Другар ти на Јустинијан си или те имаат пратено од другите факултети тука пропаганда да шириш ?
Барем пола од ова шо го кажа не е така.
Прво УКИМ е најдобро рангиран, што го прави и Јустинијан најдобар факултет. На страна рангирањето, пак Јустинијан е најдобар правен факултет во државава.
Друго дека имало премногу за учење... па не баш.
Дека е обемно, е, ама не е премногу. Ако мене ме прашува некој, дури и премалце е, зошто тоа што се учи на додипломски е само генерално, а не се навлага подлабоко во материјата. Учиш само теоретскиот дел, а малце се зафаќа од практичниот дел.
Дека некои професори тешко ќе ги најдеш на факултет, држи, дека има проблеми со компјутерски центар, електронски досиеја, полагање колоквиуми и тоа држи, ама тоа не го прави Јустинијан најлош факултет во државава.
Преголем труд барало зошто замисли требало ем колоквиуми, ем испит, ем семинарски и презентации да имаш за висока оценка.
А чекај ти како го замислуваш студирањето ?
@hoex еве го моето искуство.
Едноставно е, како шо ти кажаа и погоре. Ако те интересира право, општество, ако те интересира правда, правичност, владеење на право, запиши се, ако не те интересираат не си го губи времето.
За учење, не е премногу, нека не те плашат. Не е сеа па и дека е малце, обемно е, пример по предметот право на друштва мислам испитниот материјал беше 450 страни. Генерално околу 400 страни е испитниот материјал за секој испит, ама не е дека не може да се научи.
Не знам за други, мене ми помагаа многу предавањата, доста работи можеш да сфатиш. Асистентите генерално се достапни секогаш во приемно време. Скоро сите (асистенти и професори) одговараат на мејлови.
Ако решиш да се запишеш, уопште не слушај муабети од типот „еј абе овој предмет е претежок, ако го положиш овој ко да си го завршил факултетот, никој не го положува овој предмет од прва, знам еден шо го влече предметот 3 години...“ само ќе те испаничат и ништо повеќе. Ниту еден предмет не е толку тежок за да не можеш да го положиш.