како се одвива испитот вовед во право кај спасов?
Испитот е писмен, содржи 10 прашања што личат лесни, ама кога ќе ги добиете резултатите, ќе сфатите дека не било така лесно. Мој совет е да пишувате опширно ама да не ја тупите. Значи дај кратко воведче во одговорот (2-3 реченици) и премини на конкретен одговор на прашањето. Спасов нема некој посебен критериум на оценување - повеќе е на среќа оценката што ќе ја добиеш.
( ова е мое искуство пред две години, сега можно е да е нешто сменето зашто гледам човекот почнал и усни испити да држи)
Дали на доодговарање финансово има шанса да се поправи повеќе од една оцена? Имам 6ка, има некако можност до 8 да фатам?
Искуство, некој?
Финансово овој пат можеше да се поправат до две оценки, значи 6ка може да биде максимум поправена на 8ца и ништо повисоко. Ова е искуство кај Јован, не знам на Максимовска каков и е концептот на оценување. За сите што се двоумите дали да поправате, апсолутно препорачувам - Јован многу лесно ги покачува оценките, не ја пропуштајте приликата.
Kolegi, kje saka li nekoj da mi kaze nesto povekje za Karakamiseva, Rodna, Goce Naumovski, Lazarevska angliski i Esin Kranli ; kako se odvivaat predavanjata, kako e na ispiti..?
1) за Каракамишева не би можела ништо да кажам, не ми предавала никогаш.
2) кај Родна сите имаат различно искуство. Кога доаѓа на предавања, интересна е и покрај материјалот, има и доста анегдоти што ги раскажува. За жал, најголем дел од предавањата ќе ви бидат со Тина, која е приказна за себе. Испитот е усен, препорачувам пред сесија да го земеш, ама за тоа треба да имаш поени од активност. Да бидеме искрени, испитите кај Родна и Тина се едни од најтешките на факултетов - загрејте го столчето и научете го материјалот убаво. Не можам да се одлучам кај која е од нив е пострашно да одговараш, комплицираат и двете.
3) Гоце кај нас не се ни појави на предавања, ни на испит. Драги ги превзема неговите обврски.
4) Лазаревска ретко е присутна на предавања, најчесто ќе доаѓа нејзиниот син (асистентот) или ќе губите. Предметот е боза и интересен е, само Бојан го утепува. Гледај да собереш поени за активност и да ги решиш работната и учебникот - ја зголемуваат крајната оценка. Испитот е писмен, граматиката е основна, битно е само вокабуларот правнички да се научи од учебникот.
5) Кранли мене ми беше многу досадна на предавања, ретко одев. Не можам да се сетам дали пушташе списоци за присуство, мислам не. На испит бара многу, не само да е научено се, туку и латински изрази. Внимателно со неа.
Современи пол. системи ми е проф. Гордана Силјановска Давкова. Бара ли да и се оди на предавање и како е кај неа на испит за положување ќе мачиме маки или не?
Силјановска мене ми предаваше други два предмета, не ни бараше присуство (нема списоци) ама жената е една од малку останати легенди на факултетов и затоа гледај да отидеш на некое предавање кај неа. Испитите со неа се песна - си правиш муабет за материјалот и си положуваш. Камо сега да полагав пак кај неа ...
Колеги може инфо за Силјановска уставно , Живковска и Пржеска граѓанско , Бучковски римско и Наумовски информатика??
За Силјановска, Родна, Тина и Гоце прочитај горе тоа што пишав.
Бучковски е интересен на предавања ама за жал, ретко се појавува. Најчесто Есин ќе доаѓа. Испитот е усен и ако можеш оди кај него, не го тупи многу. Прашува три прашања, со концепт, ама за разлика од Есин, не потпрашува 50 други прашања. Ако види дека знаеш, ќе те прекине и ќе премине на следно прашање. Во главно, еден од подобрите професори на факултетот и како што кажав за Силјановска - еден од малку врвни луѓе останати, затоа ценете ги и одете на предавања кај нив двајца.[DOUBLEPOST=1517683450][/DOUBLEPOST]
За мјп, кај кого е подобро да одговарам за повисока оценка? Елена или Фрчковски?
Елена поставува три прашања и дава време за концепт. Бара да ги имаш научено битните елементи на поимот што го прашува, без конкретна дефиниција како во учебник, нема шанси да се помине. Ама дава можност за зголемување на оценката повеќе - јас имав 8ца, ми ја покачи на 10ка.
А за Фрчковски, нека каже некој што одговарал кај него, не знам какви искуства имаат.