ПЕТИЦИЈА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ

Z

zlaki

Гостин
http://www.zacistvozduh.com/

П И С М О

Почитувани,

Оваа петиција е одговор на Вашиот игнорантски став кон воздухот кој го дишеме ние граѓаните на Република Македонија. Вашите приоритети не треба да бидат политичките кампањи и начинот на кој треба да дојдете на власт. Ако нѐ нема нас граѓаните ја губите и поддршката во сите сфери од Вашето функционирање.

Состојбата со нечистиот воздух во нашата држава, од ден на ден станува сѐ поалармантна, всушност веќе го достигна врвот на неодложување на овој проблем. Секој ден сме сведоци на сѐ поголем број болни деца од респираторни болести. Смртните случаи не се исклучок, за жал. Но властите како да имаат поголеми приоритети од тоа да им обезбедат здрав живот на своите сограѓани и на нивните деца.

Постојаноста на сериозното загадување на воздухот и отворените јавни повици да се преземе нешто не вроди со плод. Затоа ние граѓаните, ние кои си го сакаме животот и сакаме да дишеме чист воздух, ја создадовме оваа петиција како последна шанса за нас и за нашите деца, со цел да ја извојуваме институционалната битка за почист воздух, да создадеме поквалитетен живот и да ја намалиме смртноста од аерозагадувањето.

Апелираме до Владата, да се откријат деталите за причините за загадувањето, со констатација дека Министерството за животна средина и просторно планирање сеуште нема излезено со веродостојни податоци околу причинителите на аерозагадувањето. Без овие информации ветувањата од страна на властите дека проблемот ќе биде решен најверојатно нема да ја доживеат својата реализација.

Ве молиме преземете ги потребните мерки додека не е доцна. Секоја минута е важна!

Со почит,
Македонија сака чист воздух.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.573
Поени од реакции
13.581
Picture 1191.jpg Мамооооо, ќе се вратам во село,овде не се дише
 
Skorp

That guy....
Член од
30 јуни 2010
Мислења
977
Поени од реакции
1.199
Има мерки што можат да се донесат али ништо нема драстично да ја поправи ситуацијата. У неповрат е отидена. Треба да рушат згради, да забранат доселување на нови луѓе у градот, да се забрани секаква станбена градба у Скопје... Не треба да измислуваме топла вода... ене ја Љубљана, можеме да копираме од нив. Ама со овие мерки неможе да се краде...
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
513

Тетово дали си го видел сега брзо?
На место каде што имало куќи се згради сега. Нема место воздухот нормално да струи. Нема место кола кај да оставиш. Депонијата ја горат на самиот влез. Катастрофа. Нема ниедна зелена површина. Се искасапиле.
 
Последен пат кога отидов... ми остави впечаток на анархија. Уште од самиот влез на кружните текови знаеш колку е саат. А за зградите, истото и во Скопје е... затоа викам нема назад од ова.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.464
Џабе и петиции и се. Ние сме еден таков народ кој сфаќа дека не треба нешто да прави и дека истото е штетно за него кога истото ќе го почувствува како штета врз своја кожа. Така да и некој закон да се донесе во врска со загадувањево, кај нас пак сите со коли ќе одат на работа, фабриките од инат ќе зајачаат со работа и секако ќе продолжи сечењето на дрвјата и уништувањето на зеленилото.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.262
Поени од реакции
1.691
Единствена вистинска работа на тој план е распрашување каде е најдобриот или неколку нив и колку чинат услигите им, па ангажирање на шамани кои знаат да повикаат јаки ветришта. Ништо друго не не вади од бељата. Освен можеби воведување енкодер на секоја кола во Македонија па кога ќе се најде истата на територија на Скопје и некои други градови да почне да и се брои МНООГУ СКУПО ВРЕМЕ ПО СААТ кое ќе се наплатува , ако треба и со истерувачи на долгови до конфискација на ауто. После воведување патроли со дронови кои ќе го ловат секое горење на отворен оган , пластика и слично и веднаш ќе казнуат со 100 дена затвор и 10.000 евра.Забрана на сите возила постари од 10 години , а градски автобуси и дистрибутивни камиони постари од 5 години..Нормално , освен електрични :)
Пошто и на врапците им е јасно дека такво нешто не поминува , остануат шаманите. Како слушам некаде биле многу успешни....
Инаку ставрно незнам дал некој дебело го заебал Коцета или пак тој свесно не мајтапи нас , ама оваа заебанција со ова калциум-магнезиум-ацетатот-от е неверојатно плиткоумна зошто за тоа како и зошто влегол во игра и со какви резултати е одамна познато. Или било само крик на некој кој беспомошно се дави , па се фаќа за сламка??? :) :):)[DOUBLEPOST=1483036475][/DOUBLEPOST]
Тетово дали си го видел сега брзо?
На место каде што имало куќи се згради сега. Нема место воздухот нормално да струи. Нема место кола кај да оставиш. Депонијата ја горат на самиот влез. Катастрофа. Нема ниедна зелена површина. Се искасапиле.
Тетово е дупка која федералесите , баш тие , никако старите еснаф-тетовчани.... го сјебаа до даска.Со арапски и уса/нато пари од дрога... За век и веков....Таму сум секој втор ден ептен знам како е, како било и како ќе биде...:)
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
8.576
Поени од реакции
10.828
Единствена вистинска работа на тој план е распрашување каде е најдобриот или неколку нив и колку чинат услигите им, па ангажирање на шамани кои знаат да повикаат јаки ветришта. Ништо друго не не вади од бељата. Освен можеби воведување енкодер на секоја кола во Македонија па кога ќе се најде истата на територија на Скопје и некои други градови да почне да и се брои МНООГУ СКУПО ВРЕМЕ ПО СААТ кое ќе се наплатува , ако треба и со истерувачи на долгови до конфискација на ауто. После воведување патроли со дронови кои ќе го ловат секое горење на отворен оган , пластика и слично и веднаш ќе казнуат со 100 дена затвор и 10.000 евра.Забрана на сите возила постари од 10 години , а градски автобуси и дистрибутивни камиони постари од 5 години..Нормално , освен електрични :)
Пошто и на врапците им е јасно дека такво нешто не поминува , остануат шаманите. Како слушам некаде биле многу успешни....
Инаку ставрно незнам дал некој дебело го заебал Коцета или пак тој свесно не мајтапи нас , ама оваа заебанција со ова калциум-магнезиум-ацетатот-от е неверојатно плиткоумна зошто за тоа како и зошто влегол во игра и со какви резултати е одамна познато. Или било само крик на некој кој беспомошно се дави , па се фаќа за сламка??? :) :):)[DOUBLEPOST=1483036475][/DOUBLEPOST]
Тетово е дупка која федералесите , баш тие , никако старите еснаф-тетовчани.... го сјебаа до даска.Со арапски и уса/нато пари од дрога... За век и веков....Таму сум секој втор ден ептен знам како е, како било и како ќе биде...:)
Циган ќе казниш со 10.000 евра и 100 дена затвор? Со затворот да ти кажам и ќе му го накршиш, 100 дена бесплатно јадење и пиење...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.441
Поени од реакции
9.619
Кога ќе ја видам сметката од евн, ми иде се што е иверица, даски, крпи, ѓубре во афект да ставам во ќумбе.
 
Последно уредено:
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.415
Поени од реакции
9.257
Абе луѓе, оваа тема се решава ако се средат сите фактори, овде не се виновни само тие горе, туку и целиот народ што живее.
Еве на новите возила имате ЕГР, ДПФ, катализатори, сите ги возиме со нив се додека не се расипат, прв момент кога треба да се промени било кој од овие филтри бараме чаре како да се извади делот целосно и да се излаже компјутерот да работи возилото и без него, бидејќи истите се од 150 евра па нагоре. Јадно Македонче демек да вози нешто поубаво од застава, па накупи старудија за во отпад што нема пари ни гориво и регистрација да плати, а не егр од 150 евра или дпф од 500 евра.
Исто е и во домовите, има алтернативи за греење што загадуваат помалку, но тоа си кошта пари, време или ќе ве натера да излезете од „зоната на комфорт“ и да смените нешто што не сте користеле и многу навики, а најтешко е да натераш некој да промени начин на живот, посебно на овие простори.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.881
Има мерки што можат да се донесат али ништо нема драстично да ја поправи ситуацијата. У неповрат е отидена. Треба да рушат згради, да забранат доселување на нови луѓе у градот, да се забрани секаква станбена градба у Скопје... Не треба да измислуваме топла вода... ене ја Љубљана, можеме да копираме од нив. Ама со овие мерки неможе да се краде...
I vo Slovenija imaat golem problem so zagaduvanjeto. Tamu najzagaden grad e Celje, isto i Ljubljana e kotlina-dupka kade so zimoska e nonstop magla i e strasno zagadena itn. Ne se mnogu poarni nego ovde, imaat pomalo zagaduvanje poso se donekade gasificirani, i se razbira kolku tolku se osvesteni da ne frlaat plastika, seckani gumi i slicno gjubre vo peckite. Kaj niv e kolku so znam odamna zabraneta prodazba na jaglen za ogrev, jaglenot moze da se upotrebuva samo vo termoelektrani so filteri i pod stroga kontrola.[DOUBLEPOST=1483038699][/DOUBLEPOST]
Абе луѓе, оваа тема се решава ако се средат сите фактори, овде не се виновни само тие горе, туку и целиот народ што живее.
Еве на новите возила имате ЕГР, ДПФ, катализатори, сите ги возиме со нив се додека не се расипат, прв момент кога треба да се промени било кој од овие филтри бараме чаре како да се извади делот целосно и да се излаже компјутерот да работи возилото и без него, бидејќи истите се од 150 евра па нагоре. Јадно Македонче демек да вози нешто поубаво од застава, па накупи старудија за во отпад што нема пари ни гориво и регистрација да плати, а не егр од 150 евра или дпф од 500 евра.
Исто е и во домовите, има алтернативи за греење што загадуваат помалку, но тоа си кошта пари, време или ќе ве натера да излезете од „зоната на комфорт“ и да смените нешто што не сте користеле и многу навики, а најтешко е да натераш некој да промени начин на живот, посебно на овие простори.
Drzavata e kriva so politikata na eftina nafta vo odnos na benzinot. Podhitno treba da se poskapi naftata a da se poeftini benzinot taka sto ke bide obratno so cenite nego sega, i so toa ke se natera-usmeri narodot da kupuva polovni i novi benzinci namesto smrdlivi dizelasi. Polovnite dizeli se sekojpat realno so duplo pa i troduplo povece km nego benzincite, taka da ako se smeni cenovnata politika ke se uvezuvaat polovni benzinci so mnogu pomalce km znaci posocuvani poizdrzlivi i poeftini za odrzuvanje i so 100x pocisti izduvni gasovi, sekako podobro i za narodot i od ekonomski i ekoloski aspekt. Samo drzavata da si go napravi svoeto i da ja napravi naftata da e 20-30% poskapa od benzinot.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
1.363
Поени од реакции
707
Nz kako ke funkcionira ova,bidejki realno ne mi se menuva kola za da odam so bus pa makar toj bil i besplaten, isto taka dizelce si e dizelce #realno nz koj pri zdrav pamet bi zemal benzinec in this day and age, edinstveno moze da se smeni so plin iako ne sum mnogu lubitel na takvi modifikacii, isto taka tesko ogrevnoto drvo da se zameni so nesto posaglam kako paleti bidejki cabe subvencii za pecka koga edna vreka e 150-200 denari, i nekoja merka moze da se smeni mentalitetot na komsiite od sutka i nivnata ljubov sprema oginot, e sega nekoj korisnik spomna neso namaluvanje na migraciite sprema SK, sto e mnogu tesko ostvarlivo bidejki treba golemi investicii da se napravat gradovite/selata vo vnatresnosta pourbanizirani. Sega na pamet mi doaga edna merka vo US sto bese sega skoro, i toa na site luge koi ke kupat Tesla avtomobil im se dava dozivotno polnenje na avtomobilot za 0$, sto ne e isto taka losa ideja bidejki poverojatno e lugeto da kupat pecka/avtomobil so sopstveni sredstva dokolku znaat deka energensot za nivno koristenje bi bil poevtin ili besplaten, mislam na strujata/paletite. Ete na primer za ova zimo ke ti trebaat tolku i tolku paleti koi cinat tolku pari i od niv 80% ti se subvencionirani, ne veruvam deka postoi covek vo ovaa drzava koj ne bi kupil pecka odma i sekako toa vednas bi se osetilo na zagaduvanjeto.
 
Z

zlaki

Гостин
сами си ја сечиме гранката на која седиме.А бре македонче сами ќе се уништиме никаква слога ама за ништо,што народ ќе бевме сами на себе волци.

НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ МУ СЕ СПРЕМА КОНТРА-ПРОТЕСТ, СТРАВУВААТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ

http://sdk.mk/index.php/makedonija/na-protestot-za-chist-vozduh-mu-se-sprema-kontra-protest-stravuvaat-organizatorite/

На врв Bottom