ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Благодарам на одговорот и би сакала да знам кој од погоре пишаните насоки на Правен за Втор циклус се соодветни понатаму за полагање правосуден или нотарски испит? Или нема ограничување во однос на изборот на насока за Втор циклус?
Секој со 300 кредити може да полага правосуден, нема врска кој мастер ќе го избереш.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Член од
26 мај 2016
Мислења
23
Поени од реакции
7
Благодарам на одговорот и би сакала да знам кој од погоре пишаните насоки на Правен за Втор циклус се соодветни понатаму за полагање правосуден или нотарски испит? Или нема ограничување во однос на изборот на насока за Втор циклус?
Nema ogranicuvanje
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
24
Поени од реакции
1
Благодарам уште еднаш на одговорите, поздрав до сите.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Сега завршувам трета, па сакам да запишам 4та година :) Имам неколку прашања:
1. Колку е годината, 1.000 или 1.200 евра?
2. Дали ми остнува истиот индекс или нов треба да вадам?
3. Кога се уписите и како оди процедурата, бидејќи се рачуна како мастер студии или нешто такво...
4. Некои конректени забелешки и случки да не има при уписот, освен дека треба сите 3 години да се исчистени, т.е. да се има 180 кредити...
5. Дали треба да се иде на пракса летово или не? Ако треба, ја не сум бил, дали некако може да се помине и без таа пракса т.е. потврдата?
Фала однапред.
 
Член од
19 јули 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво луѓе, сакам да се запишам на политички студии на Јустинијан, и би сакал некој што е таму и знае, да ми објасни повеќе за смерот. На пример на какви работни позиции може да се дојде со овој факултет, дали со завршени 3+2 години после тоа може да се најде работа, и општо како сте задоволни од професорите и предметите.
Благодарам однапред. :)
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Здраво луѓе, сакам да се запишам на политички студии на Јустинијан, и би сакал некој што е таму и знае, да ми објасни повеќе за смерот. На пример на какви работни позиции може да се дојде со овој факултет, дали со завршени 3+2 години после тоа може да се најде работа, и општо како сте задоволни од професорите и предметите.
Благодарам однапред. :)
Ајде јас ќе ти кажам. Имаш поширок избор на можности за вработување, од јавна администрација, до цивилно општество т.е. невладини здруженија, можеш и во училишта за некои предмети... Зависи каква среќа ќе имаш.
Имаш два смера: за применет политика и за дипломатија и меѓунрдони односи...
Професорите се одлични, знаењето што ќе го добиеш од нив е феноменално, ако одбереш политички, ќе имаш многу важен факултет во денешно време. Во однос на предметите, секој семестар имаш по еден-два предмети што се потешки, односно што ќе бараат да земеш и здраво да ги научиш.
Други прашања ако имаш поконкретно, пиши тука или во порака
 
A

Aexil Kong

Гостин

Кажи и објасни поконкретно што работа ќе добие во јавна администрација со политички студии?
Исто така колку се исплати и кои се приходите денес за учество во невладина организација(здруженија)? За политоколог треба да се регистрираш некаде во некоја комора или после школото автоматски самопрогласено може да се викаме политоколог и да сме спремни за на тв политички дебати како овие денешните?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Кажи и објасни поконкретно што работа ќе добие во јавна администрација со политички студии?
Ќе се учлени у партија и ќе се вработи, ја не знам шо не е јасно :D

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Кажи и објасни поконкретно што работа ќе добие во јавна администрација со политички студии?
Исто така колку се исплати и кои се приходите денес за учество во невладина организација(здруженија)? За политоколог треба да се регистрираш некаде во некоја комора или после школото автоматски самопрогласено може да се викаме политоколог и да сме спремни за на тв политички дебати како овие денешните?
Па сеа во јавна администрација што позиција ќе добиеш, зависи од огласот за кој ќе се бара... Можеш и советник да бидеш, а можеш и на некоја друга позиција согласно со каталогот за работни места.
Исто така можеш и во политичките партии да влезеш, а евентуално и за советник во општините или градот Скопје, како и за во Собранието.
Дополнително можеш да се вработиш и во многу медиуми.
За тоа дали се исплати, не знам, имаше оглас во приватна фирма кој со плата од 53 илјади на неопределено време, само штета што уште немам завршено факс, односно ми останува уште една година.
И да, програмата не е 3+2 години, туку 3+1+1 (политиколог, дипломиран политиколог и магистер на политички науки).
За регистрација не, нема таков регистар иако е одлична идеја, не викам не.

Ќе се учлени у партија и ќе се вработи, ја не знам шо не е јасно :D

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Ма нееее :D Ок де, ок, сам ќе се блокнам :D Добро, зависи, но според постари колеги и колешки, се имаат пикнато во администрација и без книшки партиски.
 
Член од
1 јули 2015
Мислења
50
Поени од реакции
10
Знае некој службата за студентски прашања од кога до кога е/ке биде на одмор??
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Па сеа во јавна администрација што позиција ќе добиеш, зависи од огласот за кој ќе се бара... Можеш и советник да бидеш, а можеш и на некоја друга позиција согласно со каталогот за работни места.
Исто така можеш и во политичките партии да влезеш, а евентуално и за советник во општините или градот Скопје, како и за во Собранието.
Дополнително можеш да се вработиш и во многу медиуми.
За тоа дали се исплати, не знам, имаше оглас во приватна фирма кој со плата од 53 илјади на неопределено време, само штета што уште немам завршено факс, односно ми останува уште една година.
И да, програмата не е 3+2 години, туку 3+1+1 (политиколог, дипломиран политиколог и магистер на политички науки).
За регистрација не, нема таков регистар иако е одлична идеја, не викам не.

Ма нееее :D Ок де, ок, сам ќе се блокнам :D Добро, зависи, но според постари колеги и колешки, се имаат пикнато во администрација и без книшки партиски.
Скоро за се од ова што наведе не ти треба да имаш завршено политички студии.
Администрација, партија, советник, Собрание, за ништо од ова не ти треба политички науки.
Ако глеаш кој се работи на овие позиции, најзастапени се правници.

Ме интересира за што работна позиција со политички науки би се вработил во приватна фирма за плата од 53.000 денари ?

А иначе зошто во медиуми ни се вработува кој годе затоа и неаме медиуми...

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Скоро за се од ова што наведе не ти треба да имаш завршено политички студии.
Администрација, партија, советник, Собрание, за ништо од ова не ти треба политички науки.
Ако глеаш кој се работи на овие позиции, најзастапени се правници.

Ме интересира за што работна позиција со политички науки би се вработил во приватна фирма за плата од 53.000 денари ?

А иначе зошто во медиуми ни се вработува кој годе затоа и неаме медиуми...

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Се сложувам дека за тие позиции има секакви, само не политиколози и затоа можеби сме тоа што сме засега...
А за приватната фирма и таа плата искрено и мене ме интересира се' уште, зошто навистина не знам на што работна позиција би се вработил. Не беше наведено во огласот подетално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom