Тука наидов и луѓе кои не сакаат туристи кои нема да потрошат во градот кеш.
Едно е да плукаш по луѓе кои дивеат низ улици, и валкаат да се разбериме.
Се повеќе наидвам на слики на Фејсбук ги сликаат оние кои доаѓаат со коли преполни со храна, алоо не секој има кеш да си дозволи да спие во хотел полн пансион.
Тие не се луѓе, не сакаат да одат на плажа, езерото да не е приватно ?
Срамота, да го исмејуваш некој дека си донесол на плажа фрижидерче со сок и ладен сендвич да речиме.
Истото ова да го видиме во Шведска ќе ни биди најнормално, ама тука не е во ред,тука мора да лежиш на лежалка и да пиеш коктел или корона инаку си клошар.
Лани летото бев Шведска, цело лето го поминав на плажа оти живеев на 1 км од морето, сите на плажата си носеа храна и пијалоци, супи јадеа на плажа верувале или не па не видов никој да ги слика и да ги споделува на социјалните мрежи.
Јас за истово пишував пред некое време, проблемот е шо СИТЕ ПЛАЖИ од почеток на Охрид до букално ЉУБАНИШТА сите се бетонираја и на сите се поставија лежалки и се НЕДОСТАПНИ за Охриѓани.Ние го имаме најголемиот проблем од тоа, јас лично шо не сум ни многу стар можам да ти кажам примери каде што сум пораснал ко дете и сум киснел цело лето и сум одел само со пешкир и една палачинка или сендвич шо сега неможам истото да го прам зошто е бетонирано и све е поставено со маси и лежалки.
80% од Охриѓани во последниве 2-3 години најмногу одат Љубаништа на плажа шо е
40 МИНУТИ од Охрид со кола за да может да го напрает истото то ти шо го викаш.Све до таму е постелено со маси ко да е од таткому на газдата и си опкружен со музики, лежалки, фрижидери и слично.
А за примерот со Шведска ке ме извиниш, овдека обичниот Македонец од друг град ко ке дојт, шо му е испод чест зш "more si e more", сакат да земит патлиџани и пиперки од дома, и да ги јајт 12 сати на лежалка или на маса со 1 ладно еспресо дури келнерот му носит вода и му менвит пепељара.
Не беше ни пред 1 месец ко дојдовте во темава да се жалите зш ке ги урнеле платформите, па ке немало кај да сејте на лето ко ке дојте на одмор или плажата ке била "gnasna" со алги(зини земјо голтниме) и камења.
Можам и да ти кажам дека секој пример шо сум го видел од џубре на дива плажа во мојов живот е од домашни туристи, не ни млади глупи дечки, туку цели фамилии со се деца и баби и дедовци шо ке седет на дива плажа цел ден и ко ке си одет едноставно све ке остает кај шо седеле, од салфетки, до шишиња и пикафци закопани в земја кај шо лежет.
И јас сум шетал во други градој ко тинејџер ко џуптин со 200 денари 10 дена, то не ми е проблем воопшто мене да идет секакви луге и да си уживет колку шо может, проблемот е шо голем дел сакет да седет на платформа со 1 еспресо 6 сати и да јадет сенвичи од дома и кока кола од продавница или да одет на дива плажа и да остает депонија позади нив зш немат никој кој да ги видит од околу и многу му е тешко 5 минути да соберет све околу нив на сиодвење и да го земет в кола.
Проблемот то е пак за наш лош менталитет, јас немам видено Охриѓани истото да го прает, зш обично ко имаше достапни плажи за Охриѓани ке се вратеа тука секој ден, па никогаш немаше ѓубре, напротив порано "диви плажи" беа посредени од сегашниве ресторани и кафичи на брег иако немаше ни пола метро бетон и ни еден стол
Исто да се надохнадам, проблем е и немање на канти, или поставена канта па ја скршил некој тинејџер и ке стојт скршена 15 години.
Директорот на Комунално излезе исто на телевизија да ја молит полицијана да му помагат на џубретарскине камиони да соберет џубре и да стигнет до контењери зш цел град, секој тротоар и секоја улица е паркирана со коли НА СРЕД ПАТ 90% со скопски таблички другите со од други градој од Македонија.
Само кај нас го имат ова и во африка, да ојш со кола на одмор кај шо знајш дека немаш паркинг, па паркираш НА СРЕД ПАТ ко џуптин буквално.
Секако ништо ова не е изговор за да јајш крофни покрај езеро на клупа и едноставно после џубрето да си го фрлиш наземја пред нозе ко шо гледам на сликиве.