Во периодот пред уписи на факултет, молекуларната биологија ми беше во прв план. Дури и ме убедуваа да се одлучам за таа насока оти ја сакам биологијата, пред се генетиката. Но што можам да работам кога ќе ги завршам студиите? Како држава немаме истражувачки проекти, на никого од интерес не му е наследувањето, мутабилноста, метаболизмот на клетката и слично... Дури и тие малку лаборатории што ги имаме не нудат ништо посебно на ова поле. Интересот за превод на дела поврзани со оваа насока е многу мал, така што самата држава ме убеди да се премислам... За сите оние кои ризикувале и се запишале на оваа студиска програма, да се успее со диплома по молекуларна биологија може само на страна. Кај нас може само во некоја мала лабораторија на Алкалоид да се работи на нешто што не е поврзано со тоа што сме студирале. Оној кој навистина го сака ова поле од науката, кој е спремен да посвети и дополнителни часови во изучувањето на ова поле (студентските скрипти сигурно нема да понудат ништо посебно) може да успее во земјите кои вложуваат на проекти, почнувајќи од Словенија (оти ни е најблиску), па Финска, Франција, Италија, Германија, САД,...
Друго, ме интересира колку во студиската програма е застапено изучувањето на DNA, видовите RNA, гените, генетските мутации, биосинтеза на протеини, еволуцијата на видовите итн.