ПРОТЕСТ НА УКИМ!

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.701
Поени од реакции
5.326
Петицијата се однесува на тоа да постои една слободна недела пред колоквиумската. :smir:
и уште една недела слободна после колоквиумска... и една недела пред и една недела после испитна слободни ако може.. па после ќе пцуете сите што почнуваме на 15 септември.... и што полагаме на 45 степени испити...
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.331
Поени од реакции
6.234
Дете пак ти, а?:vozbud:
Мене ми е супер, на моите колеги не им е супер. Ќе си ги поддржам другарите затоа што само со сложност куќа се гради. Не просеравај понатака. Очекував некоја политичка партија да го искористи ова и ради тоа не ми е битно која е таа. Битно е, условите да се исполнат, па макар и од страна на Волшебникот од ОЗ. Сама си се спонзорирам, стипендирам и расудувам, така што те сфаќам, не е лесно да си само лижач :). :back:

Петицијата се однесува на тоа да постои една слободна недела пред колоквиумската. :smir:
така ли го викате сеа Бране?
не сум знаел, али дефинитивно независните "новинарки" како тебе мнооогу ке и помогнат на државата.
:kesa:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
sakav da odam ama sega ke podrazmislam. pricini za studentski protesti realno postojat i protesti treba da ima NO NE POD KAPATA NA NIEDNA PARTIJA. Stom e ispolitizirano ubavo ke razmislam utre dali ke se pojavam na protest
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
и уште една недела слободна после колоквиумска... и една недела пред и една недела после испитна слободни ако може.. па после ќе пцуете сите што почнуваме на 15 септември.... и што полагаме на 45 степени испити...
Поарно него да паѓаме ко крушки.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
sakav da odam ama sega ke podrazmislam. pricini za studentski protesti realno postojat i protesti treba da ima NO NE POD KAPATA NA NIEDNA PARTIJA. Stom e ispolitizirano ubavo ke razmislam utre dali ke se pojavam na protest

Од каде ти е тоа дека е исполитизирано? Исполитизарано е тоа што за време на протестите (точно час дури и погодил) премиерот ке има презентација на книги на факултетиве. Нема везе тоа. Ако се буниш против нешто немора да значи дека е подржано и мотивирано од партија. Ако ти смета нешто и буквално те е*е, нема да ќутиш. Ке се буниш.
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14

Ова шпекулација е или вистина дај споделија информацијава со сите нас да знаеме поточно на кој факултет ке се презентира литература??
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Ова шпекулација е или вистина дај споделија информацијава со сите нас да знаеме поточно на кој факултет ке се презентира литература??
На Правен Факултет во 11 часот. Имаше напишано на лист внатре на Правен.
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
На Правен Факултет во 11 часот. Имаше напишано на лист внатре на Правен.
еве ви можност да не се мрцварите до влада и да правите гужви да му го соопштите револтот на премиерот
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Ти студент си???? Гледам имаш 19 години а бидејќи 90 и кусур проценти од средношколците се запишуваат на факултетите да студираат (барем така гWујо вика на рекламите), ти би требало да се вбројуваш во тие.

Според сите овие постови кои ги прочитав од тебе, може да заклучам : или си на приватен факултет со "плитко" џебче или гwујо ти е чичко. Друго нема.

Дали знаеш колку е температурата во предавалните во зима кај моите колеги од правен/економски? Кај мене го нема тој проблем ама пак затоа моите комшии од електро затоа што немаат каде да учат (имаат недостиг од простории) седат во петок до 8 часот навечер на часови додека ти се журкаш и пијанчиш во некоја кафана. Прашај колку од стручната литература е на македонски јазик за колегите од електро во четврта година. Прашај не колку ние студентите од УКИМ "лесно" ги наоѓаме професорите во канцеларија кога ни требаат а истите на приватен се во точно пропишаните рокови, или пак дали колегите од периферијата во студентските домови имаат топла вода да се истушираат пред да искочат???

Ете зошто се протестира ако сеуште прашуваш !!!
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
@Papagal, одличен пост и горе-доле се согласувам со тебе...
Но еве за што точно протестираат:
пари за ваучери, стипендии за пост-дипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, студентски бенефиции, подобри услови во студентските домови...
Пари за ваучери??? :kesa:Ќе ни се смее светот за ова... наместо да кажат, ете ние се откажуваме од ваучери нека им се подобрат условите на нашите колеги кои се во студентски домови, тие на прво место ставиле... ПАРИ ЗА ВАУЧЕРИ :raz:
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
и еве ја на крај супериорната типка спонзорирана од штабчето на бране со нејзините услови на факултет.
супер ми е ама оти од бране така вика утре идам на протести.
алал ви вера комунисти!!!
Епа вмровчињата како големи патриоти да го направат студирањето на катедрите по историја и археологија бесплатно.

Помагаме за државата на начин кој им е нив најбитен.

Бај д веј - Тие науки може да ги студираш само во Скопје, а малце и нека си преиспитат и каква е ситуацијата и по домовите и како живејат студентите и кого ли се не примаат.

За средното и основното образование не ми се ни зборува.
 
M

marsovka

Гостин
така ли го викате сеа Бране?
не сум знаел, али дефинитивно независните "новинарки" како тебе мнооогу ке и помогнат на државата.
:kesa:
Ti ја знаеш партиско пуленче едно неа?
не , тогаш како може да лепиш етикета дека е продадена .
Ако ти си продаден и се курваш за некоја партија не значи сите кои зборат против партијата твоја се сдсм. И дури сдсм да го организира протестов кога иде во прилог на студентите и обичниот граѓанин како да не го подржат.И кажи освен тоа што сдсм организира една пасална причина.

Второ би требало ти да го подржуваш. ЗоштО?
Е па читајте внимателно партиски војничиња ова:

БИДЕЈЌИ ОД ТИЕ ЛУЃЕ УТРЕ ЌЕ ЗАВИСАТ НАШИТЕ ЖИВОТИ!
Утре тие луѓе ќе бидат инспектори, лекари , инжинери , технолози. Тие ќе ја проверуваат водата дали е исправна, дали твоето дете има само настинка или нешто поопасно, дали саламата има салмонела или не. Итн .

Ако не се смени литератуата и не се направи достапна тогаш само мал дел ќе можат да си ја дозволат а со тоа ќе имаш слабо или лошо образован кадар, па после ќе се чудиме кога ќе цркаваат ордилки на акушерско или мажи на операции на слепо црево или пак жена дошла со со болки во стомакот и дијагностицирале преплет на церав з да на крај испадне дека се пораѓа. И ова е страшно ако не се смени нешто, утре ќе дојдеш на ред ти или некој од твојата фамилија.

Трето во западаните држави даваат стипендии не откако завршиш прва туку чим ќе матурираш и за дефицитарни кадри дури и увезуваат странски студенти .Да не ги споменувам бенефицииите кои ги даваат. Нивото на образование им е на завидно на ниво кое ние не можеме да го стигнеме ни по 50 години.

И за накрај нема оправдение економска криза итн
-владата можеше на сред економска криза да троши пари ко луда за споменици и остали глупости
- Образованието е област која е темел на нашето општество и ни под разно не смее да се кратат финансии од него. И треба многу повеќе да се инвестира.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
@marsovka, не си во право.
Сега ги гледав на ТВ, нашите „водачи“ и ги прашуваат кои им се главните цели на протестов...
И тие, намалување на државна квота, намалување на приватна квота, намалување на она што се плаќа за пост-дипломски, фамозните ваучери (гарантирам дека се мислеше да каже прво за ваучерите), дури ќе барале и закон за апсолвентите секоја година да добиваат ваучери. И каде се книгите, каде се подобри студентски домови за нашите колеги кои доаѓаат од страна? По мене најбитни работи, кој тој воопшто не ги спомна. ЈБГ, те разбирам, македонец сум, парите ни се најбитни во животот, ама има милион побитни работи за студентите отколку мочаните ваучери. Па намалување на квотите за пост-дипломски??? ОМГ, па сите ќе почнеме да стануваме магистри, не оди тоа така, М-р ќе почне да стане титула за зезанции. Протестот уште пред да почне е без врска, не мислам дека економската криза е причиниа поради која нема да се даваат ваучери, но не ја ни гледам потребата од ваучери кога 90% од студентите имаат барем по еден компјутер.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.331
Поени од реакции
6.234
Ти студент си???? Гледам имаш 19 години а бидејќи 90 и кусур проценти од средношколците се запишуваат на факултетите да студираат (барем така гWујо вика на рекламите), ти би требало да се вбројуваш во тие.

Според сите овие постови кои ги прочитав од тебе, може да заклучам : или си на приватен факултет со "плитко" џебче или гwујо ти е чичко. Друго нема.

Дали знаеш колку е температурата во предавалните во зима кај моите колеги од правен/економски? Кај мене го нема тој проблем ама пак затоа моите комшии од електро затоа што немаат каде да учат (имаат недостиг од простории) седат во петок до 8 часот навечер на часови додека ти се журкаш и пијанчиш во некоја кафана. Прашај колку од стручната литература е на македонски јазик за колегите од електро во четврта година. Прашај не колку ние студентите од УКИМ "лесно" ги наоѓаме професорите во канцеларија кога ни требаат а истите на приватен се во точно пропишаните рокови, или пак дали колегите од периферијата во студентските домови имаат топла вода да се истушираат пред да искочат???

Ете зошто се протестира ако сеуште прашуваш !!!
чудно а јас пак се прашувам за што се протестира!
ако си слеп и без очи побарај некој нека ти го прочита првиот пост во темата па после дојди овдека да попуваш!
во првиот пост пишува дека ке се штрајкува за ваучери, за стипендии за бесплатно школување за бесплатна стручна литература.
НИКАДЕ комуњарката не објасни нити напиша дека во уким е ладно, тоа го напиша друг член, и таа дури тогаш се информираше за тоа пошто нејзе се и е во ред ама протестира од партиски интереси( според нејзе на пријателите не им било арно)

Епа вмровчињата како големи патриоти да го направат студирањето на катедрите по историја и археологија бесплатно.

Помагаме за државата на начин кој им е нив најбитен.

Бај д веј - Тие науки може да ги студираш само во Скопје, а малце и нека си преиспитат и каква е ситуацијата и по домовите и како живејат студентите и кого ли се не примаат.

За средното и основното образование не ми се ни зборува.
чудно како се поклопува идејата на протестов заедно со изјавите на јане крадимарули и емилијан станкевичиус.
најверојатно "независната" новинарка и направила копи пасте на изјавата во која нејзината партија бара ваучери! истата екипа отвара и цели групи на фејсбук само за да испадне на протест и да бара ваучери.

и не се дигајте против мене ви ја кажувам реалната слика, Барајте си ги правата а не барајте гага да фанете!
сакале ваучери за после на форумов теми да отвараат мењам ваучер за 15000 денари.

ви советувам испаднете на протести и видете како ке ви се ситат членовите на СДСМ пратени да ве контролираат!
додека вие ке мрзнете пред влада со барања за ваучери истата "независна" новинарка заедно со лидерите на овој протест (кои добро ке ги препознаете од сликата со папата) ке си пие кафенце во рамстор и ке ужива како успеала цело Уким да го крене на нозе за каузата на А.Б.Ц
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
еве ви можност да не се мрцварите до влада и да правите гужви да му го соопштите револтот на премиерот
е, ама ги заеба. го одложи за утре :pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom