Охриѓани масовно на групно црковно венчавање

S

Shellshock nam67

Гостин
Православните верници кои од било кои причини не се венчани во црква тоа ќе може да го направат бесплатно на групното венчавање во Охрид во црквата Свети Ѓорѓија во Горна Влашка маала.

Заинтересираноста е задоволителна, а се очекува бројот на пријавени уште повеќе да се зголемува, вели отец Сашо Богдановски.
Семејството Кецкоски кое го затекна нашата камера како се пријавува за црковно венчавање, видно возбудени ја поздравија оваа иницијатива за која, како што велат, се надеваат дека ќе продолжи и во наредните години. Тие во брак биле 50 години, но не успеале да се венчаат во црква.
Според сознанијата во Охрид голем е бројот на брачните другари кои немаат склучено црковен брак, па оттаму и идејата за една ваква венчавка.
Групното венчавање во Охрид е закажано за 6 ноември. Инаку вечавањето во црква чини три илјади денари.

e pa ajde koj e za vencavka bujrum ;)
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.129
Какво перења на мозоци организира Црквата:eek:
Уште не ми се верува дека луѓето неконтаат.
Браво за Црквата вистински пример како денес се води успешен бизнис.(y)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Интересно, стапувањето во заедница пред Бога нели требаше да е само желба на младенците, без дополнителни финансиски обврски?

Во стилот на Т-Home >>>
За само 3000 денари (со пресметан ДДВ) ,во сите продажни објекти на МПЦ гратис венчавка!
После ко ќе излезиш од Св. Ѓорѓија ќе ти дает испратница во случај ако те застанат цајкани кај Арена да се правдаш зошто сте чудно облечени и носите 43 бонбониери в багажник :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom