Охрид

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Имаш на 15 корпус велосипедска патека, фино, лепо обележана. Поставена таму со цел возачите на велосипед да не излегуваат на магистрален пат. Колку требит да си нетокму, за да ја паркираш колата на велосипедска патека. И сега кај да возат велосипедистите? Да летнат?
Зошто е толку тешко, МВР да постави една патрола 2 недели (ионака имаме полицајци со лопата да ги рини човек), па напишат по некоја казна за погрешно паркирање, веројатно тогаш ќе им дојде памет дека не се паркира на велосипедска патека.
Исто се случува со велосипедската патека на кеј или после мостон. Па гледаш бре мајко му стара, дека ти е обележано со црвена боја. Имаш место за пешаци, што мајка бараш да се шеташ на обележана велосипедска патека. Тој што вози треба да се обеси на звончето, или ако евентуално нема звонче, да свирка или да вика Ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј.
Ова е пошо ти како пешак/велосипедист во македонското опШтество вредиш нула. Ни со нула не те множит. Јавниот простор е за коли. Си купил кола и готово, сите правила на универзумот можиш да ги прекршиш. Сепак си платил пари!
Немат паркинг? Оппп ајде на тротоарче. Мака ти е да се качиш на тротоарче? Велосипедска патека батеее, пушти 4 жмигавци и се е дозволено. Пешак поминвит на пешачки? Немат зошто да застанвиш, само забиколи го. Во екстремни случаи кога тротоарот/велосипедската патека се заградени со конуси, се одит на најбалканското решение. Застани на лента и пушти си 4 жмигавци. 5 минути само да завршам. Немат зошо ти да се паркираш 100 метра подолу кај шо имат паркинг и да ојш пешки 2 минути. Да требело да ојш пешки немат да си купвел кола! Не си ти крив шо секое киоскче кај шо застанвиш да завршиш работа немат паркинг точно пред влезот за сите муштерии.

Работа шо не можам да ја сфатам е како досега немат јадено некоја тужба општинава за загрозување на животи. Секоја улица шо е раскопана во моментов е темпирана бомба. Ај шо требит да избегниш дупки остаени на пола, требит да пазиш на пешаци шо се движет по улица пошо тротоарот е раскопан, и истовремено требит да заобиколвиш коли остаени со 4 жмигавци. Јане Сандански, 400 метри, се прајт 6 месеци. Ама то и се очеквит поши се работит ексклузивно за викенди, во најголемите гужви сред сезона.
Од Палас до кај Паткана улицата е затворена за пешаци, мали деца пуштени имат, и секогаш се наоѓат некој со моторче шо поминвит низ цела гужва. Еднаш немам видено полиција. Плус мислам дека велосипедската патека тука е најголем промашај, на таков проток на луѓе невозможно е таа патека да е ексклузивно за точаци освен ако не е забарикадирана од двете страни.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Јане Сандански, 400 метри, се прајт 6 месеци. Ама то и се очеквит поши се работит ексклузивно за викенди, во најголемите гужви сред сезона.
Од Палас до кај Паткана улицата е затворена за пешаци, мали деца пуштени имат, и секогаш се наоѓат некој со моторче шо поминвит низ цела гужва. Еднаш немам видено полиција. Плус мислам дека велосипедската патека тука е најголем промашај, на таков проток на луѓе невозможно е таа патека да е ексклузивно за точаци освен ако не е забарикадирана од двете страни.
Емке, гаражите им се за чување на зимница и дрва, а дворот им е приватна тревна површина. Во двор да ја паркираш колата е строго забрането. Па фино лепо ќе си ја паркираш колата на тротоар, тазе асвалт, тазе обележана велосипедска патека. Да не ја горит сонцено бадијала:sneaky:

Јане Сандански 6 месеци, пффффф мачкина кашлица. Чекај таа не е ни почната. Абас Емин веќе 2 години се работит и уште не се готови. Помини по Абас Емин, половина улица е паркинг. Две коли да се разминат во исто време нема место, а замисли поминува мајка со количка, или велосипед или размуабетени пензионерки си одат од пазар со торби кон дома, традиционално мора да одат на сред улица, затоа што нема тротоар. Тротоарот е узурпиран од господава што не знаат да одат пешки или од овие што си го чуваат дворот за нов.

Велосипедската патека не е промаш тука. Промаш се неписмениве пешачи. Гледаш како на ќјор ти обележале со црвена боја, знаеш дека тоа е велосипедска патека, знаеш дека по велосипедска патека се движат велосипеди, знаеш дека пешак не треба да се движи по обележана велосипедска патека, ама НЕ, тие упорно одлучуваат да одат баш по неа. Не затоа што нема место каде да се движат. Туку затоа што така им одговара. Затоа што никаде и никогаш (кај нас) не се почитуваат правилата пропишани со Закон. Кај нас совеста не работи.

П.С. Емке, дај да му стегниме една тужба на Костета :sneaky:
 
Член од
24 август 2017
Мислења
310
Поени од реакции
723
Проблемот е во целата држава, но за тоа какви туристи идат во Охрид главна улога игра тоа што нуди Охрид и кој се условите.
Треба да се одлучи што ќе се пласира, или журки и пијанчење, плажи или култура.
Греота е вака од се по нешто за на крај ништо да не е како што треба. А колку само убавини има тој предел.

Пак ќе повторам, не е само до охриѓани, но најголемиот дел од вината е баш кај Охрид како град.
Јасно де Охрид е крив шо е едино атрактивно место во државава па мора цела МК да иде, Охрид е крив шо климата е добра па исто пак цела држава мора да иде, Охрид е крив шо е скап па пак и оние невработени можат да дојдат етц етц....Друже Охрид ништо да не нудит пак цела сељачана од МКД ке надојде и пустош зад себе ке е, само за репер во Скопје имат паркинзи колку сакаш па пак нема слободен тротоар ако ме свакаш итн итн итн итн
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Закључок, во Охрид ни требит еден Саша Богданович(Српче) да ни го донесиТ редот за со паркирањево. :D
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Емке, гаражите им се за чување на зимница и дрва, а дворот им е приватна тревна површина. Во двор да ја паркираш колата е строго забрането. Па фино лепо ќе си ја паркираш колата на тротоар, тазе асвалт, тазе обележана велосипедска патека. Да не ја горит сонцено бадијала:sneaky:

Јане Сандански 6 месеци, пффффф мачкина кашлица. Чекај таа не е ни почната. Абас Емин веќе 2 години се работит и уште не се готови. Помини по Абас Емин, половина улица е паркинг. Две коли да се разминат во исто време нема место, а замисли поминува мајка со количка, или велосипед или размуабетени пензионерки си одат од пазар со торби кон дома, традиционално мора да одат на сред улица, затоа што нема тротоар. Тротоарот е узурпиран од господава што не знаат да одат пешки или од овие што си го чуваат дворот за нов.

Велосипедската патека не е промаш тука. Промаш се неписмениве пешачи. Гледаш како на ќјор ти обележале со црвена боја, знаеш дека тоа е велосипедска патека, знаеш дека по велосипедска патека се движат велосипеди, знаеш дека пешак не треба да се движи по обележана велосипедска патека, ама НЕ, тие упорно одлучуваат да одат баш по неа. Не затоа што нема место каде да се движат. Туку затоа што така им одговара. Затоа што никаде и никогаш (кај нас) не се почитуваат правилата пропишани со Закон. Кај нас совеста не работи.

П.С. Емке, дај да му стегниме една тужба на Костета :sneaky:
Не се согласвам околу велосипедската патека на кеј. Имаш два воза за деца што се движат по таа патека, значи амин им е даен од општина да се движет баш по таа патека ( велосипедистите неважни ). Имаш од другата страна бутки за јадење, и во просторот што останува нема место за пешаци, не па за велосипедисти. Велосипедска патека требит на Партизанска, шо ќе се приклучит директ на велосипедскана после мостон. Ова сега е смешки живи. Иначе еве секојдневна слика :
240544893_402344057892123_7478551318992694623_n.jpeg

Него други прашања ме мачет. Ова се загради во јануари, се истадоја неколку бекатонки, и шо напраја?
240495671_351329913335628_6050785031428586692_n.jpeg

Тие една улица од 400 метри не может да ја напрает пола година, ќе го реновирале кејов.

И за крај.....

Пецаков: Ќе направиме индустриска зона во Охрид и ќе го зголемиме бројот на туристи

Зоштооо од старт си пукаш во колено? Излези бар вети нешо реалистично во предизборнава кампања. Појќе туристи ќе донесел.... не му требет на градов појќе туристи, на градов ремонт му требит од корен.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Доаѓам после подолго време во Охрид, кои се најдобри плажи моментално?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792

Kajgana Shop

На врв Bottom