ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Знам само дека ме влечат општествените науки, теорија, учење. Јас сум личност кај која логиката не е баш на највисоко ниво, па колку и да звучи смешно и жалосно то е реалноста. Сакам да зборувам, она што ќе го научам да го пренесам и да брблам со саати. Обожавам книги и слично. Правниот ми е љубов од многу мала, запишував средно со помисла дека по 4ри години ќе одам на правен.

Што би предложил ти? Еве и филозофскиот го разгледував институт за безбедност и мир, и тоа ми иди во предвид. Исто и психологија. Јазиците влегуваат во игра ама со мали шанси. како крајна и најмалку привлкечна дестинација ми е пмф, отсек биохемија. Биологијата ми одела од рака, за другото си велам ќе се снајдам.
Скроз заебано е.
Не те знам за да можам да ти предложам што мислам дека е најдобро за тебе :D
Вака јас лично си мрчам за правен дека е катастрофа ама уште сто пати да имам можност, сто пати би го одбрал истото. Зборот ми беше дека не мораш да се ограничуваш само на адвокатура, судство, обинителство и сл. Знаењата и вештините кои ќе ги стекнеш на правен ти отвараат можности, нормално ако си квалитетна. Никад не ми бил јасен муабетот, многу правници има нема да најдеш работа. Везе нема. Ако си квалитетен ќе испливаш на површина, па макар и 2мил. во државава биле правници, а ако си просек или полошо ќе ти остане само да си бараш изговори позади кои ќе го криеш својот неуспех.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@hristinnna душо, ако мотивација за правен ти е само зошто твоите ти рекле „печена си за правен“, уопште не се запишувај моља те...
Друга работа, ако уште у средно коа си се запишуела си идела со помисла дека на факултет ќе идеш на правен, не ти ја разбирам тогаш дилемава...
Трета работа, советници на Заев биднаа луѓе што у сиви може единствено да си стават дека 2001 бегале по планините од македонски војници, та ти не си можела нотар да станеш со правен... ваљда до толку познавања имаш за тоа која се професија можеш да ја вршиш со завршени правни студии. Мада за нотар не ти треба толку факултет колку шо ти требаат шушки за подмитуење ојлевци и дојлевци, ама ајде, тоа друг муабет е :)

Седни си дома на раат и размисли си што би те правело тебе среќна. Три недели се доволно долг период за да си го решиш ова.
Ако имаш конкретно прашање што и како се работите на правен, бујрум, ама ако бараш помош од било кој тука да ја донесе одлуката што мора ти и само ти да ја донесеш, just don't. Не за друго, туку таа одлука што некој друг ќе ја донесе за тебе, нема да ти помогне воопшто.
 
Член од
22 јануари 2018
Мислења
33
Поени од реакции
6
Дечки, доколку имам предмет од прв семестар кој го немам положено во последователните три сесии, морам да го презапишам веднаш во трет семестар или можам и понатаму?
 
Можеш да го презапишеш кога сакаш.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Дечки, доколку имам предмет од прв семестар кој го немам положено во последователните три сесии, морам да го презапишам веднаш во трет семестар или можам и понатаму?
Можеш да си го презапишеш пред испит и директно да си го положиш (или пак да си го паднеш :icon_lol: ).
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
@hristinnna душо, ако мотивација за правен ти е само зошто твоите ти рекле „печена си за правен“, уопште не се запишувај моља те...
Друга работа, ако уште у средно коа си се запишуела си идела со помисла дека на факултет ќе идеш на правен, не ти ја разбирам тогаш дилемава...
Трета работа, советници на Заев биднаа луѓе што у сиви може единствено да си стават дека 2001 бегале по планините од македонски војници, та ти не си можела нотар да станеш со правен... ваљда до толку познавања имаш за тоа која се професија можеш да ја вршиш со завршени правни студии. Мада за нотар не ти треба толку факултет колку шо ти требаат шушки за подмитуење ојлевци и дојлевци, ама ајде, тоа друг муабет е :)

Седни си дома на раат и размисли си што би те правело тебе среќна. Три недели се доволно долг период за да си го решиш ова.
Ако имаш конкретно прашање што и како се работите на правен, бујрум, ама ако бараш помош од било кој тука да ја донесе одлуката што мора ти и само ти да ја донесеш, just don't. Не за друго, туку таа одлука што некој друг ќе ја донесе за тебе, нема да ти помогне воопшто.
Падна одлука, си идам на правни науки па што биде нека биде. :D
Исклучително моја желба е правниот, моите порано кога им велев дека ќе се запишам тука си мрчеа, али сеа сфатија дека ми е стварно голема желба и си се повлекоја настрана. Јас почнав да се предомислувам сеа кога веќе требаше конечно решена да бидам, баш ради тоа од страна што ми го зборуваа, во смисла те ограничува, премногу правници, отсуството на правник во фамилијата кој би ми бил ветар во грб дури да застанам на свои нозе. Исто шо бараш на правен скопје коа во битола си имаш правен, џабе трошење пари итн итн.. Премногу ги има..

Е сеа, ми требат лични искуства од студенти што учеле/учат тука, имам милиони прашања (не се смеете ако лупетам глупости, немам кого да прашувам па ќе гњавам тука) :ROFLMAO:
Прво, со 86 поени дали би влегла во приватна или државна квота? После тоа како иди 3+2 години студии не сфаќам? Со 3 години си дипломиран правник, а другите две ги дополагаш и плаќаш огромни пари за тоа и добиваш какво звање? И трето, освен во овие правосудниве професии, каде на друго место после завршени студии би можела да си ја пробам среќата со вработување? Озбилна сум, немам ниту еден правник во опкружувањето и затоа не ми е јасно:place:.. За професори, асистенти нема да гњавам, тоа отом потом:D
 
Последно уредено:

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289

Јас мислам имав 82-83 поени и бев во државна квота.
 
Прво, не дозволувај други да влијаат на тоа што сакаш да го учиш. Ја така сакав за пилот да учам, ме премислија и уште се каам за тоа :icon_mrgr:

За поениве појма неам ама би требало ваљда државна да влезеш. Види побарај на нет има сигурно листи на примени студенти од претходните години па спореди кој е вообичаено прагот за државна квота.
3+2 значи дека со 3те години стануваш дипломиран правник (180 кредити). После тие 3 години можеш да се запишеш на магистерски студии. Таму си имаш регуларни предавања и испити и на крајот пишуваш и браниш магистерски труд за да стекнеш 300 кредити и звање магистер од областа на _________ право.
Е сеа финтава со магистерските е дека не мораш да се запишуваш со нив, ама па 180 кредити не ти вршат нешто многу работа, зошто за правосуден ти требаат 300 кредити, а и во огласиве сегде пишуваат дека бараат некој со најмалце 240 кредити. Мастерот ти е 500 евра по семестар, вкупно 4 семестри имаш и освен за граѓанско, на другите смерови професорите толку малце се замараат што мастерот ќе ти дојде како одмор од додипломските студии. Се положува предмет и ако седнеш да го учиш дента пред полагање.
На додипломски е тотално друга работа, таму требаше убаво да си седнеш да си научиш (барем така беше ја кога бев на додипломски).

Вработување освен адвокат, судија, обвинител, можеш да бидеш и нотар, медијатор, извршител. Надвор од ова, речиси на секој оглас во администрација (дали за обичен референт или за повисока позиција пример раководител на сектор/советник...) бараат некој со завршен правен факултет. Така да можностите за вработување се големи. Е сеа зависи од тоа што е твојата мотивација, дали се гледаш во администрација или во правосудство.

Ако те интересира нешто друго слободно пиши :)
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Морам да ве корегирам, во однос на програмите...
Програмата е 3+1+1.
Со 3 години и 180 кредити си правник.
Со 4та година, добиваш 240 кредити и си со титула дипломиран правник.
Со 4та година, си магистер по право од обласна на... и имаш 300 кредити.

Истото е и со политичките студии ако некој го интересира.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Морам да ве корегирам, во однос на програмите...
Програмата е 3+1+1.
Со 3 години и 180 кредити си правник.
Со 4та година, добиваш 240 кредити и си со титула дипломиран правник.
Со 4та година, си магистер по право од обласна на... и имаш 300 кредити.

Истото е и со политичките студии ако некој го интересира.
Може ова да е сега брзо сменето, зошто мене во уверението ми пишува "дипломиран правник" со 180 кредити.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Може ова да е сега брзо сменето, зошто мене во уверението ми пишува "дипломиран правник" со 180 кредити.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Мислам дека од 2013та е ова променето, имаше некаде на сајтот објавена одлука од Сл.Весник.
Наскоро се планира да се смени и да биде 4+1 по старо, односно 4та да биде исто 200 евра, а не 1.000.[DOUBLEPOST=1534084871][/DOUBLEPOST]
Да,на додипломските студии има и колоквиуми и испити.
Нели ова со колоквиумите беше укинато и индивидуално од предмет до предмет?
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Мислам дека од 2013та е ова променето, имаше некаде на сајтот објавена одлука од Сл.Весник.
Наскоро се планира да се смени и да биде 4+1 по старо, односно 4та да биде исто 200 евра, а не 1.000.[DOUBLEPOST=1534084871][/DOUBLEPOST]
Нели ова со колоквиумите беше укинато и индивидуално од предмет до предмет?
Оставено е на избор на професорите дали ќе даваат колоквиуми за нивните предмети додека не ја средат програмата,ова ми беше кажано од професорот Зоран Илиевски.
Еј,и јас чув за тоа 4-та да се врати по старо.Многу убаво би било,но не знам кога би го направиле тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom