Очекувањата на родителите од децата

Дали очекуваа или очекуваат од вас родителите премногу ?

  • Да

    Гласови: 10 43,5%
  • Не

    Гласови: 4 17,4%
  • Не премногу

    Гласови: 5 21,7%
  • Секогаш имале разбирања за моите можности

    Гласови: 6 26,1%

  • Вкупно гласачи
    23
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Многу често родителите имаат проблем со очекувањата за постигнување успех од страна на децата како на краткорочен така и на долгорочен план. Како што пишав тоа е проблем, реален и сериозен проблем кој постои насекаде низ светот. Ваквите релации помеѓу децата и родителот создаваат кај родителот проблем викан "вечно незадоволство" а па кај децата се случува губење на љубов кон родителите што на долгорочен план е страшен проблем кој се одразува катастрофално. Мојот став не е да се испуштат децата и ништо да не се бара и очекува од нив, но да не се претерува со желбите за успех и очекувањата. Значи во рамките на реалноста и можностите и околностите да не очекувате, да се надевате и радувате на успех од вашето дете. Споделете какви се вашите искуства околу оваа проблематика ? Кажете ваши мислења и идеи за оваа релација со која се сретнува секој човек што има фамилија... Споделете вие како родители како се однесувате во овој поглед кон децата и како вашите родители очекувале и барале од вас. Пишувајте што повеќе.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
34
Поени од реакции
31
Еве ја како дете ке зборам, имаше еден период кога мислев дека татко ми премногу очекува од мене, беше во периодот околу упис во факултет, сметав дека соништата кои он ги има за мене едноставно не можам да му ги исполнам, но кога тој седна да збори со мене и ми објасни дека верува во мене, сфатив дека тоа не се негови очекувања од мене затоа што тој ништо не добива од мојот усех, туку тоа се негови добронамерни желби јас да успеам, тогаш кога си размислив сфатив дека во секој претходен случај кога татко ми ми велел ТИ ГО МОЖЕШ ТОА тој всушност бил во право иако јас во тоа не сум верувала. И тогаш како и секогаш татко ми имаше право, успеав и сега сум му благодарна и презадоволна. Е сега има една ралика помегу поттурнување на детето кон она што го сака но се плаши да си го земе и она што не го сака но вие го терате да го земе, тогаш е лошо. Татко ми од мене секогаш очекувал многу малку кога сега гледам наназад, но тоа малку е она вистинското всушност, никогаш не ми велел мораш ова мораш она, или најлошо никогаш не рекол ке ме разочараш ако ова не го направиш. Се секавам кога одев во училиште, секогаш ми помагаше да се подготвам за тестови, но кога ке добиев полоша оценка, никогаш не ме караше, туку ке речеше, ајде да го научиме тоа што не си го знаела, знаеше да ми влијае на тој начин да јас не почувствувам притисок, и јас сум задоволна од тоа во каква личност ме израсна. Мислам дека е важно родителите да препознаат дали нивното дете всушност го сака она што вие го терате да прави, ако детето не е задоволно со тоа што вие го избирате за него, размислете малку, сепак не е ваш живот туку нивниот. По мое искуство поголема обрска е на детето доколку родителот му верува, тогаш повеке се труди да не го разочара, отколку ако родителот го кара за се, тогаш ми доаѓа преку глава па скришно тргнува по погрешен пат. Се на се прво избројте ги грешките што денес вие ги направивте, пред да очекувате вашето дете да го помине денот без ниедна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom