Охриѓанец во екипажот на Колумбо!?

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Зошто ги лажете нашите браќа.Во Охрид сите си сме Бугари,дојдете слободно...ве чекаме.Ке ве прошетаме на секаде со нашето бротче.
Ке ви ја покажеме Драгановата куќа на која што стои се уште натписот
Јас Драган Бугарин ја направив оваа куќа во лето господово...,а и манастирот Св Наум...Слободно дојдете,не ги слушајте овие србокомунистиве...:pos2:
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Интересно,на мене првата приказна ми се чини по вистинита!!:salut::salut:
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
1
Dokolko si spomniam Alfonso de Orhidea e pogreban pod praga na crkvata, oti koga e umiral e kajuval: "Jas ne mojah da pomognem na narodot si da se osvobodi. Za tova me pogrebete taka deka site da me tpchat(odat vrz men).
Koga se e karal i navikval po drugite ispanci, nikoi ne go razbiral ot vikal na "nekakov nerazbiraem ezik"....
Kogato e videl bregovete na denesna Venecuela e kazal: Tuk e krasivo (ubavo) kato Malka Venecia. A terminot "Malka Venecia" se proiznasia(kajuva) - "Venecuela", misla na ispanski..Cela Venecuela si go obica i uvajava i znaat ot kade ide imeto na drjavata im. Taka- da se znae deka edin Ohriganec e krstil drjava.
On e edin Velik Ohriganec - nema sto da se govori za etnos, ako se ne naidat sigurni, dostoverni izvori.
Vecha mu pamet i leka prst.
Toi i Kolumb se kazva Pedro Skoto i ...ama tova e druga tema...
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.100
Поени од реакции
2.913
Интересно, со оглед на тоа дека има толку извори, мислам дека е вистина ова. :toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.492
Еден Македонец е уште една светска легенда, Драган од Охрид. Полн со авантуристички дух, воинственост и бунтовност, а од друга страна добар, чесен и наивен. Колку типични карактеристики кога би се опишувал секој македонец и тоа генерално. Драган живеел во 15 век и бил еден од морепловците на екипажот на Кристофер Колумбо, а шпанските експерти од 15тиот век така и го записале како Драган од Охрид или Алонсо де Лихнидиа... Во неколку продолженија ќе објавуваме преводи од книгата

Имиграција во Америка

John Carroll University
Hall & СО., Boston

ГЛАВА 18
Македонци

Најмалата имигрантска група во Јужна Америка се Македонци. Уште пред да се приклучат на миграција од Балканот кон северноамерикански континент, еден од нив, македонец, беше помеѓу екипажот на морнарите на Колумбо, и тоа при мисијата кога ја открил Америка во 1492. Неговото име беше Драган. Тој бил роден во градот Охрид, важен центар на македонската култура и религија. Драган припаѓал на Богомилите. Тој пропатувал и стигнал во Шпанија, но бил откриен како верски противник и осуден од страна на властите да умре во Саламанка. Бил спасен од сигурна смрт од страна на Колумбо, кој во тоа време веќе ја собираше неговата екипа пред едрење во Америка. Драган кој бил искусен ловец на тој начин стана вреден член на Колумбовиот екипаж.

По откривањето на Америка- Колумбо се вратил во Шпанија – Драган, останал со Четириесет и двајца други морнари на новоизградента тврдина La Navidad. Потоа тој го преживеал масакрот во Индија.

... Гонсало Мигуел Охеда, познат Каталонски патриот и историчар-истражувач, цели петнаесет години се ги посветил да истражува и пребарува во архивите и летописите кои широко се растурат низ Шпанија, и е познат по неговото благородно презиме Охеда. Целта му е да го најде родното место и датата на раѓање на морепловецот Алонсо де Охеда, односно Драган од Охрид, кого тој го сметал за свој именит роднина. Тој се сретнал и разработил 33 случаи на благородници со името Алонсо де Лихнида, чие родословие е започнато во село Охеда до град Бургос во Каталонија, пред да се отсели во Кастилија, Круз, Арагон и Андалузија, но ниту еден од нив не се совпаѓаат со мореплавецот Алонсо де Охеда. Гонсало Мигуел Охеда резимира дека неговиот негативен резултат на 15 годишното истражување во барањето на родното место и родената дата на морепловецот Алонсо де Лихнида во написот "Хидалгото Алонсо де Лихнида", отпечатена во град Бургос, во 1963 година во списанието за новиот свет (Индија), покажа нешто што најмалку го очекуваше, Алонсо не му е роднина туку е македонец. Еве што вели Гонсало Мигуел Охеда: "... со бројни докази се отфрли основата, што го даде почетокот на верзија за раѓањето на Алонсо де Охеда (морепловецот) во град Куенка и под истите размислувања се посочи дека податоците се однесуваат на други познати личности кои имале исто име и презиме, како во оваа ситуација нашиот херој до тој момент останува таинствена. Така прашањето за лоцирање на местото каде што нашиот прочуен и искусен воен морепловец (Алонсо де Лихнидија) ја остава мистерија за своето потекло. Но со понатамошното истражување од писмата на шпанските дворски дами се разоткрива идентитетот и потеклото на Драган- Алонсо.

Без сомнение Алонсо де Охеда е еден од нај познатите личности, кои се причината за населувањето на Шпанците во Новиот свет. Точно е дека Алонсо де Охеда, како војсководец е прав воин, кој се справувал со воените напади на Индијанците и благодарение на неговата храброст и на неговите воени стратегии и воените способности, успева да стави МИР ВО КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Колумбија НА ЕСПАЊОЛА. Покрај тоа, тој е првиот Европеец кој стапнал на американскиот континент, впрочем на Алонсо де Охеда се должат географските истражување за составување на познатата карта на светот од Хуан де ла Коса во 1500 година. Алонсо де Охеда е една особено значајна личност, и воодушевува и плени со својата храброст, безстрашност и младост. Токму заради неговата решителност и ризични и храбри постигнувања, тој стекнал почит од шпанската кралица Исабел Католичка, почит и покровителство од војводата Медина, како и од владиката на Севиља, дон Хуан Родригез де Фонсека, како и довербата од дон Кристобал Коло.
Алонсо ДЕ ОХЕДА е херој на Шпанија. на кого се припишуваат најголемите подвизи, кои се толкуваат на повеќе начини па му се признаваат и добри дела и пороци.

Остатоците од таканаречената Мапа Мунди -1500 година При брегот на Бразил се лоцрани двата брода со кои се вршела мисијата.

Алонсо де Охеда

Животот на Алонсо де Охеда е исклучително динамичен и интересен како од историски, така и од психолошка гледна точка. Не постои некоја друга, толку извонреден личност, која буди толку голема недоумица и контроверзност во истражувачката хрониката од XV век. До денес нема историчар од Запад не се ангажирал да го разгледува и објасни Подискутабилно за неговите постапки. Алонсо де Охеда се уште останува мистерија и парадокс - голема загатка. Дури и самите научници - шпанци, кои би требало да го познаваат подобро од сите, не се знае по одделни епизоди од животот. Тие не ги знаат дури ни неговото родно место, немаат податоци за родителите, конфузија од многуте животни судири, што тој ги има, а исто така и од нешпанското, странско име и презиме, со што е познат речиси до својата смрт, дури и на кралскиот двор.

Најпрво да видиме какви податоци дава шпанската енциклопедија од 1972 година Алонсо де Охеда (Hojeda), откривател на Венецуела, роден во град Куенка, на уште неопределен датум од историчарите. Предвидено околу 1470 година Оваа дата е мошне веројатна, со оглед дека тој зел учество во војната против маврите во Гранада. Тој бил хидалго (витез), потекнува од витешко презиме, чија феудална господарска куќа била во големото село Оканја. Монахот Бартоломеј де Лас Касас го опишува: "мал на раст, но доста добро граден", а Кристофер Колумбо пишува за него, дека бил "многу нападен млад и со многу поголема смелост. Според тврдењата на неговите современици се знае дека бил експерт по воени дисциплини при употребата на сила и сакал бој со меч. Заради лојалноста кон Богородица заслужува да се нарекува "Рицар на Мадона" (Кавалер на Мадона). Можел да биде еден голем конквистадор, но не поседувал потребни квалитети за една таква способност. Не бил ниту умен, ниту прозорлив, како политичар. Лишен од измама и лицемерие.

Поради големата негова храброст станал шеф на конквистата (освојување), гувернер на Кокибакоа и на Колумбија. Неговото патување било во првото патување на Кристофер Колумбо, а потоа следеле второто и неговото трето патување.
Неговата намера да формира населба во заливот Санта Круз, во близина на Корабно платно во Венецуела, но не успеал во намерата. Првото патување до Индија (Новиот свет) го направил со Кристофер Колумбо, со кого заминале на 25 септември 1493 година. До тогаш тој бил паж на дон Луис де ла Серда, војвода Медина. Како капетан на еден брод тој стигнал до островите Доминика, Маригаланте и Гвадалупе. Пристигањето на островот Еспањол, му овозможило да застане на чело на една експедиција до Сибоа (Сибао) по наредба на Колумбо и пак по наредба на истиот, да им помогне на Шпанците од форта "Свети Тома", кој бил обседнат од Индијанците. На 25 март 1495 година тој се борел заедно со Бартоломеј Колумбо (против Индијанците - б. А.). (Тогаш Шпанците ја понесуваат победата - б. А.).

До крајот на 1498 година Охеда престојува на о. Еспањол, а во почетокот на следната година е во Кастилија, каде научи за отворањето на брегот на пари од Кристофер Колумбо. Благодарение на препораката на владиката Хуан Родригез де Фонсека, тој е на чело на една експедиција, која траеше во овој дел на Индија. Хуан де ла Коса е главниот пилот, а Америко Веспучи - географист (хроничар). Заминуваат од пристаништето Санта Марија на 18 или 20 мај 1499 година, со четири бродови. По 24 дена патување стигнале до дел на Јужна Америка, наречена Суринам. Виделе многу реки, меѓу кои Есекибо и Ориноко, огледало островот Тринидад, кој бил откриен од Колумбија и го запоседнале брегот на сегашна Венецуела од Кумани (Заливот на бисерите) до пристаништето на Опијнатите (Чичириче), кој се наоѓа во сегашната држава на Јастребот , каде што се бореле со индијанците. Охеда го нарекол островот Карасо, Острово на гигантите, поради големиот раст на населението.

Продолжува
 

Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
Ова звучи малце , предобро да биде вистина .. ако ова во јавност се пушти и се брани , ќе изгледа дека Македонците се најмоќни тактичари и воини во светот ... што е до мене супер , али странциве ке не гледаат криво малку :P

Се е можно ... :toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.492
Не суди пред да го видиш продолжението.

Никој странец нема тебе да те промовира и велича, нормално дека секој се бори за своето право, време е ние да се бориме за нашето.

Ниту Колумбо бил Шпанец :)

А тоа што Драган од Охрид е намерно изоставан од историографијата и се подметнуваат фабрикувани информации за него, треба доволно да ни укаже дека сме на добар пат.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Ѓорѓи од Лихнидос, топчијата на Колумбо

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72311923473&id=13&prilog=0&setIzdanie=22338




Ѓорѓи е првиот Македонец што стапнал на тлото на Америка во 1492 година заедно со Кристифор Колумбо, но тој податок нашата од скоро пишувана историја сé уште не го детектира и го држи настрана




Млад докторанд на престижниот универзитет „Принстон“, по трагата на пештерски цртеж во Средна Америка, на кој е претставен долгокос маж што излегува од морето со топ што фрла пламен под рака, го открива идентитетот од преписката на шпанска принцеза со нејзината братучетка во австроунгарскиот двор.

Во едно од своите писма и пишува како и фатил око висок личен морнар со долга руса коса. Пред насобраниот народ во пристаништето во Севилја, тој е претставен како главен оружар на бродовите на Кристифор Колумбо. На испраќањето на бродовите присуствува и кралското семејство, меѓу нив и младата шпанска принцеза, која го бендисала топчијата и го запомнила како Ѓорги од Лихнидос.

Значи Ѓорѓи од Лихнидос, а не Драган како што милуваат да го нарекуваат (и присвојуваат) извесни креатори на историско-митолошки конструкти во соседството. А Охрид отсекогаш, фала богу и денес, е македонски и само македонски град. Ѓорѓи е првиот Македонец што стапнал на тлото на Америка во 1492 година заедно со Кристифор Колумбо, но тој податок нашата од скоро пишувана историја сé уште не го детектира и го држи настрана. Но во ерата на информатичката експанзија, многу приказни пловат низ етерот, се вкрстуваат и допираат на лабавите струни во нашите кревки информациски тела. Тоа ни овозможува да изромантизираме, истражуваме и да конституираме сопствен историско-митолошки дискурс.

Од каде и како Ѓорѓи во Шпанија. Според американски истражувања, постојат две толкувања. Според едното, Ѓорги бил религиозен еретик од Македонија што прогонет бега во Шпанија. Таму е пронајден и осуден на смрт. Од клада го спасува Колумбо и подоцна го регрутира на својот брод. Стандарден филмски стереотип. Според втората можна варијанта, уште како мал, откако Охрид паднал во рацете на Турците, неговото семејство се сели во Шпанија. Таму тој изградил брилијантна кариера во армијата и станал омилен и во шпанската круна. Така стигнал и во посадата на Колумбо. Според трета романтична варијанта на мојот пријател Кире Тренчески, во времето многу охриѓани гурбетувале и учествувале во пиратски авантури во водите во зоната околу Отранскиот Теснец. Ѓорги станал легенда на Медитеранот, па што поради храброста, што поради морнарското искуство, бил добредојден и во посадата на Кристифор Колумбо. Подоцна, по освојувањето со Колумбо, тој формирал и своја експедиција и пловел до денешна Панама, до Венецуела - која ја нарекол според нему омилената Венеција итн., итн.

И сега еве сме на почетокот - кој и чиј е Ѓорѓи. Повторно во зоната на пресметка со фактите, митологемите, стварноста, фактите како став, сé во рамките на раѓањето на уште еден сладок парадокс. Дали е Ѓорѓи навистина тој самиот или е Драган од некогашен нечиј Охрид?

Предлог до Обединетата македонска дијаспора: иницијатива, проект за изградба на споменик на Ѓорѓи во родниот Охрид, за да не ризикуваме во Европа да биде окарактеризирано како проширување на антиквизцијата, а од домашната јавност како трошење средства за споменици. Покрај Охридско Езеро, покрај светите Климент и Наум, нека никне и споменик на храбриот морепловец, на кого предците и потомците на македонските Американци би биле горди и што ќе означува мост меѓу старата и новата татковина. А ние овде на Балканот ќе се поклонуваме и ќе го водиме, славиме и претставуваме како човек на светот. Ѓорѓи од Лихнидос го заслужува тоа.

Авторот е публицист, филмски и ТВ-режисер





Автор: Аљоша Симјановски
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Имам за Драгана и порано читано, ама не вака исцрпно. Добро е што повторно и детално се пишува за него. Не смее да се заборави, напротив, треба уште повеќе да се разгласи.
А Бугарите : :pos2:. Порано имам читано дека и Васко де Гама бил Бугарин (можеби дека се викал Васко).
Васко од Васил нагалено нели? ;)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.571
На википедија не пишуваат баш вака како вие што сте пишале. Си го присвоиле како шпанец и пишале дека е роден во Cuenca, Spain.
Во Венецуела има град по неговото име Ciudad Ojeda.
http://en.wikipedia.org/wiki/Ciudad_Ojeda
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.251
Ете зошто бил Бугарин тој Драган... Ко’ ќе му донеселе то’ Индијанците нешто да поткасне тој лаком (како и секој Бугарин) на сето им велел : “и това ште го поједем (или : поједа)“. Па од тоа Поједа останало на крај : Оједа :) (значи : “се му даде (сиудад) - Поједа (Оједа)“ или : “се што му дадоме - се поједе“):pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom