Промена на локацијата!
Огромната посeтеност на третото издание и растот од година во година со секој сегмент на фестивалот (бина, штандови, посетеност) ни наметна и нов императив за проширување на самиот фестивалски простор кој ќе има капацитет за масовноста на фестивалот. Тоа е основната причина зошто Пиволенд оваа година се сели на паркингот кај спортскиот центар " Борис Трајковски". Просторот на новата локација ќе биде уреден за одржување на голема манифестација и ги задоволува сите услови фестивалот да се одржи на простор со адекватна големина за масовноста на Пиволенд.
Уште на третото издание беше очигледно дека Пиволенд го надмина капацитетот на Скопското Кале за настани од овој тип. Ваквиот организациски потег е карактеристичен за секој фестивал во пораст, вклучувајќи го тука и фестивалот во соседна Србија со кој Пиволенд е често споредуван, Белградскиот Beer Fest кој од истите причини се пресели после пет години одржување на Калемегдан.
Особено значајно за Пиволенд е тоа што новата локација нуди многу подобри логистичко технички услови, а самиот простор претставува предизвик четвртиот Пиволенд да биде во сите сегменти најдобар до сега.
Влезот на фестивалот и оваа година е бесплатен. Добродојдовте!
Darkwood Dub, Јура Стублиќ и Филм, Фолтин, High Control, Ареа, RHCP Real Tribute
Покрај веќе најавените Lollobrigida, Ритам Нереда, Gillespie, Belfast Food, македонските бендови Летечки Пекинезери и Screaming For Change, еве го вториот музички контингент кој ќе настапи на Пиволенд оваа година: Darkwood Dub, Јура Стублиќ и Филм, Фолтин, La Colonie Volvox, High Control, Ареа. Од трибјут бендовите, покрај Pink Floyd и RATM, на Пиволенд 2011 ќе настапи и Red Hot Chili Peppers Real Tribute групата. Време е да се забавувате!
Програмата се пополнува полека но сигурно и може да се види
ТУКА
Мене лично едини бед ми е што Лолобриџида се на 31ви од 22 часот. Ако се снајдам некако да преноќување некаде или превоз некој, ќе биде фино, во спротивно не ми се дава 800 денари такси за до дома.