Охрид

Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
За жал во право сте, македончето за се што е со кола е, од почеток до крај на чаршија околу 10 минути е пешки со точак уште побрзо но како ами кои се тие да пешачет или да возет велосипеди ? Кафичи,купување цигари полни скоро секој ден а се жалет пари немаме за храна,битно без check in на fb неможет... Кејот преку ден скоро празен- парковите после kuba libre по неколку луѓе само- жално.
Сега супер им е се, но не сваќаат дека кога ке остарат коските страдаат ако претходно немале физичка активност.


Во однос за катна гаража треба да .... Според мое мислење требаше да се напрајт кај градскиот пазар што сега се прави....
За цената што е во строг центар треба 500 да е според мене 100-ка малце е причините се горе ...
Поздрав
Ако се правит кај градски пазар грешка е ,хаос ќе бидит таму.
Гаражи требит-требаше да се напрает кај новата автобуска и кај билјанини извори кај бензиската и оттаму таксисти,комбиња да ги превезуваат гостите за ......
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Можит убо е шо е стотче од сат од Амам до пристаниште, ама и делон од општина до План Б/Конект се бришит од паркинг шо секако ќе намалит едно 30-40 паркинг места (и едно ни значит налето не па олку) и ќе се паркирет само автобуси со тури -шо реално ч,исто сумњам, пак ќе глеаме автобуски пред банкана или Печијаре.

Катна или подземна.Точка.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Да не имате некоја информација во каква состојба се бунгаловите во Десарет?
 
Член од
11 декември 2008
Мислења
395
Поени од реакции
207
zdr ohrigjani nedelava ili drugata ke idam kaj vas me interesira za gliserive kaj mozat da se iznajmat mali ili golemi za eden den i dozvoleno li e da se plovi so niv ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... охриѓани шо бидна со новоизграденото минаре во центарот? :toe:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Oхрид, Струга, се пие вода од чешма?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Регистарот на дивоградби е готов-во заштитениот појас има 409 нелегални градби

Согласно со препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34 ), по налог на градоначалникот Константин Георгиески, Локалната самоуправа изработи посебен Регистар на нелегални градби за подрачјето на Општина Охрид.



Во оваа елекронска база на податоци внесени се вкупно 1076 предмети за кои, во периодот од 2006-та година до мај 2019-та година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено некаков акт со кој се утврдува нелегална градба. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. Во рамки на оваа вкупна бројка 82 предмети се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, 8 за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

Во текот на наредниот период општинските надлежни служби ќе извршат проверка и финално уредување на целокупниот регистар, по што ќе се пристапи кон поединечна ревизија за секој посебен предмет и ќе се носат одлуки за понатамошно постапување, информираат од локалната самоуправа.

Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, Општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од Владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО. Работната група го задолжи Министерството за транспорт и врски во соработка со Националниот парк Галичица и општините Охрид, Струга и Дебрца да изработи регистар на нелегални градби во Охридскито регион и истиот да го достави до Владата најдоцна до 1-ви септември оваа година, потенцираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески е дел од официјалната Владина делегација која ќе присуствува на 43. сесија на Комитетот за културно наследство, што ќе се одржи наредната седмица во Баку, Азејберџан. На овој состанок се очекува да биде донесена одлука и да биде дадена препорака за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид, врз основа на забелешките од мониторинг-мисијата на УНЕСКО, која беше направена во април 2017 година.

Од општината додаваат дека без оглед на конечната одлука, која ќе биде донесена на сесијата во Баку, Општина Охрид ќе продолжи да постапува во согласност со сите препораки на УНЕСКО и сите Законски процедури за третирање на бесправно изградени објекти.

Добро, има пилот во авионот во оваа држава? Како што знам општината нема фирма која е задолжена за рушење на дивоградбите. Како функционира ова во моментов? Доаѓа инспектор, констатира дека објектот е дивоградба, се дава рок за рушење или како? Не е кривично дело?
Кој стигна изгради, Нефи го бетонира цел град, нема ли некој јунак да земе да пресече?
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
„Нема разбирачка со Нефи Усеини“ - изјава на Константин Георгиески - градоначалник на Охрид.

Изјавава е врв, „нема разбирачка“ и толку крај на приказната.
Во време кога ни ги отекоа ма****та од „едно општество за сите“ и „закон е еднаков за сите“ - градскиов татко си излегува со изјава дека Нефи нема разбирање:facepalm:
Ај може некој ден ќе му текне да го исече чинарот со образложение дека му смета на погледот на неговата дивоградба:cenzura:

П.С. колкава е веројатноста фирмата на Нефи да го добие тендерот за рушење на дивоградбите:sneaky: врло веома голема;)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нема разбирачка со Нефи Усеини“ - изјава на Константин Георгиески - градоначалник на Охрид.

Изјавава е врв, „нема разбирачка“ и толку крај на приказната.
Во време кога ни ги отекоа ма****та од „едно општество за сите“ и „закон е еднаков за сите“ - градскиов татко си излегува со изјава дека Нефи нема разбирање:facepalm:
Ај може некој ден ќе му текне да го исече чинарот со образложение дека му смета на погледот на неговата дивоградба:cenzura:

П.С. колкава е веројатноста фирмата на Нефи да го добие тендерот за рушење на дивоградбите:sneaky: врло веома голема;)
Готово, крај. Дадете му го градот на тој Нефи. Чим градоначалник јавно изјавува дека нема разбирачка со тој што го руши цел град, значи дека Нефи е и над градоначалникот во Охрид.

Очекувајте во следните години туристи од косово и метохија, Албанија, Швајцарија...
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
516
Поени од реакции
261
Strašno, strašno i porazitelno. Nefi e ne samo nad gradonačalnikot tuku verojatno i nad premijerot.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Дал да плачам дал да се смеам :pos:

На Претходниот концесионер "ПАСТРМКА 2012 ДООЕЛ ОХРИД сопственик Ристе Танасоски, а овластено лице на подружницата на фирмата е Милорад Чавкоски од Струга им ја одземале концесијата, а сега е даденa на Милорад Чавкоски повторно, ама на друга фирма пошто претходната има забрана за вршење дејност рибарство.
Мојата чудесна Македонија.
Зашто??????
Тешко пастрмката, белвицата и крапот, само кога би знаеле дека "волкот ќе глуми овчар".

"Владата пред повеќе од една година ја одзеде дозволата на предходниот концесионер поради неисполнување одредени законски обврски, а ресорниот министер Љупчо Николовски уверуваше дека рибниот фонд, додека езерото е без концесионер, од рибокрадци успешно го штити државниот инспекторат за земјоделство."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom