Оштетен од кабелскиот оператот "Blizoo"

L

Löwe

Гостин
Абе поголеми лопови и заебанти од Близу нема. Во Прилеп особено нема човек кој не ти се жали од интернетот на Близу. Ја наследија мрежата од Кејблтел, а Кејблтел ја наследија од Бо Нет која беше мизерна и никаква. Тие што имаат интернет од Близу, во Неделата од 7 дена, 3 дена немаат никаков, 2 дена имаат интернет ама никаков, и останатите 2 дена имаат интернет каков што треба.

Братучед ми имаше Мах пакет телефон и интернет, му измина договорот ај ќе се префрла на Близу. Одкако се пријави во Близу за трипл пакет, телефон дигитална и интернет за 999 денари, месец и пол кај него сеуште не се дојдени да наместат тоа што треба да наместат. ИНТЕРНЕТ ОД БЛИЗУ? НИ ВО СОН!
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 20:45 ---
A Аналогната тв? Слика како од времето на Тито, за разлика од Аналогната на Кабелнет во Прилеп, е како да споредуваш фичо и мерцедес
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Eпа кој ве тера да потпишувате договори од по 3 години.Потпишувате нешто што не можете да си го дозволите.Јас сум на 700 денари месечно.Имам интернет и кабелска и супер сум задоволен.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.331
Поени од реакции
6.230
Интернетот е најдобриот од сите оператори, телевизијата е најлоша од сите оператори.
телефон незнам.

Интернетот го плаќам 500 денари, имам одличен интернет. Телевизијата ја плаќаме исто 500 денари, гледаме само македонски канали(кога врне ги нема телма и сител), и плус некои странски кои немаат никаква смисла, како онаа рибарскана и фешн тв, дискавери и другите асални немаат превод за да гледаат постарите, а ја не гледам телевизија(освен телма). Ми испаѓа како да плаќам 500 денари за 10 канали, од кои за 1ва, втора и собраниските, месечно доплаќам 180 денари.

истиот пакет+хрт+ртс+спортклуб во телекабел е 350 денари, бев кај луѓето за 5 дена ми инсталираат мрежа, од овој месец ауфидерзен на близу, нека збираат каблите и нека уживаат.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673
Имаат некоја матна комбинација со Телекабел овие. Од некоја нивна причина не си се мешаат во териториите (бар во Скопје) и населбите што се под Близу се заглавени под нив за век и веков, Телекабел не припарува.

Како и да е, плачат за истрага и двете со случајов, овоа АЕК баш по овој пример се гледа дека е куртонска агенција, направена само за да запослува штабски стаорци и да не врши никаква работа.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Тоа е.
Сфатете дека Близу се најдобри во Македонија.
Исто сфатете дека придавката “добар“ е релативна.
Така да немате баш избор.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Може некој да ми каже какви се Близу пакетите, дали има телефон, интернет и телевизија како кај Т-Home, и какви се цените? Чисто ме интересира. Јас сум на Т-Home, плаќам 2100 месечно, иам 80 програми и следниов нет:

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Што толку мерак имате да мерите на спидтест и тоа во Скопје, не ми е јасно. Земете торент еден, видете со колку спушта и тоа е тоа. Нема да сурфате на спидтест....
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Што толку мерак имате да мерите на спидтест и тоа во Скопје, не ми е јасно. Земете торент еден, видете со колку спушта и тоа е тоа. Нема да сурфате на спидтест....
Просто е - ako connection speed ти е 30MB, торент симиња со 3MB.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Просто е - ako connection speed ти е 30MB, торент симиња со 3MB.
Да ама не секогаш е вака, јас на Он нет бев на тој дуо екстрим пакетот со 10мб и ми симнуваше со 600 наместо со 1 или 1.1 колку што ми симнуваше на близу додека бев на стариот пакет, исто со 10мб :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom