ПВЦ прозори и врати

Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.613
Поени од реакции
12.415
Имав прашувано пред неколку месеци во друга тема за ПВЦ врати и прозори, но мислам дека е најдобро да се отвори и посебна тема за ова каде што може да се разменува знаењето и искуството од страна на членовите во оваа проблематика.

Прозорите и вратите се прилично сериозна инвестиција, без разлика дали е градба или реновирање на објект и еден од клучните елементи за добра изолација кој треба да ве служи неколку децении после монтажа.

Во мојот случај имам дрвена дограма и планирам да ги сменам прозорите и влезната врата во моментов со ПВЦ, а со тек на време и на остантите соби (првично најбитни ми се дневната соба, кујната и собите за спиење).

Прашав во неколку продавници досега и гледам дека се нудат различни брендови (најчесто Германски, Турски и Кинески (Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века )), различни варијации на стаклото, бројот на коморите и тн. и цените варираат значително од еден до друг бренд. Дополнително ме опомена пријател да внимавам која фирма ќе ми ги изработува и монтира затоа што дури и најскапиот бренд можело да го изработат лошо и да го монтираат уште полошо и пак да си имам проблеми.

  • Од некои луѓе слушам лоши коментари за влага во објектот и му се јавила мувла по ѕидовите, иако претходно немале никогаш, дали сте имале вакви проблеми и како сте ги решиле?

  • Сум видел и прозори кои доста брзо ја изгубиле бојата од сонцето, а воедно и лоша изработка на рачките за отворање/затворање и брзо попуштаат, особено киперите, кои брендови ги имате користено и на што да се внимава во поглед на рачките, какви метални профили да имаат?

  • Каков тип на стакло, дали мора да има гас (аргон) измеѓу (во принцип стаклото е најголем дел од површината), дали пример да се штеди на пластиката, а да се инвестира повеќе во стаклото?

  • Откако ќе се стават прозорите на што да се внимава при санирањето на тоа што ќе го истуркаат околу прозорот, дали да ставам некаква изолација таму или само да го затворам со гипс?

  • Исто ме интересира за влезна врата на куќа, кај мене е двокрилна дрвена и не планирам да ставам од тие блиндираните, туку стандард од овие белите што ги ставаат по куќи со малечки прозорчиња, дали имате некој искуство со пластична врата за влезна врата на куќа?

  • Препорака од кои фирми и кои брендови имате позитивно искуство, а кои да се избегнат? (мене ми одговара најмногу Пелагониски регион, али ако фирмата има достава и монтажа низ цела мкд би порачал од било кој град доколку се добри).

Во мојов случај имам на 3 места по 3 прозори (дрвените сите се дупли рамки 3те во линија доаѓаат 114х130цм (3 места по овие димензии) претпоставувам кај пвц ќе има по една рамка), еден единечен (85х83цм) и двокрилна врата (190х130 цм) - мерките ги земав самиот, немам искуство како ги земаат и може да варираат по 1-2 цм или пак да ги мерат секој прозор засебно, не целата рамка одеднаш, пред да ми ги изработува било која фирма ќе барам тие да дојдат да си земат мерки да не направиме грешка поради ова.
 
Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.231
Поени од реакции
2.173
Што може да ти кажам, првото е вистина. Недостаток на проток на воздух, праи мувла кај нас секоја зима. Треба луфта, треба проток кај шарките на пенџерот дрн дрн дрн. Типот што го збореше не објасни асално...
Второто е резултат на ефтина пластика, што се јаде од УВ. Такво овде нема, оти нема ефтина пластика. Тоа ти треба паталец
Трето, ќе одам со советот “тоа што дробиш тоа сркаш„ Што си платил, толку ќе трае , толкав квалитет. Нашите не се врв, така да се појавија помали проблеми
Иако гипсот реботи, и механичка цврстина ти е битна...
со другите две не може да ти помогнам...
Автоматски споено мислење:

Заборавив да спомнам на што друго да обратиш внимани: глеј да имаш простор за лента за ролетни(ако ставаш на првото место)..
Ако не ти е асално поставна ќе се јаде од ствари....
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.135
Поени од реакции
17.999
Мувлата настанува каде што има влага.
Влагата настанува каде што топлиот влажен воздух се судира со студена површина.
Студената површина е профилот на прозорот. Внатрешната страна на профилот не смее да биде ладна. Ако е ладна значи дека профилите не се добро затворени и не изолираат воопшто. Не е изолатор самиот профил, туку заробениот воздух во него (термосот така функционира).
Мувлата на ѕидовите значи и дека самиот ѕид ви е ладен. За тоа лошиот прозор не е крив, туку на објектот му треба термоизолација.
Исто е важно, во зоната каде што е прозорот да имате грејно тело. Тие шо се греете со клими и слични импровизации, тоа тешко може да го постигнете.
Така да, секој што ќе ви кажува причи дека проблемот е што кувате и сушите алишта, ве мафта. Треба да се формираат идеални герови и целата конструкција и на касата и на крилата да „спие“.

Ако имате финансиска можност - дрво е дрво.
Пластиката е најлошиот изум на човекот.
 
Се греам на дрва и во моментов немам услов да ставам термпизолација, а во 70ти кога е градена немаат ставено ништо за изолација. Планирам да земам од таа течната изолација од механотехника за проба ама тоа не верувам да спаси повеќе од 20% во однос на класична фасада со термоизолација.
Инаку дрво не сум сигурен дека може да дихтува како пластичните, плус и нив не ги досушуваат и ќе се искриват за некоја година.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.135
Поени од реакции
17.999
Се греам на дрва и во моментов немам услов да ставам термпизолација, а во 70ти кога е градена немаат ставено ништо за изолација. Планирам да земам од таа течната изолација од механотехника за проба ама тоа не верувам да спаси повеќе од 20% во однос на класична фасада со термоизолација.
Инаку дрво не сум сигурен дека може да дихтува како пластичните, плус и нив не ги досушуваат и ќе се искриват за некоја година.
Зборам за квалитетен дрвен профил, со гумени дихтунзи исто како пвц-то што има.
Зградите од 70ти години се без термоизолација градени и имаат катастрофални карактеристики. Претходно, објектите биле градени од полна тула и релативно дебели ѕидови и затоа имаат малку подобри карактеристики.
Со 10cm графитен стирпор или минерална волна ќе си завршиш работа. Самата промена на прозорите ќе ти влијае на квалитетот, ама пак ќе имаш загуба на топлина низ ѕидовите.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.556
Поени од реакции
2.111
Jaс најмногу овој стил на ПВЦ прозори го обожавам:

pvc.jpg

Има ли некој информација колку чини метар ваква лајсна?
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.613
Поени од реакции
12.415
Зборам за квалитетен дрвен профил, со гумени дихтунзи исто како пвц-то што има.
Зградите од 70ти години се без термоизолација градени и имаат катастрофални карактеристики. Претходно, објектите биле градени од полна тула и релативно дебели ѕидови и затоа имаат малку подобри карактеристики.
Со 10cm графитен стирпор или минерална волна ќе си завршиш работа. Самата промена на прозорите ќе ти влијае на квалитетот, ама пак ќе имаш загуба на топлина низ ѕидовите.
Искрено не сум гледал ваква опција и немам претстава колку им е цената на таквите прозори и врати во споредба со пластичните. А фасадата со стиропорот ми крева многу пари, во куќа сум и високи се надворешно ѕидовите, тешко да инвестирам следни 3-4 години во нова фасада,кај да е треба да ги менувам ќерамидите, па после тоа може да мислам на фасада.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.135
Поени од реакции
17.999
Искрено не сум гледал ваква опција и немам претстава колку им е цената на таквите прозори и врати во споредба со пластичните. А фасадата со стиропорот ми крева многу пари, во куќа сум и високи се надворешно ѕидовите, тешко да инвестирам следни 3-4 години во нова фасада,кај да е треба да ги менувам ќерамидите, па после тоа може да мислам на фасада.
Би ти препорачал да си збориш со машински инжинер или архитект. За добри резултати дома, да ти е топло и да не трошиш многу пари за греење и ладење, а и да не ти се јавуваат проблеми со влага и мувла, треба правилно да ти е изолиран објектот.
Парите се зорт, разбирам. Ама можеш фазно. Прозори, па кров и на крај фасада. Прозорите кога се менуваат, обично внатре треба да се интервенира затоа што остануваат скршени делови од малтерот и мораш да го санираш тоа....после повлекуе кречење....и така...

Ако си гледал прозори, дај некој предлог производител.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.098
Поени од реакции
854
Ja menjav lani, ali ic ne se zamarav kakvi se :D. Kukata imase drveni koga ja kupiv i bea izgnieni i ne dihtuvaa pa vazno mi bese samo da se smenat. Ustvari im kazav na moite da baraat od onie sto imaat 'trickle vent'(otvor za protok na vozduh koj po potreba se otvara i zatvara) ali demek nemalo takvi, pa stavija bez takvi. Za vlaga najgolem problem e greenjeto. U mk obicno site se great samo koga se doma(veruvam sea so inverterite ova e promeneto i se gree postojano) i zidovite u princip postojano se ladni a vozduhot vnatre se zatopluva i se pojavuva vlaga i posle toa i muvla.
Ja ziveam u stan i prvata godina imavme panelka i ja pustavme samo koa sne doma i se pojavuvase vlaga pokraj prozori, posle smenija so termo pecka i taa go odrzava stanot topol celo vreme i vekje nemame problem so vlaga. Tuka kaj mene i zimite se poblagi a i ima izolacija zgradava.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
364
Поени од реакции
857
Убаво @Almeida кажа најдобро е од дрвен профил само има една мана, треба секоја година да ги фарбаш за да ти траат што подолго.
Јас имам дрвени ама со гумени дихтунзи, со метални механизми, на кипер, термопан стакло...и презадоволен сум, да не е фарбањето никад не би ги мењал.

Информирај што ти е понудено, карактеристики, материјал, цени на ПВЦ, онака чисто да знаеме сите како се движи пазарот.
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
448
Поени од реакции
786
Имав прашувано пред неколку месеци во друга тема за ПВЦ врати и прозори, но мислам дека е најдобро да се отвори и посебна тема за ова каде што може да се разменува знаењето и искуството од страна на членовите во оваа проблематика.

Прозорите и вратите се прилично сериозна инвестиција, без разлика дали е градба или реновирање на објект и еден од клучните елементи за добра изолација кој треба да ве служи неколку децении после монтажа.

Во мојот случај имам дрвена дограма и планирам да ги сменам прозорите и влезната врата во моментов со ПВЦ, а со тек на време и на остантите соби (првично најбитни ми се дневната соба, кујната и собите за спиење).

Прашав во неколку продавници досега и гледам дека се нудат различни брендови (најчесто Германски, Турски и Кинески (Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века )), различни варијации на стаклото, бројот на коморите и тн. и цените варираат значително од еден до друг бренд. Дополнително ме опомена пријател да внимавам која фирма ќе ми ги изработува и монтира затоа што дури и најскапиот бренд можело да го изработат лошо и да го монтираат уште полошо и пак да си имам проблеми.

  • Од некои луѓе слушам лоши коментари за влага во објектот и му се јавила мувла по ѕидовите, иако претходно немале никогаш, дали сте имале вакви проблеми и како сте ги решиле?

  • Сум видел и прозори кои доста брзо ја изгубиле бојата од сонцето, а воедно и лоша изработка на рачките за отворање/затворање и брзо попуштаат, особено киперите, кои брендови ги имате користено и на што да се внимава во поглед на рачките, какви метални профили да имаат?

  • Каков тип на стакло, дали мора да има гас (аргон) измеѓу (во принцип стаклото е најголем дел од површината), дали пример да се штеди на пластиката, а да се инвестира повеќе во стаклото?

  • Откако ќе се стават прозорите на што да се внимава при санирањето на тоа што ќе го истуркаат околу прозорот, дали да ставам некаква изолација таму или само да го затворам со гипс?

  • Исто ме интересира за влезна врата на куќа, кај мене е двокрилна дрвена и не планирам да ставам од тие блиндираните, туку стандард од овие белите што ги ставаат по куќи со малечки прозорчиња, дали имате некој искуство со пластична врата за влезна врата на куќа?

  • Препорака од кои фирми и кои брендови имате позитивно искуство, а кои да се избегнат? (мене ми одговара најмногу Пелагониски регион, али ако фирмата има достава и монтажа низ цела мкд би порачал од било кој град доколку се добри).

Во мојов случај имам на 3 места по 3 прозори (дрвените сите се дупли рамки 3те во линија доаѓаат 114х130цм (3 места по овие димензии) претпоставувам кај пвц ќе има по една рамка), еден единечен (85х83цм) и двокрилна врата (190х130 цм) - мерките ги земав самиот, немам искуство како ги земаат и може да варираат по 1-2 цм или пак да ги мерат секој прозор засебно, не целата рамка одеднаш, пред да ми ги изработува било која фирма ќе барам тие да дојдат да си земат мерки да не направиме грешка поради ова.
Да ти дадам неколку совети, прво не штеди и не ставај неквалитетни профили, мој совет е да одбериш нешто од Salamander, Кömmerling, Rehau или Veka.

Јас лично имам 6 коморен Кömmerling со Maco механизација со 3 дихтунг гумици и тројно 4 сезони стакло и сум задоволен како е изработено и како е монтирано ова беше пред 2 години. Имав претходно постара дотраена дрвена дограма која слабо дихтуваше и разликата е огормна и во зачувана топлина и во поглед на звучна изолација. Разликата од две до три стакла во поглед на звучна изолација е доста осетна. Ако не си на фрекветна улица и немаш голема надворешна бука немаш потреба од 3 стакла.

На друг објект планирам за брзо да поставам 5 коморна Salamander дограма, со двојно 4 сезони стакло и siegenia оков, така да ќе споредам која е разликата спрема Кömmerling.

Има големи разлики помеѓи различи профили од ист производител, така да мој совет минимум 5 комори со 76 мм дебелина на профил и 4 сезони двојно стакло и сегде каде што можи постави си кипер, поголема е сигурноста и подобро затвора прозорецот или вратата, цената на еден кипер е од 5 до 7 евра што за инвестиција која би требала да трае 15-20 години не е некоја разлика.
Исто така обавезно да има 1,5 мм поцинкуван челик внатре заради сигурност и цврстина на самиот профил.
Друго ако планираш да поставиш надворешни ролетни тоа обавезно да го прецизираш кога ќе ти земаат мерки, ова можи да е проблем ако не ти остават доволно простор ќе нема каде да го поставиш механизмот за ролетната.
Исто доста битен е оковот или механизацијата на самиот прозорец или врата, џабе е добар профил и најскап со лоша механизација.
Исто така некој спомна дека и најдобриот профил е џабе ако е лошо произведен и монтиран така да види и лично провери кај пријатели и познаници како одредена фирма го изработила и го монтирала самиот прозорец.

Побарај понуда од сите производители со истите димензии и прашај колку даваат гаранција, ако понудите се слични во цена тогаш одбери го прозиводителот кој дава најголема гаранција на профил и на оков(механизација).
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.005
Поени од реакции
3.316
Jaс најмногу овој стил на ПВЦ прозори го обожавам:

Прегледај го приврзокот 253562

Има ли некој информација колку чини метар ваква лајсна?
5евра на метар должен.

Huddle споредба правиш на профил со 2 гуми и 3 гуми, 2 стакла и 3 стакла...според тебе кој ќе победи?

Јас работам со Пвц прозори, фирмата е стара 30 години...имам работено со саламандер, кемерлинг, века, алупласт и сите останати профили...моментално работам со рехау 80мм најчесто со тројно стакло 4x16x4x16x4 перфекција од профил и механизам рото нт.

Работев и во Германија и Швајцарија 6 месеци само монтажа во германска фирма, нормално секое искуство повеќе учиш и се надоградуваш и ќе ви кажам околу мувлата во куќиве наши македонски.

Постои коефициент на звучна и термо изолација Uw според европски стандарди е дозволен до 1.1 промил во градба. во Швајцарија го мерат 3 екипи , едната иде со компресор , другата со звучници , и третата со прашок. Нахнадно го мерат и стиропорот , тежина и густина на метар квадратен и ако потпишат технолозите дека е се во ред , архитектот одобрува плаќање, ако не се наново. Таму стиропор на фасада се реди 22цм, кај нас се реди 5 ка или 8ца максимум. Зидовите се прават дупли со тервол измеѓу, а кај нас е обична цигла со малтер или камен. Таваните се полнат со пур пена, кај нас со летви , чатми , даски и ламперии.
Значи самата изолација кај нас дозволува влага, односно ние за да се спасиме од влага мора почесто да луфтираме, бидејќи не ги задоволуваме стандардите на градење за заштита од влага и мувла. Единствено нешто што постигнува таков ефект и го задржува тој коефициент се прозорите, бидејќи не многу но има фирми кои можат да го изработат тоа.

Патем мала реклама, имам соработка со фирма од Скопје може да ви дадам понуда со и без монтажа на прозори. Машините ни се CNC комплет до финален производ.
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
448
Поени од реакции
786
5евра на метар должен.

Huddle споредба правиш на профил со 2 гуми и 3 гуми, 2 стакла и 3 стакла...според тебе кој ќе победи?
Па би требало 3 духтунг гуми и 3 стакла да победи, ама дали ќе биди осетна разликата ќе треба една зима да помини за да истестирам па да ви кажам, ете ти како човек со искуство во струката кажи на што да обрниме повеќе внимание. Јас сум само корисник на крајниот производ и можам само таква споредба да направам.
Прашање дали 3-та гумица прави толку голема разлика или е повеќе маркетиншки трик? Ако добро е произведена дограмата дали две гумици се доволни или вреди да се инвестира во 3?
Конкретно кој модел и кој производител најдобро се покажал кај нас во Македонија со оглед на големите температурни разлики преку целата година?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.135
Поени од реакции
17.999
Убаво @Almeida кажа најдобро е од дрвен профил само има една мана, треба секоја година да ги фарбаш за да ти траат што подолго.
Секоја година? Што знам?
 
Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
871
Поени од реакции
257
5евра на метар должен.

Huddle споредба правиш на профил со 2 гуми и 3 гуми, 2 стакла и 3 стакла...според тебе кој ќе победи?

Јас работам со Пвц прозори, фирмата е стара 30 години...имам работено со саламандер, кемерлинг, века, алупласт и сите останати профили...моментално работам со рехау 80мм најчесто со тројно стакло 4x16x4x16x4 перфекција од профил и механизам рото нт.

Работев и во Германија и Швајцарија 6 месеци само монтажа во германска фирма, нормално секое искуство повеќе учиш и се надоградуваш и ќе ви кажам околу мувлата во куќиве наши македонски.

Постои коефициент на звучна и термо изолација Uw според европски стандарди е дозволен до 1.1 промил во градба. во Швајцарија го мерат 3 екипи , едната иде со компресор , другата со звучници , и третата со прашок. Нахнадно го мерат и стиропорот , тежина и густина на метар квадратен и ако потпишат технолозите дека е се во ред , архитектот одобрува плаќање, ако не се наново. Таму стиропор на фасада се реди 22цм, кај нас се реди 5 ка или 8ца максимум. Зидовите се прават дупли со тервол измеѓу, а кај нас е обична цигла со малтер или камен. Таваните се полнат со пур пена, кај нас со летви , чатми , даски и ламперии.
Значи самата изолација кај нас дозволува влага, односно ние за да се спасиме од влага мора почесто да луфтираме, бидејќи не ги задоволуваме стандардите на градење за заштита од влага и мувла. Единствено нешто што постигнува таков ефект и го задржува тој коефициент се прозорите, бидејќи не многу но има фирми кои можат да го изработат тоа.

Патем мала реклама, имам соработка со фирма од Скопје може да ви дадам понуда со и без монтажа на прозори. Машините ни се CNC комплет до финален производ.
Ако може понуда и за мене, станува збор за околу 70м2 станбен простор, 3 балконски врати со по 2 прозори до нив, уште еден дупли во купатило и еден единечен во дневна, во врска со изолацијава, планирана е праење нова енергоефикасна фасада на цела зграда
Фала
 
На врв Bottom