Како што кажав на една слична тема, мене ми е понижувачки да зборувам лошо за некого со кого до вчера сум била во врска. Со тоа сама се претставувам во некое лошо светло ... сум дозволила некое време некого да гледам како светец, а потоа како најголем душман. Во ред е со тек на време да се случи нешто што не сум го знаела или сфаќала, што ќе претставува проблем за продолжување на врската, но тоа не е причина за да го оцрнувам човекот. Сигурно ќе ги споделам тие работи со моите најблиски, но нема да наддавам ништо и да плукам по него. Без оглед дали ми е мило или криво што некоја врска прекинала, не си дозволувам да го омаловажувам човекот. Впрочем, не сум и некоја лигава личност која ги дави другите со сите најубави работи кои ги има и прави мојот дечко, за потоа да чувствувам потреба да го оправдам нашиот крај со негово оцрнување.
Едноставно, со тој што сум - јас сум. Кога ќе прекинеме - ние прекинуваме. Со блиските може да поразговараме општо како ми е пред и потоа, но никакви оцрнувања и бескрајни оговарања. А со подалечните ... со нив не ни дискутирам за поинтимни работи.
А обратно, дали сум чула дека мене некој ме оцрнува? Не дошол до мене таков муабет. Можеби постоел, но јас не сум го слушнала. Се трудам со секого да сум коректна колку што се може, па не верувам дека сум оставила простор за реална лоша слика. Според тоа, ваљда и не сум била со лажговци, кои после врската си дозволиле да ме оцрнат и претстават како најлоша личност.
Тоа би било тоа ...