Охрид

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Мислам дека е крајно време друштвото од Охрид да ни направи update за состојбата во Охрид :) Доста само за цени се расправа...Има гужва, дали е раздвижено, почнавте ли да се бањате (вие похрабрите :) )
 
A

Avenger99

Гостин

Гужва за викенд имат доста, скопјани, тетовчани, прилепчани и битолчани( за викенд посебно) се тука, тие шо си имет станој си се редовно секој викенд тука. Имам другари шо се капет преку цела година и нормално за нив водата е ок, иначе требит да е околу 16-17 степени, мада и сеа ќе заладит денојве и додатно ќе паднит.
Иначе јас избегавам гужви, посебно кај патекана кај Горица имат доста луге и пешачам и возам точак на други места.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Едно од најубавите местенца во Охрид ми е црквичево Мал Св. Климент. Не поминувам без да одам до таму. Претпоставувам секој си има местенца кои ги сака повеќе. Мене убаво ми е седењето во Виа Сакра и беше уште поубаво пред да ја стават Света Софија во карантин. За шетање барем таму има избор. Патеките накај Галичица се чудо. Во преубаво место живеете.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Gospod koga sozdaval, Ohrid go sozdal so merak. I prirodni ubavini, od planini, najubavo ezero, ubava mestopolozba. I na kraj gi sozdal ohrigjanite :icon_mrgr:

P.S. Velat deka rodniot grad e najubav, ne deka mi e roden grad, tuku navistina Ohrid e najubav:love:
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.911
Поени од реакции
12.395
Апропо горниот муабет, дека луѓето не чинеле.

Едит: последно ко бев Охрид зимата, Ликвид истата ситуација беше. Истаени само штиците, а цела конструкција остаена во езеро.
98182618_2973143039445940_2532693075730366464_n.jpg
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Во преубаво место живеете.
Треба да живееш таму за да почувствуваш најдобро. Охрид можеби е убаво овој период, ама колку е убаво сега, толку е за нигде периодот октомври-март.
Охрид во доцна есен/зима некако го поистоветувам со ова:
Овде је мрачно и мрак м’ обвива
И темна м’гла земја покрива:
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици;
Околу м’гли и мразој земни,
А в гр’ди студој и мисли темни.
Можеби е субјективно, но барем јас така се чувствував.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Треба да живееш таму за да почувствуваш најдобро. Охрид можеби е убаво овој период, ама колку е убаво сега, толку е за нигде периодот октомври-март.
Охрид во доцна есен/зима некако го поистоветувам со ова:

Можеби е субјективно, но барем јас така се чувствував.
дајте ми крилја ја да си метнам
и в наши ст’рни да си прелетнам;
на наши места ја да си идам,
да видам Охрид, Струга да видам.
.
Тамо зората греит душата,
и с’нце светло зајдвит в гората;
тамо дарбите природна сила
со с’та раскош ги растурила:
бистро езеро гледаш белеит,
или од ветар синотемнеит;
поле погледнеш или планина,
сегде божева је хубавина.
.
Тамо по с’рце в кавал да свирам,
с’нце да зајдвит, ја да умирам.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Мислам дека е крајно време друштвото од Охрид да ни направи update за состојбата во Охрид :) Доста само за цени се расправа...Има гужва, дали е раздвижено, почнавте ли да се бањате (вие похрабрите :) )
Ко шо спомна Авенџер99 исто и јас ќе ти речам, а идат викенд и се котит све од Скопјено, имат исто и од Битоља, Тетова-Ренова :) и од Сруга, тек тук по некој од другиве градој. Е пошо никој хотел уште не работит, а и не работит никој бар или ресторанче на плаживе сите (вкључуваќи ме и мене ојме со по нешто натоварени) и моментално сме Охрид = Престолнина На Ѓубрето (Од Перви Мај натаќе ни важит оваја титула).
Зато би ги замолил сите овие шо ме читет, овие поцивилизирани северџани и ние нашиве да не одлагаме отпад на плажа тек туку така расфлен и не во кантите за ѓубре. Првин зато шо се немат кој да ги соберит,а второ навечер имат глутница од кучишта шо прает пусто све. До душа ние љуѓево поќе лошо си прајме него ли добро. Најдобро е (да не се фаљам сега) отпадот да си го збираме во ќесе и од тука в кола, па да си го одлагаме во најблискиот контењер или во нашиот домашен отпад. Фала, пријатно.
Инаку, минатата среда напрајф сефте (за Водици не го рачунам за сефте), четвртокот исто и саботата, убајна невидена, само шо сеуште е ладно, така да престојот во вода беше повеќе кратен ама не толку долг.
Едно од најубавите местенца во Охрид ми е црквичево Мал Св. Климент. Не поминувам без да одам до таму. Претпоставувам секој си има местенца кои ги сака повеќе. Мене убаво ми е седењето во Виа Сакра и беше уште поубаво пред да ја стават Света Софија во карантин. За шетање барем таму има избор. Патеките накај Галичица се чудо. Во преубаво место живеете.
Мал Свети Климент си е многу убо маљо црквиче, наспроти него имат вила и винарија по истото име со ладни закуски, го држит газда чинам Србин. Ак ојш нагоре излегвиш прво на улица Охридска Архиепископија а уш мало погоре ак движиш на улицине Христо Узонов кај шо се сечит со Климентов Универзитет. Ех измеѓу овие имат многу ситни и мали патичиња шо ко ќе залуташ налетвиш на куќи стари на кизнајт колку години, па е доста интересно и несекојденва глетка и за момент да си помислиш еј види кј живееле овие љуѓево. Лета, зими, дрва носеле, оделе на пазар, се враќале, само за момент се редиш во нивна кожа, исто се прекрасни сценарија за снимање или фотографија. Ак ојш на Климентов Универзитет имаш една преуба црква Богоројца Челница, на во скриено патче позади нив имат толки маљо скриено црквиче Свети Мали Врач Кузам и Дамјан, парчето позади гледат на Охрид та и подалеку у пичку матер, преубо нешто. Ко ќе поминвиш накај горе имат школо од десна страна Свети Климент, лево од него имат исто мало црквиче посветено на Константин и Елена. Тука е и според мене една од најубајте цркви и градби воопшто Перивлепта заедно со галеријата на икони, а и големата влезната врата од дрво. Тука е исто и објектот од Охридска Архиепископија. Ак ојш десно па позади школоно, тогаш имат едно патиче шо години така стоеше непробиено, та сега го напраја го средија имат многу два интересни објекти, до душа едниот е објект другиот е споменик, незнам нешто божанствено. Само шо никоја власт досега абер и кабиљ немат да санират то шо е битно и то шо требит. Да не зборвам лево, десно кај све мојш да се испикаш и шо све немат, јас сите до еден ги знам сокаци и објектни и ден денес без разлика шо живеам во Охридов, во периодов од ко ќе стивнет сите гужви и особено назима пешачам или стар град, па све после Канео на нована патека до кај Мизо та од таму до Костозглобна.
Интересно е шо до пред амбулантана да слезиш све е супер Охрид градот, НО од другава страна од амбулантана до Косна ти е еднакво на Анжи Махачкала, две тотално различни страни.
Апропо горниот муабет, дека луѓето не чинеле.

Едит: последно ко бев Охрид зимата, Ликвид истата ситуација беше. Истаени само штиците, а цела конструкција остаена во езеро.
Прегледај го приврзокот 251925
Платформана тука, ан се предомислет и враќај назад штиците и столојте. Ама мајка природа таја година им врати све назад, не све до кај шо требит да си е по природен пат. Најмногу ме нервирет овие шо исто кај нивноно Су ондека абе со 4 маси се акнати на тротоар и тука седет овие шо чашитет по цел ден и кафињата, дреми и гувеј само. Види ја оваја во газојте, види го овај со точакон, види го овај со кучено скапано, од каде овај-ова, од кајде мајкина ви...

Gospod koga sozdaval, Ohrid go sozdal so merak. I prirodni ubavini, od planini, najubavo ezero, ubava mestopolozba. I na kraj gi sozdal ohrigjanite :icon_mrgr:

P.S. Velat deka rodniot grad e najubav, ne deka mi e roden grad, tuku navistina Ohrid e najubav:love:
Ѓаолот го создал. И на то Господ му рекол "Од кај ти знајш вакви убајни да прајш?", тој му рекол "Од тебе. Ама да видиш шо љуѓе ти кладов натре"
Автоматски споено мислење:

Овие финти почнаја да ги прает од 1999 г, месец дена пред избори почни да градиш на диво зш никој во општина не го интересират нешто и да се заташкат.
Ова е најголемата вистина. Тек тук тој период минус плус година/две, поначаја на замав локални бизнисмени, градежни мафии, брачки, дуќанџии и останати да го земет замавот, па до ден денеска се наполнати со објекти кои под киририја кои демек ги работат (а се најголеми преваранти, сива економија да пукат и избегавање даноци на велико) и ништо никој не им мојт, до ден денеска само си гледаш како си се шират.
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Некој од другиве градови ако го интересира за температурата на езерово топ е за капење. :)
Вчера на поминување Куба од мостон се фрлив, не ми се излегуваше, убајна :)
На моменти во лето имам пробано да се замислам да живеам во друг град, стварно не знам шо би праел во топлово. Вака од работа идаш-директ во езеро на ладење. Или пред работа. Или после бурна алкохолна ноќ.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Делфина имаа некој проблем, дали финансиски , дали друг (со градоначалнИК) или и двата заедно.Знам дека каснеа со плаќање на дел фирми, кун ИК, а и Галеб им зеде возило наместо пари од продадени карти.
Дали улетал некок друг е прашањето и ако да, дали ќе останит "мол" или комбинација со зграда...
Линиите ОхцСк-Ох им ги презема(ат) скопскаМакедонија Сообраќај.
Интересно, од пред некој период во газдинство на МС е Тритерол, струмичка фирма за превоз, газдата е пријател на Зоќе.

Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Кој мучкарат сега овде?
Мафијата работит општинарите к.. си .....
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.911
Поени од реакции
12.395
Кој мучкарат сега овде?
Мафијата работит општинарите к.. си .....
Ѕидчето шо се градеше во Градиште го урнаа пред камери, еве сеа си го доѕидале.
Не ја сфаќам постапкава, еве некој поупатен нека кажит. Излегвит пример инспектор и утврдвит дека е дивоградба, шо се дешават после? Се стопират градбата или слободно продолжвит да се градит па ко ќе дојт време за уривање општинава на нејзина сметка го рушит објектот?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ѕидчето шо се градеше во Градиште го урнаа пред камери, еве сеа си го доѕидале.
Не ја сфаќам постапкава, еве некој поупатен нека кажит. Излегвит пример инспектор и утврдвит дека е дивоградба, шо се дешават после? Се стопират градбата или слободно продолжвит да се градит па ко ќе дојт време за уривање општинава на нејзина сметка го рушит објектот?
Тоа е за пред камери...Ако се ажурни и чисти во намерите и пред законот ова немаше да се дешава. Барем во Охрид се се знае. Сигурно не дознале од медиумите дека некој продолжил со дивоградбата.
Тажно и вистинито.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom