Pri osteteni nervi vo raka dali znae nekoi dali e mozno da se izleci toa i kako?
Купи си пивски квасец од аптека и пиј го, некаде три пати на ден по 3-4 таблетки. Сфаќам дека имаат таблетите малце гнасен вкус додека ги ставиш во уста и ги голтнеш, ама од искуство, многу брзо се регенерираат нервите.
Мене ми правеа операција на вилицата, имав зародиш на паразитски заб кај корењата на долните 4ка и 5ка, но за да го извадат го анестезираа некако нервот и некаде 3 месеца требаше да не чувствувам пола дел од устата. Ги пиев таблетиве и за некаде 2-3 недели се` си се врати по старо :smir:
Не е исто во случајот со раката.
Кога станува збор за оштетување на нерви на рацете, претпоставувам дека е како во мојот случај - на дигиталните нерви.
Кај мене, пред 3 години на раката ми се појави нешто под до-средниот прст, на левата рака при што имав проблеми со движењето на прстот и константна болка. Им требаа 2 години на трауматологот, ортопедот, неврохирургот и пластичниот хирург да констатираат дека имам шванома - оштетување на Швановата обвивка на аксонот и од некоја причина не се лачи миелин. Ми правеа магнетна резонанца и на глава и на 'рбет, но ништо не се покажа поради тоа што имам клаустрофобија и неможам да ја издржам целата МР. Претпоставката е, дека организмот е склон кон оштетување на таа Шванова обвивка, и еве, по 3 години јас имам проблеми со движењето на два идентични прсти на двете раци. Не ми смета како порано, сепак, нема ни трага од парализа, но чувството е грдо, како да не се твои тие прсти.
Минатото лето размислував за операција, ме пратија кај најдобриот пластичен хирург, и ми рекоа дека шансите прстот да остане парализиран по операцијата се 99,9%, затоа што е многу мала веројатноста при сечењето на нервот повторно да биде зашиен. При ЕЕГ, се покажа дека трансмицијата на импулсите е на маргините на нормалата, и нема потреба да се размислува за хируршки зафат, барем за сега.
Постојат креми кои ја ублажуваат болката, специјални лонгети кои ги ставаат рацете во поволна положба, но доколку не ти претставува проблем или пак ти смета, не размислувај за операција.