Оштетени 8мм ленти за видео снимки и нивна дигитализација

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Се извинувам што отворам нова тема, меѓутоа не најдов сродна во која би го поставил ова прашање, а вака може да се развие подобра дискусија, пред се како одговор на моето прашање, а потоа можеби ќе се отворат хоризонтите и на некои други членови.

Зголемениот обем на слободно време ми даде за идеја да ги разгледам старите видео снимки од камерата Sony CCD-TR617E, а дел од нив успеав и да ги дигитализирам.

1587505340135.png 1587505516049.png
Истата користи 8мм ленти, но сите ленти освен една се во ужасна состојба. Звукот си е супер, меѓутоа сликата која ја репродуцираат е многу оштетена, некоја помалку, некоја повеќе. Воглавно се манифестира со бранови линии низ целиот екран со што содржината станува нејасна.

Прашањето ми е дали постои некој начин за облажување на ваквото оштетување? Дали постои некакво чистење на лентите или било каков сервис. Секој одговор, совет, упат кон лица/фирми кои се занимаваат со нешто слично би бил добредојден.

Благодарам однапред. :)
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
На што ги репродуцираш?

Има голема веројатност главата на видео плејерот/рекордерот, или во твојот случај камерата, да биде полна со прашина, нели не се користат долго време VhS-oт веќе. Се чисти и механчки со чисто крпче и алкохол, додека работи/врти, се чисти и со видео касети, за таа намена. Друго, од мое искуство, знае да се исчисти и со подолго време работење репродукција.

Е сега конкретно за оштетениве ленти, најбитно е да бидат добро затегнати, знаат да се олабават и да даваат таква изгжвана слика, посебно ако не се чувани премотани и затегнати. Пушти ги до крај да се мотаат на брзо и да се вратат на почеток и истави ги и затегни ги со 5 денарка на тие белите кругови.

Ако во текот на репродукција пример сликата е добра, па после неколку секунди се расипува, па пак се подобрува, и се така се повторува во ист временски интервал, тогаш е оштетена главата и треба да се исчисти.

Најдобро е да ги пуштиш касетите да вртат неколку пати па со самото тоа би се испеглале и би се добила подобра слика.

Ако е скинат или згжван (изџвакан) дел од филм траката, може да се скрати и да се залепи одново со парче селотејп широко колку филм траката, ова и на мали аудио касети сум го практикувал.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
....и ако не го залепи прецизно постои можност да му се дозгужваат.
Тоа е аналогна технологија што излезе од мода затоа што бара многу внимание и е многу подложна на оштетување.

Не знам колку си сам вичен, ама најдобро е да земеш сам да ги прегледаш. Деловите каде што нема слика, можно е да се оштетени, ама можно е и некое ѓубре да е насобрано врз нив. Без да ти се растурат, треба мануелно да ги вртиш и да ги прегледаш.
Провери по интернетов, сигурно има на youtube некој фраер што веќе го покрил „проблемов“. Ако толку си загреан, ќе си ги дигитализираш сам, веројатно ти треба некој конвертер за кабелот на камерата да можеш да го уштекаш во pc и после тоа, непоправливите делови софтверски тргни ги.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Благодарам за одговорите и на двајцата.

Татко ми ја користеше камерата, т.е. снимките на кои сум јас имам возраст од околу 10 години. Камерата е веќе солидни 12-13 години во ќош, па сега со карантинов ме заинтересира дали нешто може да се направи. Баш се сеќавам татко ми прашуваше што може да биде уште пред десетина години, некои луѓе му кажуваа дека е можно лентите да се електризирани или не знам што.. па така и мислев дека нема решение за проблемот, но ајде реков да видам информации од поширок круг, претходно и изгуглав нешто, па реков конкретно некој член да не имал слично искуство.

Околу дигитализацијата, конвертерот баш вчера го земав од Anhoch и веќе дигитализирав неколку снимки.
1587540938191.png

Она што го најдов на youtube кое ми даде "надеж" за оштетените касетите е токму ова видео:
8mm hi8 video tape cleaning , па конкретно ме интересираше дали познавате некој што се занимава со фото/видео и има слична и поефикасна методологија во однос на чистењето :) Ако не, ќе пробам и сам врз основа на вашите совети.

На што ги репродуцираш?
На самата камера поврзана преку 3RCA во ТВ, а потоа истата ја поврзувам со конвертерот на компјутер за дигитализација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom