Разгледница од Охрид
Некаде од прва година средно па наредните 5-6 години издавав педалинки Славија (за ич пари нормално, не бев јас газда) плус да не зборвам дека животов ми помина на оваја плажа и знам какви јаки сезони имало и како од пред неколку години се заминало у п.м. надолу.
Ептен безредие имаше, лежалки кој стигна кај стигна си стави, дотраени педалинки амортизирани едно 100 пати и вложено во плажите само цемент и бекатон плочки и обичен смртник ко ке доеше на плажава немаше крпа кај да стајт така да колку сакате мразете го уривањево ама ептен корисна работа ке биди за во иднина.
Можам слободно да речам дека ми е ептен ќејф шо све се уриват на кејов од езерово посебно за Немо плажана а реално и за останативе а за објектине во Ајван плажа не сакам да се урнат пошо ептен ја средија плажана и заличи на нешто ама пак од друга страна гледано не мојт да се третирет тие газди посебно така да ко за сите и за нив би важеле истите правила и прописи. Ево некое сличе да видите до кај се работиве.
Сликиве се зиповани 5 пати така да тапа квалитет
Ова е Славија (различни делој имет различни имиња од плажава за да звучит јако и кул нормално ама да си бидиме реални од почеток до крај е Славија)
Прегледај го приврзокот 257198
Прегледај го приврзокот 257199Прегледај го приврзокот 257200Прегледај го приврзокот 257201Прегледај го приврзокот 257202Прегледај го приврзокот 257203
Социјално дистанцирање на плажа
Прегледај го приврзокот 257204
Хотелот од Субрата Рој остаен да се распаѓат
Прегледај го приврзокот 257205
Прегледај го приврзокот 257206
Слики од некогашната Немо плажа
Се сеќавам пред 5-6 години ко ја имаја некој од Скопје земено под концесија и им текна на батинава влез да наплаќет за 2ри Август по 100 денари па имаше големи збрки тој ден па го намалија на 50че влезот...патетично. (то беше единствен ден во историјата ко се наплаќаше влез)
Да не бидам погрешно сватен, немам ништо против скопјани само жал ми е шо оваја информација никој не ја знајт и после ние охриѓани го кркаме подебелиот крај.
Прегледај го приврзокот 257207Прегледај го приврзокот 257208Прегледај го приврзокот 257209Прегледај го приврзокот 257210Прегледај го приврзокот 257211Прегледај го приврзокот 257212
Механизација нема, работници нема па едно 95% сум сигурен дека ова шо го видовте на сликиве така ке си останит до наредните избори.
Поздрав.