Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 4.913
- Поени од реакции
- 12.402
Ова е пошо ти како пешак/велосипедист во македонското опШтество вредиш нула. Ни со нула не те множит. Јавниот простор е за коли. Си купил кола и готово, сите правила на универзумот можиш да ги прекршиш. Сепак си платил пари!Имаш на 15 корпус велосипедска патека, фино, лепо обележана. Поставена таму со цел возачите на велосипед да не излегуваат на магистрален пат. Колку требит да си нетокму, за да ја паркираш колата на велосипедска патека. И сега кај да возат велосипедистите? Да летнат?
Зошто е толку тешко, МВР да постави една патрола 2 недели (ионака имаме полицајци со лопата да ги рини човек), па напишат по некоја казна за погрешно паркирање, веројатно тогаш ќе им дојде памет дека не се паркира на велосипедска патека.
Исто се случува со велосипедската патека на кеј или после мостон. Па гледаш бре мајко му стара, дека ти е обележано со црвена боја. Имаш место за пешаци, што мајка бараш да се шеташ на обележана велосипедска патека. Тој што вози треба да се обеси на звончето, или ако евентуално нема звонче, да свирка или да вика Ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј.
Немат паркинг? Оппп ајде на тротоарче. Мака ти е да се качиш на тротоарче? Велосипедска патека батеее, пушти 4 жмигавци и се е дозволено. Пешак поминвит на пешачки? Немат зошто да застанвиш, само забиколи го. Во екстремни случаи кога тротоарот/велосипедската патека се заградени со конуси, се одит на најбалканското решение. Застани на лента и пушти си 4 жмигавци. 5 минути само да завршам. Немат зошо ти да се паркираш 100 метра подолу кај шо имат паркинг и да ојш пешки 2 минути. Да требело да ојш пешки немат да си купвел кола! Не си ти крив шо секое киоскче кај шо застанвиш да завршиш работа немат паркинг точно пред влезот за сите муштерии.
Работа шо не можам да ја сфатам е како досега немат јадено некоја тужба општинава за загрозување на животи. Секоја улица шо е раскопана во моментов е темпирана бомба. Ај шо требит да избегниш дупки остаени на пола, требит да пазиш на пешаци шо се движет по улица пошо тротоарот е раскопан, и истовремено требит да заобиколвиш коли остаени со 4 жмигавци. Јане Сандански, 400 метри, се прајт 6 месеци. Ама то и се очеквит поши се работит ексклузивно за викенди, во најголемите гужви сред сезона.
Од Палас до кај Паткана улицата е затворена за пешаци, мали деца пуштени имат, и секогаш се наоѓат некој со моторче шо поминвит низ цела гужва. Еднаш немам видено полиција. Плус мислам дека велосипедската патека тука е најголем промашај, на таков проток на луѓе невозможно е таа патека да е ексклузивно за точаци освен ако не е забарикадирана од двете страни.