Охрид

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Сакате да целиме напред а се радувате на чаша газирана вода гратис,
Сакате да целиме напред, а цените на пијачките и јадењата се до плафон, мислиш белгиски пива точат и Џанлуиџи врти пици внатре у секој локал. Кажи ми што е скапо од трошоци за да се оправдаат тие цени? Киријата, платите ? (Пола се непријавени, работат на дневници, не куцаат сметки). Охрид е туристичко место само како место пошо има едно езеро, иначе угостителите и храната се крш, за тие пари. Затоа на многу луѓе поевтино им е да летуваат на друго место, и да плукаат по своето.

и квота 1.05 дека ќе се истајт некој сеа АК НЕ ТИ ЧИНИ НЕ ИДАЈ :pos:
Пошо не ни чини, затоа не идеме, а вие се повеќе и повеќе тонете како туристичко место.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Кириите се скапи, дневница за келнер е минимум 1000рка, набавката е скапа, која btw идат од Скопје, цел зеленчук, овошје и све друго.

Никогаш не сум бранел угостители, ама во сезона во центар на Охрид да бараш гратис кисела вода треба да си малце летнат во мозокот. :)
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Епа шо не ојте да пијате пиво во чаршијана Струга, или пак не, сакате Порта да сте седнати.

Прво не ја оспорвам Струга за својата убајна и дека и таа е туристичко место, ама каде си видел ти до сега реклама за Струга? Струга е туристичко место поради Охрид, и може да ја сметаш како знаменитост кога си во посета на овој крај да ја видиш и Струга како изгледа. Барем така е третирана, со малце работа и може да прерасне во вистинско туситичко место. Моментално не баш.

Друго, во Струга моментално имат многу поќе бизнис и пари во населението одколку во Охрид (настрана туризмот значит), богати села, и не сакам да спомнам но ќе спомнам, Албанциве живеат поинаку од нас. И поради тоа таму има повеќе пазар и поефтини цени од Охрид.
Jaс повеќе пати имам одено во кафани/ресторани во Струја во чаршијата, кај дримот и кај пазарот. И тоа сме оделе по тројца, четворица и тоа со точкој од Влашка мала Охрид до Струга... Сме оделе и во Велешта во продавници за половни делови за коли и за точаци... И гледам се е поефтино во споредба со Охрид. И немат шо немат...
Нек наполнет и Битола едно езеро и таму нека наплаќет 2000 ден од спиење
Па убаво е Битола да го прошири Стрежевското езеро за едно 5-6 км да е блиску до моето село Горно Српци. Летно време ко ќе одам за викенд да можам да си се искапам. Да ми е блиску пред куќа...
strezevo.jpg
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Чекај само Охрид е туристичко место, Струга не е. И Охрид има езеро и Струга има езеро.

Како може во чаршијата на Струга да има еден куп ефтини места. Како на пример пиво од пол кило 50-60 денари, кафе макијато 30 денари и гратис кисела вода. Друго цените на зелениот пазар во Охрид и зелениот пазар во Струга се е поефтино и поснабдено... Хотелот Мираж колку е поефтин во споредба во охридските хотели за правење на свадби... Доста луѓе Од Охрид последниве години прават свадби во Мираж-Струга...
И ти сам знајш дека Струга не е на исто ниво како Охрид. Зато и се цените пониски.

Сакате да целиме напред, а цените на пијачките и јадењата се до плафон, мислиш белгиски пива точат и Џанлуиџи врти пици внатре у секој локал. Кажи ми што е скапо од трошоци за да се оправдаат тие цени? Киријата, платите ? (Пола се непријавени, работат на дневници, не куцаат сметки). Охрид е туристичко место само како место пошо има едно езеро, иначе угостителите и храната се крш, за тие пари. Затоа на многу луѓе поевтино им е да летуваат на друго место, и да плукаат по своето.

и квота 1.05 дека ќе се истајт некој сеа АК НЕ ТИ ЧИНИ НЕ ИДАЈ :pos:
Пошо не ни чини, затоа не идеме, а вие се повеќе и повеќе тонете како туристичко место.
Пак сеа се враќаме на муабетиве од кој шо фаќат серка :(
И Полихроно и Ханиоти да не беа на море ќе беа обични села во Грција, ама за жал или за среќа се на обала, и се станати максимата на македонското живеење. Џабе работиш цела година ако не успејш да истераш 10 дена одмор на краците.
Па уште ко ќе почнет сега споредбите, пиво на плажа во Полихроно било 3 евра, а во Охрид 150 денари, гирото таму било 2,5 евра, овде хамбургер бил 150....Готово, немаме аргументи веќе охриѓани, подзинавме.

До мене не допира мислење од некој кој сеуште кон Охрид се осврнува како "место со езеро". Некој кој не знае да ја види вистинската убавина на Охрид, од историја, до култура, до природа.
И јас сум за конструктивна критика, ама секоја година со овие коментари не знам како не си здосадивте.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Сакате да целиме напред, а цените на пијачките и јадењата се до плафон, мислиш белгиски пива точат и Џанлуиџи врти пици внатре у секој локал. Кажи ми што е скапо од трошоци за да се оправдаат тие цени? Киријата, платите ? (Пола се непријавени, работат на дневници, не куцаат сметки). Охрид е туристичко место само како место пошо има едно езеро, иначе угостителите и храната се крш, за тие пари. Затоа на многу луѓе поевтино им е да летуваат на друго место, и да плукаат по своето.

и квота 1.05 дека ќе се истајт некој сеа АК НЕ ТИ ЧИНИ НЕ ИДАЈ :pos:
Пошо не ни чини, затоа не идеме, а вие се повеќе и повеќе тонете како туристичко место.
Само едно ќе ти кажам и не правам повеќе споредби со цени, поради тоа што и во горниот пост ти кажав дека имаш секакви места со секакви цени.
А то шо сакам да ти го кажам е дека ако мојте иститие тие цени да ги плаќате во Скопје ќе ги плаќате и во Охрид, а ако не си од Скопје тогаш не ме изненадува фактот дека ти е прескапо во Охрид.
Ние ете навикнати сме, океј е.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Кириите се скапи, дневница за келнер е минимум 1000рка, набавката е скапа, која btw идат од Скопје, цел зеленчук, овошје и све друго.

Никогаш не сум бранел угостители, ама во сезона во центар на Охрид да бараш гратис кисела вода треба да си малце летнат во мозокот. :)
Викаш дневница за келнер била илјадарка. Колку само површно ти е кажано тоа. А кажи ми колку часа работи келнер и било кој вработен во угостителскиот сектор во Охрид. Онолку колку што ќе посака газдата. Нема кај охриѓанец угостител 8 сати напрај и бегај си дома... Поготово летно време некои денови се работи 12-14 часа, доста пати и двократно одат вработените, во сабота недела ако има свадба, крштевка од изгрејсонце до зајдисонце...

Друго за големите празници Прв и втор ден нова година, Василица, Водици, Свети Јон, Осми март, Велигден, Илинден, Св Климент Св. Никола се работи од сабајле до вечер...

А и дневница за келнер не е 1.000 денари во сите места. Некаде дневницата е и по 600-700 денари...
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Па за што да се жалам ако не за цените и услугата? За климата, за езерото, кои секако не зависат од Охриѓани? Езерото е океј, иако повеќе преферирам море. Охрид е убав како град за шетање, да си поминеш убаво неколку дена, ама цените и услугата те одвраќаат. Кажи ми предлог туристичко место кое се споредува со Охрид? Или нема, Охрид е број еден во регионот?
 
A

Avenger99

Гостин

Кажи ми ти мене Дубровник колку е поскап од Охрид? Или некое друго такво историско место со знаменитости и културно историски споменици?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Па за што да се жалам ако не за цените и услугата? За климата, за езерото, кои секако не зависат од Охриѓани? Езерото е океј, иако повеќе преферирам море. Охрид е убав како град за шетање, да си поминеш убаво неколку дена, ама цените и услугата те одвраќаат. Кажи ми предлог туристичко место кое се споредува со Охрид? Или нема, Охрид е број еден во регионот?
Дека има претерување во некои цени, има. Ама тоа го има секаде. Градот има понуда и за оние со поплиток џеб, ама пак ќе кажам, чаламот е битен кај нас, ако не се тагираш дека си во Куба Либре или на Оревче исто како да не си бил Охрид.
Мислам дека услугата во угостителството е во последните години подобрена, иако секако има места со лоша услуга. 8/10 места имаат пристојна услуга.
Не знам што е тоа што те одвраќа кога цените и нивото на услуга се горе долу исти со Скопје.
 
A

Avenger99

Гостин
Иначе во врска со хотелите.. Хотелите не работат не ради то шо немат побарувачки и ради то да ги намалат цените, него ради вонреднава ситуација.. Кога утре би се отвориле хотелите би работеле со 50% работен капацитет, и нормално е да се истите цени или повисоки, многу јасно е то.
Автоматски споено мислење:

Викаш дневница за келнер била илјадарка. Колку само површно ти е кажано тоа. А кажи ми колку часа работи келнер и било кој вработен во угостителскиот сектор во Охрид. Онолку колку што ќе посака газдата. Нема кај охриѓанец угостител 8 сати напрај и бегај си дома... Поготово летно време некои денови се работи 12-14 часа, доста пати и двократно одат вработените, во сабота недела ако има свадба, крштевка од изгрејсонце до зајдисонце...

Друго за големите празници Прв и втор ден нова година, Василица, Водици, Свети Јон, Осми март, Велигден, Илинден, Св Климент Св. Никола се работи од сабајле до вечер...

А и дневница за келнер не е 1.000 денари во сите места. Некаде дневницата е и по 600-700 денари...
Нормално е во сезона да работиш по 12-14 сати, т.е како ќе се договориш со газдата или ќе си склучиш договор. И толку треба да бидеш платен. Ако не ти чинит, ко секој нормален чоек ќе си ојш и готово, си го остајл на цедило газдата..
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
До мене не допира мислење од некој кој сеуште кон Охрид се осврнува како "место со езеро". Некој кој не знае да ја види вистинската убавина на Охрид, од историја, до култура, до природа.
Проблемот со Охрид си го направивме сами со праење масовен туризам кај шо чекаме 15 годинишни копиљаци од Делчево да дојдет и платет 400 денари кревет, да излезет да напрает гужва во Ликвид и да јадет пица бурек и лесковачка скара чаршија. То се огромен дел од „гостите„. Зато и се бунет скапо им било итн.

Порано ко беше само Паласи апартмани Мими до полигинон туристи беа најголем дел холанџани кои не само шо беа спремни да си платет туку баш и ги интересираа природниве убавини шо ги имаше градов, автентичноста итн. Денес се то го пуштивме низ вода

Немавме идеја како да ги ограничиме гостите и да имаме конкретна понуда за одредена клиентела. Добар пример е Хрватска, кампинг место до море за приколица е 150 ЕУР на ден. Не апартман, не хотел, ПАРКИНГ МЕСТО за приколица! Молим лепо, полно е германци австријци италијани. Првата линија се букирани 2 години унапред.

Дубровник е уште еден пример. Нек појдит било кој од овде до Дубровник на одмор па видам шо ќе речит :)

Место 100 копуци со 500 денари во џеб можевме да имаме 10 холанџани со 100 ЕУР во џеб да трошет на ден. Ама луѓево се полакомија и сите од гаражи напраја апартмани со клима и телевизор. И пак едвај можиш да го издајш 10-15-20 ЕУР на ден зависно од сезоната. То е дека неаме идеја ниту имаме претприемачки дух
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Дека има претерување во некои цени, има. Ама тоа го има секаде. Градот има понуда и за оние со поплиток џеб, ама пак ќе кажам, чаламот е битен кај нас, ако не се тагираш дека си во Куба Либре или на Оревче исто како да не си бил Охрид.
Мислам дека услугата во угостителството е во последните години подобрена, иако секако има места со лоша услуга. 8/10 места имаат пристојна услуга.
Не знам што е тоа што те одвраќа кога цените и нивото на услуга се горе долу исти со Скопје.
Па јас да не одам во Скопје на таквите места? Што ако сум од Скопје, по дифолт седам на кеј, јадам у Воденица или мезам во Скопски Мерак? Никогаш нема да седнам во места што се водат дека се елитни, само поради цените и ништо друго. Може немам пари за расфрлање, али имам доволно за да седам и таму, ама никогаш нема да си дозволам да ги преплаќам работите, кои може горе доле да се со ист квалитет. Ако некое јадење е 20-30% поскапо од друго место, треба да биде и за 20-30% подобар квалитетот, амбиентот, услугата и слично. За Стара Градска Куќа во Скопје мислев дека е прескапо и дека претеруваат, ама се си беше на место кога јас јадев. Скапо, ама за да се отиде неколку пати во годината, вреди. И стварно си има причина зошто е поскапо :)

АмА нА ОхРиД Не Му ТреБаТ СтиСнАтИ КаКо ТеБе, на ОхРид Му ТреБаТ ХоЛаНдСкИ ПеНзИоНеРи Да Си Ги ФрЛаТ ПаРиТе
Автоматски споено мислење:

Во право си бе Климе, шо не го стајш пивото 15 фунти, ноќевање у шупа 100 фунти, Такси километар 4-5 фунти, па може Бекам, Руни и Гигс ќе ти дојдат на викенд пошо така се стварало претприемачки дух.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Па јас да не одам во Скопје на таквите места? Што ако сум од Скопје, по дифолт седам на кеј, јадам у Воденица или мезам во Скопски Мерак? Никогаш нема да седнам во места што се водат дека се елитни, само поради цените и ништо друго. Може немам пари за расфрлање, али имам доволно за да седам и таму, ама никогаш нема да си дозволам да ги преплаќам работите, кои може горе доле да се со ист квалитет. Ако некое јадење е 20-30% поскапо од друго место, треба да биде и за 20-30% подобар квалитетот, амбиентот, услугата и слично. За Стара Градска Куќа во Скопје мислев дека е прескапо и дека претеруваат, ама се си беше на место кога јас јадев. Скапо, ама за да се отиде неколку пати во годината, вреди. И стварно си има причина зошто е поскапо :)

АмА нА ОхРиД Не Му ТреБаТ СтиСнАтИ КаКо ТеБе, на ОхРид Му ТреБаТ ХоЛаНдСкИ ПеНзИоНеРи Да Си Ги ФрЛаТ ПаРиТе
Ако мислиш дека повисока цена по дифолт ти значи и повисок квалитет, извини ако ти го кршам филмот ама welcome to the real world.
Има многу извикани места и низ Скопје и низ Охрид. Некаде го плаќаш погледот, некаде плаќаш за да бидеш ин и за да бидеш виден, многу многу ретко плаќаш за услуга ( за жал ).
И Охрид има причина зошто да е поскапо, ако не можеш да ја увидиш причината тогаш нема потреба за дискусија.

Проблемот со Охрид си го направивме сами со праење масовен туризам кај шо чекаме 15 годинишни копиљаци од Делчево да дојдет и платет 400 денари кревет, да излезет да напрает гужва во Ликвид и да јадет пица бурек и лесковачка скара чаршија. То се огромен дел од „гостите„. Зато и се бунет скапо им било итн.

Порано ко беше само Паласи апартмани Мими до полигинон туристи беа најголем дел холанџани кои не само шо беа спремни да си платет туку баш и ги интересираа природниве убавини шо ги имаше градов, автентичноста итн. Денес се то го пуштивме низ вода

Немавме идеја како да ги ограничиме гостите и да имаме конкретна понуда за одредена клиентела. Добар пример е Хрватска, кампинг место до море за приколица е 150 ЕУР на ден. Не апартман, не хотел, ПАРКИНГ МЕСТО за приколица! Молим лепо, полно е германци австријци италијани. Првата линија се букирани 2 години претходно.

Дубровник е уште еден пример. Нек појдит било кој од овде до Дубровник на одмор па видам шо ќе речит :)

Место 100 копуци со 500 денари во џеб можевме да имаме 10 холанџани со 100 ЕУР во џеб да трошет на ден. Ама луѓево се полакомија и сите од гаражи напраја апартмани со клима и телевизор. И пак едвај можиш да го издајш 10-15-20 ЕУР на ден зависно од сезоната. То е дека неаме идеја ниту имаме претприемачки дух
И ова све е пошо градов со години немат никаква стратегија за развој на туризам. Помини замини секоја нова локална си стават шерифчиња шо единствена цел им е профит. Не се успеа да се поставит една стратегија и да почнет да го движет градов во таа насока. Или ќе го прајме градов ко Закинтос со журки и за млади или ќе тераме релаксирани одмори за постари. Двете работи не одет заедно.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Иначе во врска со хотелите.. Хотелите не работат не ради то шо немат побарувачки и ради то да ги намалат цените, него ради вонреднава ситуација.. Кога утре би се отвориле хотелите би работеле со 50% работен капацитет, и нормално е да се истите цени или повисоки, многу јасно е то.
Автоматски споено мислење:

Нормално е во сезона да работиш по 12-14 сати, т.е како ќе се договориш со газдата или ќе си склучиш договор. И толку треба да бидеш платен. Ако не ти чинит, ко секој нормален чоек ќе си ојш и готово, си го остајл на цедило газдата..
Како е нормално да работиш по 12-14 сати, за неколку години со такво темпо на работање какво здравје ќе има човекот. Нормално ќе има намален животен век, друго проширени вени на нозете, проблеми со притисокот, хроничен замор...

Ама и со газдиве угостители охридски едно се договораш за работно време и за плата и на крај испаѓа сосема нешто друго...

А и во доста угостителски објекти во Охрид на персоналот им е забрането да јадат. Мислам можат да јадат доколку си го платат оброкот...

Иначе во спротивно ќе им биде направен записник и изјава да си напишат, и ќе бидат казнети 6 месеци по 15% запирање на плата... Вториот пат ако јадат ќе биде спроведена последната казнена мерка...

Еден Охридски угостител им се обратил на вработените Абе ако требит в канта ќе го фрлам јадењето, прасињата и кучињата нека го јадат, ама вас не ви давам...

Јас минимум 10 години сум работал во угостителство и знам како функционираат тие работи...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom