Совет некој за подобро совладување на материјалот по применета и мпп? Уште тие два ми останаа, пукнав од учење никако да положам.
МПП теоријата не е проблем, се вртеа исти прашања во сите сесии. Седнуваш и учиш, нема друго чаре. Не ме фаќај за збор, ама имаше огромен дел од книгата кој не требаше да се учи, професорот своевремено ни ги кажа точните страни кои ќе паднат на испит. Сува ми е меморијата сега, ама се си мислам од 300 до 400 страна скоро и ништо да не требаше.
А практичниот дел ќе мора да ти го објасни некој што го има положено испитот. Има конкретизирани правила на кои мора да внимаваш, инаку губиш поени. Некој што е во тек со материјалот нека ти го објасни овој дел, бидејќи сам нема шанса да се снајдеш.
Среќно!
едит: А за применета треба да седнеш и да го научиш убаво секое делче од книгата. Буквално се може да ти се падне. Узунов е многу претпазлив и ако го знаеш асално материјалот (не набубано) немаш гајле. Асистентката колку што памтам беше за нијанса построга. Нејсе, мораш да седнеш да учиш, нема друго чаре.