Сето тоа тоа е и одобрено и изведено од Охриѓани. Некои велат, „не се тоа Охриѓани, туку дошле од селана,“ ама и луѓе од Варош исто си работеа на врвни позиции во општината. За сите кои работат во Општината, и за сиве овие дваесе години никогаш не сум видел да некој од нив биде соочен со негодувања... Туку, кога и да видам да луѓе се сретнуваат било со советник, градоначалник, и други вработени, вклучувајќи го - началникот на секторот за урбанизам кој како „длабока држава“ опстана низ секоја промена на администрација, - каде и да ги сретнете, ги поздравувате срдечно и ги третирате како со блиски, најблиски, род свој, другари, соборци...