Важното тука е што немаат основам ни бугари, ни грци ни срби. Сходно се што доаѓа од нивна страна е само подметнување.

 
E

emission

Гостин
Дали некој знае каде може да се купат последните 2 книги за Шатев (Историјата и биографијата за Сарафов? )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom