ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

Статус
Затворена за нови мислења.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Не верувам дека постои женско а не отвори врата на оној, згоднион попишувач. :love:
Клевер тинкинг, знаат кого да пратат за попис.
 
Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
КОЛКУ НИЕ СЕ ИСТАКНАВМЕ !
кога слушнавме дека има попис во други држави ..
жими мајка што би ни дозволиле во америка рецимо да пуштаме националистички реклами -Држава : Македонија,Јазик: Македонска Вера:Христијанстнство
ако ова некогаш би го пуштиле на CNN ...како што ние овде примаме ппреку НЕ ТАК ПОЧИТУВАНАТА И секад ТРОЛАНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО да е само преку едо добро ќе биде.. од секого примаме секакви пропаганди и преку „музичарите“од државата чиј главен град е белград
--- надополнето: Oct 8, 2011 8:25 PM ---
во америка има најмалце 6 милиона Македончиња !од кој се тресе светот
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
До кој датум е траењето на пописов?10-ти или 15-ти Октомври?
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
До кој датум е траењето на пописов?10-ти или 15-ти Октомври?
До 15-ти е официјално. Ама имаше најави дека доколку е потребно ќе бил продолжен рокот.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
До 15-ти е официјално. Ама имаше најави дека доколку е потребно ќе бил продолжен рокот.
Добро е.Мислев дека е до 10-ти ,а дома никој не е дојден.Тамам си праев филм дека ќе излезам на тв :D
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Попишувачите македонци во Тетово полуделе , не само што не ги попишуваат тие што се на печалба , туку и тие што се во Македонија но во моментот кога попишувачите дошле дома тие не биле присутни.

Зошто не прогласија воена состојба и 24 часовен полициски час , па да можат сите да бидат дома. Кој идиоти , па има луѓе кои патуваат , студираат во други градови , работат , и што сега , да не се попишуваат? затоа што не биле дома?

Од друга страна ги попишуваат своите кои се во странство повеќе од 12 месеци. (на пример околу 6000 македонци кои работат во Авганистан и Ирак веќе 3-4-5 години).
 
М

Мартин`

Гостин

Уште пред да испаднат резултати плачење, хмм интересно што не испаднавте толку засега ко што очекувавте ? Мартин like this ..
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Ај со ред.

Попишувачите македонци во Тетово полуделе , не само што не ги попишуваат тие што се на печалба
За ова имаат добиено упатство во кое јасно е пропишано кој смее а кој не смее да биде пропишан. Тие работат исклучиво по тоа упатство и по интрукциите на реонските/државните инструктори, а не на своја рака.

туку и тие што се во Македонија но во моментот кога попишувачите дошле дома тие не биле присутни.
Затоа се закажува повторна средба, па ако пак лицето не е дома, уште една средба и така до три пати. Кога и по третиот пат лицето не е дома, се повикува државниот инструктор да ја реши ситуацијата, затоа што тие се поискусни и знаат како треба да се справат со настанатата ситуација.

Кој идиоти , па има луѓе кои патуваат , студираат во други градови , работат , и што сега , да не се попишуваат? затоа што не биле дома?
Имаат партнери? Ако некој од нив увиди дека попишувањето е нерегуларно (било некој од нив двајца да одбие да попише лице кое е предмет на пописот, или да попише лице кое не е предмет на пописот) е ДОЛЖЕН, да го извести реонскиот и државниот инструктор, кои повторно нели ќе одлучат за понатамошниот тек

Од друга страна ги попишуваат своите кои се во странство повеќе од 12 месеци. (на пример околу 6000 македонци кои работат во Авганистан и Ирак веќе 3-4-5 години).
Има луѓе од Тетово кои работат во Авганистан ?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ај со ред.

За ова имаат добиено упатство во кое јасно е пропишано кој смее а кој не смее да биде пропишан. Тие работат исклучиво по тоа упатство и по интрукциите на реонските/државните инструктори, а не на своја рака.

Затоа се закажува повторна средба, па ако пак лицето не е дома, уште една средба и така до три пати. Кога и по третиот пат лицето не е дома, се повикува државниот инструктор да ја реши ситуацијата, затоа што тие се поискусни и знаат како треба да се справат со настанатата ситуација.

Имаат партнери? Ако некој од нив увиди дека попишувањето е нерегуларно (било некој од нив двајца да одбие да попише лице кое е предмет на пописот, или да попише лице кое не е предмет на пописот) е ДОЛЖЕН, да го извести реонскиот и државниот инструктор, кои повторно нели ќе одлучат за понатамошниот тек

Има луѓе од Тетово кои работат во Авганистан ?
Абе тој од Куманово си зема примери и вика Тетово,како што кажал Асан.Камо да можеа да работат во Те така исправно.До душа се трудат да биде регуларен и можи ќе испадне ама пак за бројките одлучуваат политичарите.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Попис 2011 epic fail !
Вчера беа кај мене.И двајцата неписмени.Комедии беа,незнаат да пишуват бе.Пази кое прашање ми го постави : Дали вашата мајка била присутна во државата за време на вашето раѓање? :pos:
Требаше ти нив да ги прашаш Дали верувате во телепортација ?

Почнаа:
ДПА е блиску до ставот да не ги признае резултати од Пописот

08.10.2011 - 19:24 |
ДПА се сомнева во процесот на одвивање на Пописот на населението и домаќинствата и е многу блиску до ставот да не ги признае резултатите од него.
Ова е наведено во писменото соопштение по завршувањето на Централното претседателство на партијата одржано денеска во Тетово.
Според ДПА проблеми се среќаваат во одвивањето на Пописот во сите населени места каде што Албанците не се мнозинство. Во соопштениот од ДПА како причини зошто се сомневаат во целиот процес ги наведуваат тоа што не се попишуваат Албанците кои се на привремена работа во странство, непопишување на сите членови на домаќинството за, како што стои, банални причини, на пример староста на личните документи...
Демократската Партија на Албанците, како што стои во соопштението, ќе се ангажира максимално да ја извести меѓународната заедница и организациите кои го мониторираат процесот, за програмираните манипулации од страна на власта.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Попишувачите македонци во Тетово полуделе , не само што не ги попишуваат тие што се на печалба , туку и тие што се во Македонија но во моментот кога попишувачите дошле дома тие не биле присутни.

Зошто не прогласија воена состојба и 24 часовен полициски час , па да можат сите да бидат дома. Кој идиоти , па има луѓе кои патуваат , студираат во други градови , работат , и што сега , да не се попишуваат? затоа што не биле дома?

Од друга страна ги попишуваат своите кои се во странство повеќе од 12 месеци. (на пример околу 6000 македонци кои работат во Авганистан и Ирак веќе 3-4-5 години).
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Дали ќе се преброиме? Се надевам, но ми изгледа тешко. Целта е шипративе да покажат дека се 25% (или повеќе) за да се задржи поделбата на Македонија според изнудениот Рамковен договор. А јасно е дека се неколку проценти под 20%.

“По многу дебата, претседателката на Заводот за статистика во земјата, Благица Новковска, понуди дефинитивен одговор.

„Законот јасно предвидува ... дека оние кои работат во странство и ја посетиле Македонија само неколку дена во текот на изминатите 12 месеци, нема да бидат попишани, ниту, пак, вклучени во вкупниот број на населението.“

Пописот е сложена статистичка операција, но истиот дава снимка на ситуацијата, а не основата за политичката или етничката поделба, рече за SETimes професорот по правни науки на Универзитетот Американ Колеџ, Звонимир Јанкуловски.

„Обидите да се претвори пописот во трка за зголемување на процентите на етничките заедници се погрешни и проблематични, и не смеат да се дозволат“, рече тој.

Многу Албанци тврдат дека тие сочинуваат 30 отсто или повеќе од населението на Македонија. Газмен Кадри, 31-годишен жител на Скопје го искажа општиот став на Албанците дека треба да се пребројуваат сите, без оглед на траењето на престојот во странство. „Ако дел од нив живее во странство, тоа не значи дека тие не треба да се попишат.“

Македонците жестоко се противат, тврдејќи дека има шема која ги вклучува Албанците од Косово, Албанија, јужна Србија и други места двојно да се попишат во македонскиот попис и во пописите на другите земји.

„На пописот во 2002 година, бројот на Албанците беше вештачки зголемен за да се поклопи со уставните измени кои предвидуваа ексклузивни права и привилегии за малцинствата што претставуваат повеќе од 20 отсто од вкупното население. На тој начин беше промовиран втор конститутивен народ во Македонија, иако тие сочинуваат 16 до 17 отсто од населението“, рече за SETimes претседателот на партијата ТМРО-ВЕП, Страшо Ангеловски.

Ангеловски тврди дека повторувањето на пописот од 2002 година може да предизвика широко незадоволство бидејќи ќе се смета за закана за државата на македонската нација.

Во меѓувреме, владата го потврди правниот услов за сите попишувачи кои се од јавната администрација да учествуваат, а нивните раководители да ги ослободат од работните обврски за време на периодот на пописот, 1-15 октомври.

Но, градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, им постави ултиматум на општинските службеници да изберат меѓу учеството на пописот или работата во општината.
Османи, етнички Албанец, објасни дека неговиот потег е неопходен за нормално функционирање на општината.

Повеќе од половина од општинските службеници се вклучени во пописот и треба да се фокусираат на неодложните општински проблеми, рече Османи.

Владата објави дека очекува да ги публикува резултатите од пописот во декември.“

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/10/07/feature-03
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
http://www.time.mk/read/f41c8ef9ea/ce74b2bd33/index.html

ЧИТАЈТЕ НА ЛИНКОТ ПОГОРЕ
Се додека вие се расправате за Албанците, некој друг во оваа држава слободно си работи на планот за поделба на Македонците. Што мислите, овие “патриотишта“ што за “интерес“ добија Бугарски пасоши, дали тие на овој попис ќе се пишат Македонци или Бугари??? Сите знаеме дека пасошите еден ден ќе треба да се променат, а дали Бугарите ќе им ја направат таа услуга на нашите побугарчени, доколку на овој попис не дадат потребна бројка. Е за тоа не сум сигурен. Доста бе со навреди за аџии и аџиици, бидете малку реални погледнете во нашиот двор. Од србомани, гркофили, бугарофили неможе глава да се дигне а ние упорно ги сметаме Албанците за главен проблем во државава. Па што сакаме бе? Сите ние подаваме раце кон други земји, се додворуваме на србите, бугарите, грците а после ќе се лутиме на Албанците кои пак за разлика од нас со Албанија имаат барем некаква реална врска.

Ао ова е само попис и ако ова треба да е едно обично пребројување тогаш престанете да ги навредувате другите, или пак, удрете малку и по нашите!
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
[quote="Dardan-ia, post: 4465414"
Од друга страна ги попишуваат своите кои се во странство повеќе од 12 месеци. (на пример околу 6000 македонци кои работат во Авганистан и Ирак веќе 3-4-5 години).[/quote]

Тие што работат во Авганистан или Ирак треба да се попишуваат бидејќи не работат или престојуваат непрекинато (освен користење на одмор) повеќе од 12 месеци надвор од Македонија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom