ПВЦ прозори и врати

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Би ти препорачал да си збориш со машински инжинер или архитект. За добри резултати дома, да ти е топло и да не трошиш многу пари за греење и ладење, а и да не ти се јавуваат проблеми со влага и мувла, треба правилно да ти е изолиран објектот.
Парите се зорт, разбирам. Ама можеш фазно. Прозори, па кров и на крај фасада. Прозорите кога се менуваат, обично внатре треба да се интервенира затоа што остануваат скршени делови од малтерот и мораш да го санираш тоа....после повлекуе кречење....и така...

Ако си гледал прозори, дај некој предлог производител.
Гледав Трокал и Саламандер досега, вторите се изгор скапи и одма ми излегоа од математиката.
За трокалот ликот ме изгуби во информации (10 различни варијации кај коморите и стаклата) и не сум зел уште финална понуда на писмено за да имам точна ориентација колку доаѓа клуч на рака.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ако може понуда и за мене, станува збор за околу 70м2 станбен простор, 3 балконски врати со по 2 прозори до нив, уште еден дупли во купатило и еден единечен во дневна, во врска со изолацијава, планирана е праење нова енергоефикасна фасада на цела зграда
Фала
На цената ти влијаат димензиите, после многу е битно како се отвараат, каков систем за отварање, дали ќе има ролетна...
Земи си груби димензии и скицирај го отварањето и барај понуди од фирми.
Автоматски споено мислење:

Пиши ги фирмите. Не е ваљда проблем со форумов. Сеа, комерцијала е, ама сме збореле по други теми за продавници, облека, техника...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Ja пред едно пет години стаив дрвени прозорци од јасен, неќев пластика и не се жалам.
Малку е посакпо, али јеби га, не го праиш секој ден тоа.

Не сум ги фарбал никад од сеа и прашав кога, сега не ни памтам, али мислам ми рекоа дека десетина години нешто, може без фарбање.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
На цената ти влијаат димензиите, после многу е битно како се отвараат, каков систем за отварање, дали ќе има ролетна...
Земи си груби димензии и скицирај го отварањето и барај понуди од фирми.
Автоматски споено мислење:

Пиши ги фирмите. Не е ваљда проблем со форумов. Сеа, комерцијала е, ама сме збореле по други теми за продавници, облека, техника...
Саламандерот се од Aldin Plast, а трокал гледав во Проспера.
Планирам да им се јавам деновиве и на другите, само сакав да се информирам подетално што да барам конкретно (колку стакла, колку комори, какви механизми и метални профили и тн.)
Автоматски споено мислење:

5евра на метар должен.

Huddle споредба правиш на профил со 2 гуми и 3 гуми, 2 стакла и 3 стакла...според тебе кој ќе победи?

Јас работам со Пвц прозори, фирмата е стара 30 години...имам работено со саламандер, кемерлинг, века, алупласт и сите останати профили...моментално работам со рехау 80мм најчесто со тројно стакло 4x16x4x16x4 перфекција од профил и механизам рото нт.

Работев и во Германија и Швајцарија 6 месеци само монтажа во германска фирма, нормално секое искуство повеќе учиш и се надоградуваш и ќе ви кажам околу мувлата во куќиве наши македонски.

Постои коефициент на звучна и термо изолација Uw според европски стандарди е дозволен до 1.1 промил во градба. во Швајцарија го мерат 3 екипи , едната иде со компресор , другата со звучници , и третата со прашок. Нахнадно го мерат и стиропорот , тежина и густина на метар квадратен и ако потпишат технолозите дека е се во ред , архитектот одобрува плаќање, ако не се наново. Таму стиропор на фасада се реди 22цм, кај нас се реди 5 ка или 8ца максимум. Зидовите се прават дупли со тервол измеѓу, а кај нас е обична цигла со малтер или камен. Таваните се полнат со пур пена, кај нас со летви , чатми , даски и ламперии.
Значи самата изолација кај нас дозволува влага, односно ние за да се спасиме од влага мора почесто да луфтираме, бидејќи не ги задоволуваме стандардите на градење за заштита од влага и мувла. Единствено нешто што постигнува таков ефект и го задржува тој коефициент се прозорите, бидејќи не многу но има фирми кои можат да го изработат тоа.

Патем мала реклама, имам соработка со фирма од Скопје може да ви дадам понуда со и без монтажа на прозори. Машините ни се CNC комплет до финален производ.
Куќата за која што ми требаат ми е во Прилеп, ако работите и во други градови пиши ми во порака цени.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Оди во РОЛОПЛАСТ па ќе видиш што е прозор за прифатлива цена со австриска лиценца а произведен во Ролопласт во Неготино јас ги користам во моја куќа и задволоен сум ,слушај мене паталец бидејќи јас таму работам и не рекламирам оти подобро за мене бидејќи имам многу работа и нарачки што никако да завршам , значи нас: Илинден таму е Ролопласт и во Маџари исто така распрашај па ќе видете. Само да знаете има разлика РОЛОПЛАСТ и РОЛПЛАСТ различни се Ролпласт е приватњак што нема врска со РОЛОПЛАСТ
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ja пред едно пет години стаив дрвени прозорци од јасен, неќев пластика и не се жалам.
Малку е посакпо, али јеби га, не го праиш секој ден тоа.

Не сум ги фарбал никад од сеа и прашав кога, сега не ни памтам, али мислам ми рекоа дека десетина години нешто, може без фарбање.
Зависи дали се изложени на дожд и сонце. Посебно сонце. Летно време се шират и деформираат.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Па би требало 3 духтунг гуми и 3 стакла да победи, ама дали ќе биди осетна разликата ќе треба една зима да помини за да истестирам па да ви кажам, ете ти како човек со искуство во струката кажи на што да обрниме повеќе внимание. Јас сум само корисник на крајниот производ и можам само таква споредба да направам.
Прашање дали 3-та гумица прави толку голема разлика или е повеќе маркетиншки трик? Ако добро е произведена дограмата дали две гумици се доволни или вреди да се инвестира во 3?
Конкретно кој модел и кој производител најдобро се покажал кај нас во Македонија со оглед на големите температурни разлики преку целата година?
Најбитно е производителот...од него се зависи, тој што ќе ти стави и како ќе го изработи. Да не штеди на челик, има дебелина на челик 8мм, 1мм, 1,2 ,1,5мм секој профил битно е да има цврстина и челик...самата тежина на профилот е фактор на кој може да се одцени дали е добар или не. Механизмот исто така е битен, има GU оков кој пасира со ТГП , односно некои елементи можат да ви ги стават ТГП и нема да заприметите , а да ви ги наплатат како ГУ. Јас сум работел со GU, Sigenia, ARX, Roto NT, Mako , и со многу други механизми, за мене најдобар е Рото , и нормално најскап....но не прескап, не е огромна разлика, да речиме 5 евра на секој прозор, за вас е чудно да штеди 5евра на прозор на оков или 5 евра на дебелина на челик, но на годишно производство на производителот ќе му останат 3000/4000 па и повеќе евра. Едноставно изберете произведувач од доверба, традиција, убав глас што има, препорачан и тоа е опција.
Како и кај колите на пример Мерцедес не е само еден, има А, Б, Ц ,Д , Е класа и слично така и кај секој еден профил постојат профили со посебно имет пример : Рехау генео, рехау синего, века свинглајн,софтлајн. Трик е кај Саламандерот, што најефтин е брукман и најмногу го користат, но има греен еволушн што е тројно подобар и поскап па се избегнува ради конкуренција. Уствари во Германија саламандерот мислат дека е фабрика за кондури и ташни, што и беше до пред 25 години, додека другите како рехау , века се со традиција од 100+ години.
Секоја фабрика нуди различни профили за различен пазар, пример германскиот пазар и македонскиот и бугарскиот се разликуваат...се тоа зависи од куповната моќ на луѓето. Има ефтино , средно и скапо...според мене на куќа и на изолација не се штеди, според некој друг на одмор и кафана не се штеди, а на куќа се реди нај ефтино.
Становите и куќите што се на северна страна и на поотворен простор каде има повеќе провев, треба да имаат 3 дихтони, секако не е маркетинг трик, има функција 3тиот дихтон исто како другите 2.
Доколку се наоѓате на прометна улица има бучава, тројно стакло е опција за звучна изолација, не мора да е 4 сезони, К стакло или па аргон (аргонот исчезнува после 4/5 години) доволно е да е само тројно.
Сум посетувал многу семинари и многу саеми, имам изработувано 100тици згради , хотели , сме работеле за извоз и сеуште работиме (сега не прекинаја со коронава но се надевам дека ќе продолжиме), многу имам искуство и знаење во ооваа област...ако јас треба да градам, би градел од Рехау Синего , Кемерлинг 3D но повеќе го нема тука, за италјански пазар само го носат или Века Алфалајн (мада веката е посолена) со 3 стакла и рото оков. Според мене тие се најдобри.
Автоматски споено мислење:

Ако може понуда и за мене, станува збор за околу 70м2 станбен простор, 3 балконски врати со по 2 прозори до нив, уште еден дупли во купатило и еден единечен во дневна, во врска со изолацијава, планирана е праење нова енергоефикасна фасада на цела зграда
Фала
Димензии ќе требаат за понуда, јас сум од Охрид...ширина пута висина (двокрилен , еднокрилен)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Корисни информации.
Немаше ли тема до сега на форумов?

@TheMayor проверливо е ова што го збориш? Нарачувам таа дебелина, таков оков и тој челик, нели крилата се затворени. Можам ли да знам дали ме возат? Или останува на доверба во фирмата? Тоа во нашава држава е....знаеш како...
Што со бројот на шарките. Порано знам, едни тешки метални прозори "паѓаа" и со самото тоа ни дихтуваа, ни држеа топлина. Ги има уште по некои дуќани и канцелариски згради. Сигурно дека три шарки е подобро од две, по крило?
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Гледав Трокал и Саламандер досега, вторите се изгор скапи и одма ми излегоа од математиката.
За трокалот ликот ме изгуби во информации (10 различни варијации кај коморите и стаклата) и не сум зел уште финална понуда на писмено за да имам точна ориентација колку доаѓа клуч на рака.
Саламандерот се од Aldin Plast, а трокал гледав во Проспера.
Планирам да им се јавам деновиве и на другите, само сакав да се информирам подетално што да барам конкретно (колку стакла, колку комори, какви механизми и метални профили и тн.)
Автоматски споено мислење:

Куќата за која што ми требаат ми е во Прилеп, ако работите и во други градови пиши ми во порака цени.
Работиме секаде во Македонија, ќе ти пишам цени понеделник.
Оди во РОЛОПЛАСТ па ќе видиш што е прозор за прифатлива цена со австриска лиценца а произведен во Ролопласт во Неготино јас ги користам во моја куќа и задволоен сум ,слушај мене паталец бидејќи јас таму работам и не рекламирам оти подобро за мене бидејќи имам многу работа и нарачки што никако да завршам , значи нас: Илинден таму е Ролопласт и во Маџари исто така распрашај па ќе видете. Само да знаете има разлика РОЛОПЛАСТ и РОЛПЛАСТ различни се Ролпласт е приватњак што нема врска со РОЛОПЛАСТ
Ролопласт е македонски, ропласто е германски со турско потекло, ролпласт кој знајт што се...штом јас не сум ги слушнал , не сум ги видел на ниеден саем(Белград, Истамбул, Нинберг, Пловид) не се некој си бренд. Евентуално мислам дека се бугарски заедно со трокал од бугарија , што ги носи проспера и една друга фрима што има отворено ...но верувај квалитетот со овие што ти ги набројав е екстремно послаб. Ако се со winhause оков сигурно се тие.
Автоматски споено мислење:

Корисни информации.
Немаше ли тема до сега на форумов?

@TheMayor проверливо е ова што го збориш? Нарачувам таа дебелина, таков оков и тој челик, нели крилата се затворени. Можам ли да знам дали ме возат? Или останува на доверба во фирмата? Тоа во нашава држава е....знаеш како...
Што со бројот на шарките. Порано знам, едни тешки метални прозори "паѓаа" и со самото тоа ни дихтуваа, ни држеа топлина. Ги има уште по некои дуќани и канцелариски згради. Сигурно дека три шарки е подобро од две, по крило?
Шарките се механизми, тоа е тоа што го зборував Рото, Мако, Сигенија...
Да те фарбаат можат секако, мајстори не можеш да зафркнеш...најдобро ти е да не спушташ цена, што повеќе се ценкаш то повеќе штедат на материјал. Прозор 140x80 има за 75 евра, 85, 90,100,110,120...до 130,па и 140 евра, ако е во боја и 40,50% повеќе.
Кажав претходно, фирма со добро име, педантни мајстори, и добар глас...луѓе кои често заработуваат и се борат за клиентите да се задоволни па да ги препорачаат и на други места...тоа ви треба.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Гледам дека и за влезна врата се мислиш...
Бегај само од „пластични“ врати. Особено од „по ефтините“ кинески. Да, ќе заштедиш ама квалитетот е 0. Ние пред 3 години некаде сменивме прозори и врати, од прозорите сум презадоволен, влезната врата е веќе друга приказна.

Тука гледам зборите за влага и мувла, еве 3 години со нови прозори, без надворешна изолација влага сеуште нема никаде... Не верувам дека само до прозорите ќе да е.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Саламандерот се од Aldin Plast, а трокал гледав во Проспера.
Планирам да им се јавам деновиве и на другите, само сакав да се информирам подетално што да барам конкретно (колку стакла, колку комори, какви механизми и метални профили и тн.)
Автоматски споено мислење:

Куќата за која што ми требаат ми е во Прилеп, ако работите и во други градови пиши ми во порака цени.
Јас немав убаво искуство со фирмата Алдин Пласт Лажани, тоа е мое лично искуство не значи дека и ти ќе имаш...
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
1.741
Секоја година? Што знам?
Кај што е изложено на сонце, ветер и дожд јас би рекол секоја година ама само од надворешната страна и не зборам за мрсна боја или лак туку за заштита со безбоен садолин, фирнајс или како се вика.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Ja пред едно пет години стаив дрвени прозорци од јасен, неќев пластика и не се жалам.
Малку е посакпо, али јеби га, не го праиш секој ден тоа.

Не сум ги фарбал никад од сеа и прашав кога, сега не ни памтам, али мислам ми рекоа дека десетина години нешто, може без фарбање.
Мора да се од јасен или може друг тип на дрво? Како наплаќаат,пак од метар квадратен и која цена?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Мора да се од јасен или може друг тип на дрво? Како наплаќаат,пак од метар квадратен и која цена?
од метар и не ми текнува која цена
нешто ми текнува, дека дупло или повеќе беше
 
HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.464
Оди во РОЛОПЛАСТ па ќе видиш што е прозор за прифатлива цена со австриска лиценца а произведен во Ролопласт во Неготино јас ги користам во моја куќа и задволоен сум ,слушај мене паталец бидејќи јас таму работам и не рекламирам оти подобро за мене бидејќи имам многу работа и нарачки што никако да завршам , значи нас: Илинден таму е Ролопласт и во Маџари исто така распрашај па ќе видете. Само да знаете има разлика РОЛОПЛАСТ и РОЛПЛАСТ различни се Ролпласт е приватњак што нема врска со РОЛОПЛАСТ
Ролопласт имаат фабрика во Бугарија таму се кројат прозорите и вратите, а тоа во Неготино е нивно претставништо како и во повеќе градови низ дражавава и екипа која ги монтира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom