ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

Член од
16 август 2015
Мислења
209
Поени од реакции
263
Ima li nekoj skoro polozeno Stvarno pravo , politicki sistem i MJP? ( bez razlika kaj koj profesor)
 
Dumbledore

Модератор
Член од
24 октомври 2013
Мислења
10.301
Поени од реакции
19.393
Ima li nekoj skoro polozeno Stvarno pravo , politicki sistem i MJP? ( bez razlika kaj koj profesor)
Не е скоро, ама ако можам да ти помогнам.

Добро, што е проблемот со политички систем? Знам дека материјата е бубаторска, има логицирање кај системите, ама кај Марика беше невозможно да паднеш.
Искрено не знам каде толку си заглавил и на што. Не знам што те мачи. Знам дека опфативме неколку држави при студирањето на нивните изборни модели, како Швајцарија, Франција, Англија, САД и на РМ. Имаше формули кои ги научив на памет (али џабе) и некоја основна теорија на самиот почеток.

Стварно (ствари+владение (книга) + член од закон (исти беа со римско)+ коментар од катастарот). Тука стандардот си го држат Родна и Тина. Малку е потешко, ама материјата е лесна. Законот се учи со едно-две читања. Требаа сѐ на сѐ 20тина членови.
За Коментарот имаше 20тина прашања кои се вртеа (укнижување, предбележување, прибележување...да не те лажам, зборувам од памет).

МЈП, не знам кои професори се сега (за Сашо знам, Фрчко си отиде), но мислам дека имаше уште една професорка. Татјана или нешто така и беше името. Срце од човек. Само не одеше често на факс, ако може да ја најдеш неа, 100% ќе положиш. Не се ни замараше многу. Кажи и дека работиш, ако ја најдеш.

Сашо мене ме пеглаше усно (имав 59 поени писмено :D). Тогаш ми рече дека за еден поен се испаѓа од лига. :D Ама ме прашуваше цели тематски целини, со примери. Така, си бара знаење, ама не е строг.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
927
Поени од реакции
1.081

МПП - меѓународно приватно право е меѓу најтешките 3 предмети на додипломски студии на Правен. Се сеќавам во Мај 2013 година од 1 обид го положив МПП со 60 освоени поени од можни 100 поени, а беа потребни во тоа време 61 поен за 6-тка. Професорот Тони Дескоски кажа на старт кога почна да ни го предава МПП дека автоматски ќе давал 1 поен гратис на секого на кого ќе му фали 1 поен за 6-тка.

Најслатко положен предмет ми беше тоа на додипломските студии, посебно што претходно во тој 6 семестар положив Стварно право кај Родна и Тина и сите останати предмети ми беа положени, и само ми остана 2 колоквиум МПП, каде ми требаа 18 поени од можни 35 од втор колоквиум за да имам севкупно 60 поени ( однапред знаев дека Дескоски ќе даде гратис 1 бонус поен).

И двата колоквиуми МПП имав 2 пати по 18 поени = 36, 10 поени од активност + 14 поени од есеј + севкупно 60 поени и 1 бонус поен од професорот.
Ептен слатко положив МПП.

На додипломски студии најмногу се измачив со општ дел на Граѓанско право, 3 го паѓав и морав и да го презапишувам предметот, и после презапишување успеав од 1 обид да го положам.

Стварно, МПП и МЈП пд 1 положив.
Римско право од 2 обид положив ама си извадив 9-тка, убаво загреав столчето за 2 поправен обид.
Економика малку видов мака, исто од 2 обид положив кај покојниот Гроздановски за 7 - тка.

Еџ, времиња беа тоа студентски.

После на мастер беше полесно со полагање испити.
 
Член од
11 септември 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Имав прекин на студии, ми остана ГПП. Гледам дека има некои измени во начинот на полагање, се полага писмено 40 прашања. Некој со искуство, тешко/лесно? Има некои прашања од Либро, се паѓаат или?
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
815
Поени од реакции
2.460
Здраво, може ли некој да ми пише како е на мастерот по деловно право?
Јас го завршив, стварно беше екстра многу полесно од додипломски имаше испити и усно и писмено и нормално проекти и истражувања. Освен Основи на маркетинг кој беше попроблематичен се друго беше супер. насока трговско право.
 
Член од
11 септември 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Некој што има полагано Семејно и наследно во последно време, да сподели искуства?
 
Член од
27 јуни 2019
Мислења
29
Поени од реакции
5
Здраво, сакам да прашам дали економика кај Стојков може да се положи со скриптата од Либро ?
И, ако има некој полагано кај проф. Стојков ве замолувам да сподели искуство.

Исто така, ме интересира мислење за проф. Александар Спасеновски, затоа што кај него планирам да презапишам современи политички системи.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Член од
3 септември 2021
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво дали може да ми пише некој што е на мастер политички студии
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
815
Поени од реакции
2.460
Имаше додека студирав : Вовед во право, Стварно право, Општ дел на граѓанско право, Применета економика, Основи на маркетинг итн...
 
Член од
19 октомври 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво, ќе може ли некој да ми каже некоја информација околу овие професори
1.Владимир Кандикјан по Економика
2.Александар Спасов -Вовед во право
3.Билјана Поповска- Историја на право
4.Ј.Бачовска Недиќ- Социологија на право
Какви се на испит, многу ли бараат, само тоа што го предаваат или дополнително од книгата, некои совети за положување?
 
Член од
9 ноември 2021
Мислења
7
Поени од реакции
1
Останати ми се уште два испити за да дипломирам и ако ги положам (се надевам), ќе запишам мастер во фебруари.
Е сега, како ќе биде со предавањата пошо моментално тие шо успеаја да запишат мастер во октомври ги слушаат предавањата од седмиот семестар, а од фебруари ќе треба да ги слушаат од осмиот кога јас и тие ко мене ќе треба да слушаат од седми.
Како ќе испадни циркузот на крај? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom