ПРОТЕСТ НА УКИМ!

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.325
Поени од реакции
6.221
ПРАВО на секој студент е да бара т.е. да им се овозможат поволни услови
поволни услови вклучуваат ваучери за компјутери? или вклучуваат бесплатни книги(стручна литература)?
барањата што се наведени во првиот пост ги нема во најразвиените земји а не па во балканот.
а за тоа корупции, дали малчевски или незнам кој имале 2 факултета или три слободно сврти на тоа телефонот што го има на секоја втора табла и пријави корупција, јави се во А1 кажи им ке ти направат сторија.

барајте права, ама бидете реални неможе некој вас сега во криза да ви обезбеди буквално се што ке ви падне на памет.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119

-убаво си напишав.ИМААТ ПРАВО ДА БАРААТ
-гледам дека си "запознат" со најразвиените земји и нивното образование кажи ми:ВО КОЈА држава уште се учи од книги на странски јазик(зборам за српско-хрватскиот)....кога професорите ќе напишат НИВНА литература а не само преземена/ПРЕВЕДЕНА ОД српско-хрватските автори,КОГА место 2000 ден јас за книга да платам 300/400 ден???????
гледам дека не си многу засегнат со студентските работи и со право ќе ти кажам НЕ СЕ БУНИ,ПРОТИВИ и не ПИШУВАЈ без врска само.......и не е еднаш пријавено,кажано итн за нерегуларностите,неефикасноста,крадењето на пари и за партиската припадност на лидерите и НИЕДЕН ЗАКОН,ИНСПЕКТОР,НАДЛЕЖНА институција НИШТО нема преземено за да ги казни......85/90% од студентите ги знаат овие проблеми и ништо не преземаат т.е. не се замараат,кој му е страв(што е и реално) кој има за учење па не може да излезе 2 саати на протест,кој има кабли и партиска книшка па за овие работи ич не му е гајле,кој тера скопски шеми итн и само 10/15% од студентите прават,преземаат нешто за оваа проблематика
така да ТИ во никој случај не си доволно компетентен да збориш за оваа проблематика:smir:
 
Член од
23 јануари 2008
Мислења
79
Поени од реакции
1
можно ли е негде во државава да не се спомне партија?еееееееееј од кога Партија го замени субјективното ЈАС
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
барајте права, ама бидете реални неможе некој вас сега во криза да ви обезбеди буквално се што ке ви падне на памет.

денеска си заминав од предавање оти поладно беше в натре отколку надвор или со други зборови парно немаше
да не зборувам триста други работи

а условите во студентските се за кучиња а не за луѓе

е за тоа ќе протестирам, да имам услови како во секоја нормална земја
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Поддршка пред протестот уште еднаш и ја приложувам студентската агенда во продолжение. Ќе ви се придружам утре пред Влада. Поздрав!
***
Ние сме неформална, политички и финансиски автономна група на студенти од чија цел е промоција и унапредување на студентските стандарди во Македонија.

********************************************
ГОЛЕМ СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ

Доста беше молк!
********************************************

БАРАЊА:

* ПОГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ!

(пари за ваучери, стипендии за пост-дипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, студентски бенефиции, подобри услови во студентските домови...)

* НОВ ЗАКО ЗА СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ!

************************************************

20ти октомври – вторник, во 11 часот секој пред својот факултет

13:00 – Пред Влада на Република Македонија.

Протестна поворка пред владата, студентскиот парламент, надлежните министерства!

Дигни глас против проблемите во студентскиот систем!

Барај ги сите твои права!

************************************************

(Бидејќи очигледно тактиката на злите јазици е да се манипулира, спамира и етикетира, оваа објава ќе стои тука за црно-на-бело да бидат работите чисти)

СИТЕ студенти се добредојдени да се појават на протестот, без разлика на партиска, етничка, верска, музичка и било каква друга определба, бидејќи протестот е за доброто на СИТЕ студенти.

Нашите барања и цели се сосема непартиски и се оградуваме од било каков партиски обид да се влијае, преземе или дискредитира нашиот протест. Како неформално, хоризонтално и сеопфатно движење ние се обраќаме и ги вклучуваме сите студенти кои ги прифаќаат нашите ставови и цели.

Што се однесува до студентите со партиски книшки (а да бидеме реални - според последните истражувања а такви се околу 40% од сите студенти во Македонија) сите тие се повикани и пожелни само ако нивното присуство и поддршка се резултат на нивното самостојно размислување - не на партиски наредби!
Ако некој не е способен да размислува со сопствена глава не ни можам да го наречам студент.

Исто така, се ова значи дека секој кој себеси се смета за дел од движењето Слободен Индекс треба да ја прифати лично одговорноста за своите постапки. Ако мисли дека не е способен да го направи тоа и сака некој да мисли наместо него... нека се зачлени во студентски сојуз :)

Бидете силни, бидете солидарни, бидете независни!
Бидете СТУДЕНТИ!
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
^ ете ги друже ама сеа ќе излезат некои во темава и ќе не убедуваат дека е непартиски :toe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Немам против да е партиски, мајмунски, марсовски, тикварски или како било, доколку барањата се совпаѓаат со моите и доколку може да се извлече полза.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
барајте права, ама бидете реални неможе некој вас сега во криза да ви обезбеди буквално се што ке ви падне на памет.
А у време на криза можат да ми обезбедат уште 4 нови шмизли и слични бљувотини?:pov:
И дај не го тупи,зарем иднината на Македонија ќе ја градат шмизлите и статуите.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Уште еднаш ќе прашам, зашто не се протестираше во Август туку сега? :raz:
За подобри услови во студентските домови мислам дека треба да се протестира пред колегите студенти да се сместат во истите.
За слободна недела пред колоквиумска исто така треба да се протестира пред да се направи програмата за учебната година.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.325
Поени од реакции
6.221
Уште еднаш ќе прашам, зашто не се протестираше во Август туку сега? :raz:
За подобри услови во студентските домови мислам дека треба да се протестира пред колегите студенти да се сместат во истите.
За слободна недела пред колоквиумска исто така треба да се протестира пред да се направи програмата за учебната година.
затоа што позитивниот извештај дојде сега а сдсм нема со што да се спротистави.
се ова е со политичка позадина на типката што ја отвори темата!
(пари за ваучери, стипендии за пост-дипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, студентски бенефиции, подобри услови во студентските домови...)
кое од овие барања е реално?
еден дечко погоре пиша во внатре е поладно однадвор, наместо тоа да се побара се бараат пари за ваучери.
Месо не јадам, фала. Ниту пак имам лоши услови за студирање на факултетот каде што сум, арно ама, што не бива, не бива. Ако тебе ти е убаво на УКИМ, седи си дома и не оди на протест. Simple as that. Само не јади говна, дека образованието цвета и дека треба да се срамиме. Немам против да си грујовиден, кога има основ.
и еве ја на крај супериорната типка спонзорирана од штабчето на бране со нејзините услови на факултет.
супер ми е ама оти од бране така вика утре идам на протести.
алал ви вера комунисти!!!
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
@J.Zanetti
Стварно ми е криво и мене најголемите душмани на Македонија (сдс) да застанат зад студентските протести ама ако студентите сметаат дека такво нешто е потребно тогаш нека си ги бараат правата на таков начин без разлика кој е на власт. Ова со ваучерите може и не беше толку важно ама изгледа ја прели чашата.
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
79
Поени од реакции
0
Причини за протести има и протест треба да има! Несомнено! Дали некој сака да го исполитизира или не тоа и не треба нас како студенти многу да не интересира кога како поставена цел се подобрувања за сите нас кои очигледно се неопходни. Кај мене на Филозофски има луѓе што се плашат да потпишат петиција против колоквиумска недела, а камо ли да излезат на протест. Голем број од студентиве да ми извините се лигуши! На претходниот протест бевме двајца без тројца и можете да замислите како се чувствуваме кога наши колеги поминуваа покрај нас и се смешкаат со мисла "што им е на овие?!"..трагично!

Јас ќе го поддржам протестов!

поздрав

Според законот на УКИМ оние ученици кои имаат успех од 9.00 до 9.50 треба да бидат ослоободени 50% од партиципацијата а тие над 9.50 треба да се целосно ослободени.
Дали знаеш дали ова важи и на другите факултети?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Чекај малце... петиција против колоквиумска недела? Што е тоа? :raz: Некој не сака да полага колоквиумски?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
и еве ја на крај супериорната типка спонзорирана од штабчето на бране со нејзините услови на факултет.
супер ми е ама оти од бране така вика утре идам на протести.
алал ви вера комунисти!!!
Дете пак ти, а?:vozbud:
Мене ми е супер, на моите колеги не им е супер. Ќе си ги поддржам другарите затоа што само со сложност куќа се гради. Не просеравај понатака. Очекував некоја политичка партија да го искористи ова и ради тоа не ми е битно која е таа. Битно е, условите да се исполнат, па макар и од страна на Волшебникот од ОЗ. Сама си се спонзорирам, стипендирам и расудувам, така што те сфаќам, не е лесно да си само лижач :). :back:

Чекај малце... петиција против колоквиумска недела? Што е тоа? :raz: Некој не сака да полага колоквиумски?
Петицијата се однесува на тоа да постои една слободна недела пред колоквиумската. :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom