"Очи широко затворени" во Македонија

Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Верувам дека повеќето од вас го имаат гледано култниот филм на Стенли Кјубрик - Очи широко затворени. Нешто слично се случува во Македонија и тоа најмалку 3-4 години. Е сеа јас не сум Том Круз и не би можел да кажам што се случува во замокот за кој се бара лозинка, ама сепак нз што ми требаше па истражував и така стигнав до некои информации. Се надевам дека и некој друг ќе пише за да разбереме нешто повеќе околу ова.

Еве за што се работи:
Група која се претставува како организација (не е регистрирана проверено е) има канцеларии во повеќе градови во РМ. Пред канцелариите нема име на фирма, ниту некоја друга ознака. Тие не кажуваат со што се бават, ниту пак со што вие ќе се бавите и колку пари ќе ви даваат за тоа. Ќе слушнете за нив само гласини. Функционерите во канцеларијата не кажуваат колку пари би ви давале и строго забрануваат на нејзините членови да зборуват за тоа. Впрочем ако стнете член една од обврските е да не кажувате за ништо што се случува и што се работи.

Единствени услови за да бидете примени во групата е да имате желба, да носите црна облека (костум), да сте оженет/ омажена (има сличност со очи ширум затворени а?) и да уплатите 1500 денари (мислам дека толку беше одамна праев муабет). Типците имаат канцеларии во повеќе градови во Македонија. Местата не се во некоја забутана населба, а во централното подрачје кајшто кириите и не се баш евтини шо ќе рече имаат пари. А сигурно се поврзани и со луѓе од власта штом нерегистрирано работат ко организација, а и бараат пари за нешто што не кажуваат што е, па и вработените не се регистрирани и не се плаќа данок за тоа.

Е сеа тоа е за да се зачлените. Но нема да ви кажат во што се зачленувате. Во канцаларијата има само еден двајца од пониските членови на групата (сектата). Тие ќе ви кажат дека од нив е толку, а за потаму ќе ви кажат нивните шефови на состанок за кој ќе ве известата накнадно и кои ќе ги видите само доколку ги исполните условите што и јас ви ги наведов. Пробав нешто повеќе од нив да извлечам ама не успеав. Горепишаното лесно можете да го дознаете доколку отидете во нивна канцеларија.

Нешто што нема да ви го кажат:
Плаќаат од 500 или 1000 евра месечно. После извесен период истражување разбрав дека членовите ги собираат (петок чинам беше денот, приквечер) со кола (комбе) и ги носат во куќи. Првиот пат нема да ви кажат кај ве носат, а за потаму дали носат по различни објекти нз, но имаат неколку објекти по неколку градови во РМ. Пред куќите има обезбедување, што ги проверува дали се со препорака и дали се облечени ко шо треба и дали носат оружје. Што се случува во куќата може само да се претпостави. Некои од луѓето што разбрав дека се во групата финансиската состојба значително им се подобри. Не сум сигурен дали се истата група но од другар разбрав дека и тој познава луѓе од сектата што ги земаат на тој начин и им помагаат финансиски. Знам и други случки ама не сум сигурен дали се истите луѓе па не би зборел. Понекогаш ги собираат само жените, а не мажите (зошто не ми е чудно). Што мислите вие околу ова и дали сте слушнале нешто повеќе.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Ја имам читано книгата, и мислам дека е најистрипаното нешто напишано досега!

Значи, ако има некоја сличност, немора да значи дека тие праат оргии. Ако се секта, добро, ништо чудно, кај нас има многу секти и луѓе кои сами се декларираат како дел од нив. Ми имаат кажувано за некоја секта пред извесен период, која се декларирала како еколошко друштво, имала канцеларии и таму ес собирале.

Она што мене ми е чудно е, како даваш вакви информации за тоа што треба да направиш за да станеш дел од сектата и го поттикнуваш куриозитетот на сите млади и желни за авантура на форумов, а и воедно се вмешуваш во опасни кругови - тие се секта. Ќе те најдат, ќе те малтретираат и ќе те убијат.

Или, даваш лажни информации за да добиеш публицитет на нешто кое не постои?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
LOL. Форумот е за мистерии. Ова што го пишав е од она што сум слушнал и видел. Ако си слушнала или видела нешто во врска без оглед дали со тоа ќе негираш или ќе потврдиш пиши ама за неповрзани работи, де еколошки друштва само се бламираш и ја дефокусираш темата. И ти да не си дел од сектата па ми се закануваш со убиство?
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
LOL. Форумот е за мистерии. Ова што го пишав е од она што сум слушнал и видел. Ако си слушнала или видела нешто во врска без оглед дали со тоа ќе негираш или ќе потврдиш пиши ама за неповрзани работи, де еколошки друштва само се бламираш и ја дефокусираш темата.
Не се бламирам. Воопшто.

Ти поставив прашање - како објавуваш информации на форум за нешто кое е противзаконско? За нешто за кое утре можеш ти да бидеш директно инволвиран сведок, затоа што си стапил во контакт со организација која не се занимава со нешто легално.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Објавувам за да ги отворам очите на таквите ко тебе и на оние на коишто им е работа да реагираат, а се со ширум затворени очи. Слободно нека дојдат, за се што знам ќе кажам, јас ниту се плашам ниту пак нешто нелегално имам направено, кој има нека му ја мисли.
 
Х

Ханзо

Гостин
Ова е како оние книги толку тајни што ни авторите не знаат дека ги напишале. :) Ако се толку фенси таинствени, а ти не си член, од каде ги знаеш сите овие работи? Работи, кои секако, нема никаде да ги дознаете...освен...(драматична музика)...овде. :icon_eek:
 
?

..........

Гостин
Интересно се разбира доколку е и вистинито.


А дали има некакви информации на кој начин работи таа организација религиозно, политички општествено..?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Интересна тема, за поинтересна појава... е сега фино би било да го знаевме името на организацијата за да го ставиме во насловот, вака е преопшто и несфатливо за многумина, било како, ако се работи за секта сакам да ме известиш на профил, бидејќи има подфорум во кој таа секта би се разработила, сепак подфорумот религија е место каде што има извесен број на личности кои постираат исклучиво таму а се запознати со повеќето секти и.... останати здруженија.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ова е како оние книги толку тајни што ни авторите не знаат дека ги напишале. :) Ако се толку фенси таинствени, а ти не си член, од каде ги знаеш сите овие работи? Работи, кои секако, нема никаде да ги дознаете...освен...(драматична музика)...овде. :icon_eek:
Не дека нема никаде да ги дознаете туку дека нема да ви ги кажат вработените, освен ако не се зачлените. Јас како сум ги дознал и ти може така да ги дознаеш ако те интересира и ако се потрудиш. Можеби сум ги следел со кола, можеби некој од члеовите ми е другар па ми кажал нешто и покрај тоа што му рекле дека не смее. Се е можно ама не мислам дека има некаква врска.

Интересна тема, за поинтересна појава... е сега фино би било да го знаевме името на организацијата за да го ставиме во насловот, вака е преопшто и несфатливо за многумина, било како, ако се работи за секта сакам да ме известиш на профил, бидејќи има подфорум во кој таа секта би се разработила, сепак подфорумот религија е место каде што има извесен број на личности кои постираат исклучиво таму а се запознати со повеќето секти и.... останати здруженија.
Нз како се вика организација (сектата или нз што е) затоа што нема име на канцеларија, а тие не кажуваат за што се работи. Не пишав дека на прашање дали се секта кажаа дека не биле, ама погледот им беше свртен кон лево и не пропуштија да спомнат дека претпоставените ќе кажат повеќе тие биле за до тука
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
кај мене у близина у маало имаше едни се бафтааа со вакви ствари, дремеаа на клупа цела вечност у папучи и рамборвка, и оп, преку ноќ ги гледаш шетаат со сакмиња и актоквки ко агенти од ефбиај куров, имаше некои муабети као у некоја си од оние пирамидалнине превари биле а-у.
Не знам колку и дали воопшто пари направија, ама прајслес беа моментите кога ќе се избацеа упицанети на +700 низ маало. :)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.674
Поени од реакции
4.783
Којзнае каква оргија паѓа таму , како на времето кога се рокаа во еден магацин во Волково , кој кога стигне :uvo:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
По ништо од ова не познав дека се работи за групација која има некаква нематеријална основа (т.е. дека се работи, на пример за секта).
Единствено нешто што можам некако да го поврзам со почетниов пасус е желбата за носење црна облека, која е предуслов (еден од нив), за пристапување.

Може идеш и рмбаш у drug factory за нарко-мафија, која сака да има cover со секта филмот.

Ако имаат јавни канцеларии тогаш барем тој дел од нивното постоење е видлив за сите, не е таен.

Ако се ептен ултра тајни и супер организирани луѓе кои нешто мутат, онда не е чудо и овој трејд да го видат кај и да е.
 
Х

Ханзо

Гостин
Не дека нема никаде да ги дознаете туку дека нема да ви ги кажат вработените, освен ако не се зачлените. Јас како сум ги дознал и ти може така да ги дознаеш ако те интересира и ако се потрудиш. Можеби сум ги следел со кола, можеби некој од члеовите ми е другар па ми кажал нешто и покрај тоа што му рекле дека не смее. Се е можно ама не мислам дека има некаква врска.
1. Ако си ги следел со кола немаше да ги знаеш (или „знаеш“) оние „инсајдерски“ информации, немаше ни да ја знаеш процедурата за влегување, при такво јако обезбедување, а ќе ги знаеше локациите.
2. Ако другар ти ти кажал, *бати заклетвата за ќутење, *бати организацијата, *бати тајноста. Тогаш сите ќе знаеа за ова ако членовите се лабави на заклетвата и се доверуваат на кој стигнат.
3. Ако ти самиот си член. Ах заеби, читај 2.

Фино е книжето инаку.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Што и да е:

Ако имаат канцеларии низ Македонија, значи дека работат со јавност, бидејќи тие канцеларии се за јавност, како што разбрав. Односно, од јавниот котел се зимаат членови (вработени, watheva). Значи тие канцеларии се таму за некој да влезе и да се информира. Сакам да потенцирам дека ништо тајно нема околу канцелариите кои се достапни за цела јавност. Тоа што самите канцеларии се лимитирани информационо (вработените знаат само толку колку што ти кажуваат) - е друга работа.

Епа, стигнавме до главното: Kаде е таа канцеларија?

може одговор и по ПП или е-маил
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
1. Ако си ги следел со кола немаше да ги знаеш (или „знаеш“) оние „инсајдерски“ информации, немаше ни да ја знаеш процедурата за влегување, при такво јако обезбедување, а ќе ги знаеше локациите.
2. Ако другар ти ти кажал, *бати заклетвата за ќутење, *бати организацијата, *бати тајноста. Тогаш сите ќе знаеа за ова ако членовите се лабави на заклетвата и се доверуваат на кој стигнат.
3. Ако ти самиот си член. Ах заеби, читај 2.

Фино е книжето инаку.
Глеам ја целта ти е да сееш фрустрации по форум ама ај да ти нацртам. Која инсајдерска информација. Дека има обезбедување пред куќите што ги проверува? Не може да се види од кола тоа? Дека финансиската состојба на луѓето кои се членови се подобрила е премногу тешко да се уочи? Во ЦИА има двојни агенти не пак кај нив. За да разбереш хипотетичка ситуација: го прашувам тазе зачленетиот мој пријател (а не шефот на шефоите) со кој заедно сме разбрале за некаква организација која вработувала?
Ај да испаднеме вечер.
Не можам имам работа
Шо работа?
На состанок за орагизацијата шо ти зборев.
А каде ќе се збирате?
Нз не ми кажаа ќе ме земат со кола.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom