Охрид

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.279
Поени од реакции
22.494
Во тој случај и немаме право да се буниме што сме толку слаби со ноќен живот и забави. Па искрено ако ми е за пешкир можам на било кое диво плажиче да одам и да се постелам, ги има многу од Десарет до Трпејца, а и било каде. Башка еве ти го Метропол за пример лежалки и по асвалтон наредено имет, а пак ке напоменам дека на Оревче слободно мојш да си фатиш легла под чадор и никој не те чепкат.

Јас многу добро те сваќам која ти е поентата но едноставно ако промовираме туризам и ако сакаме пари од истиот сметам дека треба и малце да се потрудиме околу тоа. Не сакаат сите секој ден да одат наплажа за спиење и сончање, некој сака да се забавува, а Оревче баш се имаат потрудено околу плажата и ако местото за пешкири е 5% во однос на 95% не значи ништо затоа што тие 95% не ти ги наплаќа за користењето. Ке платиш тоа што ке конзумираш.
Не сум вработен во Оревче, уште помалце газда, само едноставно не знам каде би одел наплажа доколку Оревче не е ова што е.

Јас бев најголем подржувач за рушењето на плажите поготово Немо и Лагадин, затоа што не се нудеше ништо а од друга страна се правеше страшна узурпација на плажите, но факт е дека мораме да имаме и по некој шанк на некоја плажа, не сите туристи се дојдени за правење скара на плажа. На крај краева кој ги тркалат туристите, ова што го зборвам го зборвам како млад чоек од Охрид што сакат да имат добра забава и дружење во градот.
da ti go ebam turizmot so dj na plaza... mrs tamu u klub/diskoteka i ne zamarajte so vakvi sranja koga nema ni dozvola nitu e adekvatno zakupena plazata.

ne bi imal protiv za dj i naplata ama ako toj sto naplaka plaka zakup od edno 1000e na den pa neka si tera biznisi. vaka ova e samo uzurpiranje na javna plaza i NISTO poveke.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402

За Метропол неколку пати дискутиравме и тука, а гледам имаше и објава на некој локален медиум за узурпација на плажата. Мене пред година две не ме пуштија да влезам на плажа пошо сме биле Охриѓани. Некој сериозно требит да се позанимават со самоволиево на дел од газдиве на плаживе.
За Оревче, не можит само поради фактот шо нудит забава да премижиме за сите останати пропусти. Лани или преклани имаше и проблем со денските забави кои ги организираа, пошо фактички го наплаќаа влезот на плажа под оправдание дека е ексклузивна журка или не знам шо. Законот е јасен и е ист за сите концесионери,плажата треба да е отворена за сите. Нека си организира журка и нека наплаќа влез на дел од плажата, не на секој влез застанати по тројца и бараат карта.
Уште ми е мистерија како Оревче, па и Метропол продолжија да ги работат плажите кога втора година по ред плажите не се даваат под концесија.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Метропол можеби и не е чудно, веројатно сметаат дека е дел од хотелот како и Гранит нпр... Ама Оревче е посебна институција. Концесија може многу лесно и елегантно да се изведе.. Условите лесно се дефинираат само треба добра воља и малце етика.
Ако не се лажам тие пари одат во општинска каса следствено и во јавните претпријатиа.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
da ti go ebam turizmot so dj na plaza... mrs tamu u klub/diskoteka i ne zamarajte so vakvi sranja koga nema ni dozvola nitu e adekvatno zakupena plazata.

ne bi imal protiv za dj i naplata ama ako toj sto naplaka plaka zakup od edno 1000e na den pa neka si tera biznisi. vaka ova e samo uzurpiranje na javna plaza i NISTO poveke.
Е како бе така? Ај сите плажи нека ги направат со камен и песок и нека лежат само со табла и шах. Па Охрид живее од тој млад свет кој пие и се журка. Ти ако си пензионер, иди надоле после Коњско и терај по плажи лежи и одмарај. Имаш миљон опции да седиш и да слушаш птици и бранови.

Не оправдувам колење со цени ама да кажеш дека е срање, е малце погрешно. Македонија нема посебни летни туристички места. Охрид е убедливо број 1.
И има за сечиј вкус. Башка рачунај ради тие шанкови се ранат доста млади дечки од Охрид. А на крај на денот колку и да се скапи цените, пак е фул све. Така да...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.612
Поени од реакции
34.840

А зошто пензионерите би се акале до Коњско, а децава во град?
Па тие се помлади, нека преместат плажата таму и нека денсаат колку сакаат.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.089
Поени од реакции
2.145

До кога со оваа лага бе?

Никој не се рани од работа на шанка на плажа.

Ако сакаат угостителство, Охрид има милион хотели кои плаќаат и повеќе од солидно.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
А зошто пензионерите би се акале до Коњско, а децава во град?
Па тие се помлади, нека преместат плажата таму и нека денсаат колку сакаат.
Погрешно многу размислувате. Тоа е направено така од финансиска гледна точка. Цела Будва е по кеј со кафичи и дискотеки. Замисли све да однесат не знам, после Св.Стефан, на 10/15 километри. Нема логика, се знае кај треба да биде ова за да се трошат пари. Тука се дискотеките у градот, тука е народот, тука е све.

Не е дека Охрид е единствено место во цел свет каде плажите се со журки и Дј. 90% од летни туристички места (во градови) се вакви.

И тука се работи за краток период, Охрид може да направи пари од Мај/Јуни до Септември. Така да не зборете глупости, ако на вас се остави градот денар нема да направи.

До кога со оваа лага бе?

Никој не се рани од работа на шанка на плажа.

Ако сакаат угостителство, Охрид има милион хотели кои плаќаат и повеќе од солидно.
Друже, не бладај. „Рани“ не значи дека се прават милиони. Туку тие деца место да се раштркани по цела држава или надвор од неа, тука се тој период и добиваат солидни дневници + бакшиши, баш од народ што пие и се журка.

И не знам што се расправате. Ако сте Охриѓани, треба да сте свесни ако ова све се прекине, жив кур ќе нема. Ќе ви доаѓаат деца на 2 дена и толку. Брачни парови и пензионери не ви оставаат пари, млади деца и други од 18 до 30 трошат.
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.089
Поени од реакции
2.145
Муабетот е што луѓе без дозвола узурпираат јавен простор, кој им дадол нив дозвола?

Па и како што пишаа, ти забрануваат и влез и некаде и само пролаз ако не платиш, успат прават гужви и во сообраќајот, патен и воден, загадуваат и езеро и околина, јас колку што знам после Пештани нема канализација, каде оди сета отпадна вода?

И не лажете дека деца се ранат од таму кога ниту еден не е осигуран.

Мене на една плажа ме имаат станато затоа што сум застанал на место каде што стоеле кајаци.

Иако се слагам дека на некои места е подобро лежалка него пешкир, но од принцип не сум дадол пари за лежалка, и плус како секој од Охрид на плажа одам после 4 саат затоа што работам, и зошто би платил 300 за лежалка која ќе ми ја земат за три саати?
 
Ти ја гледаш проблематикава како локалец ок е, те разбирам (до негде).

Ама пак, не си у право пошто мешаш ствари. Музики и Дј на плажа врска нема со гужвите у сообраќај. А искрено, биди среќен дека има гужви бе. Значи има народ, се полнат локалци кои работат само во Охрид. Маркети, таксисти, локални ресторани... Тоа е убавината на туристичко место, тој период да се искористи, да се направи кешот. Како може да кажеш дека имало гужви у сообраќај? Ела во Скопје, да те прошетам од 2 до 5, релација Драчево - Ѓорче.

Побрзо ќе стигнеш до Малта со Визер, него со кола.

Како може вие ова да не го разбирате не ми е јасно. Толку мржња имате спрема туристи тоа е нешто лудо. У корона убаво ли ви беше? Без жив човек да ви дојде. Така треба 5 години по ред да разберете дека Охрид е град кој живее од туризам. Далавери се прават на секое место, дозволи се штанцаат по партиска линија. Треба да се знае до кај може да се иде, јасно е, не смее да се гради кај стигнат. Ама тие плажи и места се константно таму. Дали имало Дј или музика уопште не мења.

и пс: Скопје има гужви константно, и зима и лето. Тој што работи и си оди со возило а живее на друг дел од градот, прашај го како му е. Прашај ги овие што живеат Маџари,Хиподром а треба да проаѓаат преку Бриколаж/Мерцедес. Па таму кога се копа (мислам уште е хаос не е направено) може да заглавиш 30 мин само да пројдеш мочан километар. Така да не се жали за гужви жити се.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.612
Поени од реакции
34.840
Погрешно многу размислувате. Тоа е направено така од финансиска гледна точка. Цела Будва е по кеј со кафичи и дискотеки. Замисли све да однесат не знам, после Св.Стефан, на 10/15 километри. Нема логика, се знае кај треба да биде ова за да се трошат пари. Тука се дискотеките у градот, тука е народот, тука е све.

Не е дека Охрид е единствено место во цел свет каде плажите се со журки и Дј. 90% од летни туристички места (во градови) се вакви.

И тука се работи за краток период, Охрид може да направи пари од Мај/Јуни до Септември. Така да не зборете глупости, ако на вас се остави градот денар нема да направи.
Абе кој прави пари, поединци?
Од што гледа градот пари во случајов, од вработени 50 келнери? Па тоа езерото не е од татко му на тие 50-100 луѓе што прават ќар.

Само тука на Балканот е таков курч, и шиткање на лежалки ѓаол на трета. Дури и еден Кипар што е троа преку морето е тотално различен од Балканот (гага паркинзи, фиксна цена на сите лежалки во градот бидејќи се од самиот град, изградено објекти за пресоблекување и да се истушираш, дискотеките само на 1-2 плажи во целиот град се истопорени на плажата до морето, секаде се повечени назад и кој сака може да поставии лежалка и да кулира...се гледа дека биле колонија на покултурна земја).
Тука во АУС не смеат шанк да забодат, а не да дигаат дискотеки, environmental агенциите ќе им го скинат дупето, и пак има повеќе туристи од Охрид во 100 сезони.

Потребна е подобра организација, а не дигање на дискотеки во вода, баш таквиот пристап и џунглата одвраќаат илјадници посетители кои би оставиле далеку повеќе пари од сите пилиштари што се лигават со по едно две пива во тие дискотеките.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841

Ама пак ми мешаш работи. Ја нигде не пишувам да се креваат платформи у езеро. Не ни бранам никакви криминали што го доебуваат.
Зборев за тој принцип за музика и Дј на плажа. Толку.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.089
Поени од реакции
2.145
Ти ја гледаш проблематикава како локалец ок е, те разбирам (до негде).

Ама пак, не си у право пошто мешаш ствари. Музики и Дј на плажа врска нема со гужвите у сообраќај. А искрено, биди среќен дека има гужви бе. Значи има народ, се полнат локалци кои работат само во Охрид. Маркети, таксисти, локални ресторани... Тоа е убавината на туристичко место, тој период да се искористи, да се направи кешот. Како може да кажеш дека имало гужви у сообраќај? Ела во Скопје, да те прошетам од 2 до 5, релација Драчево - Ѓорче.

Побрзо ќе стигнеш до Малта со Визер, него со кола.

Како може вие ова да не го разбирате не ми е јасно. Толку мржња имате спрема туристи тоа е нешто лудо. У корона убаво ли ви беше? Без жив човек да ви дојде. Така треба 5 години по ред да разберете дека Охрид е град кој живее од туризам. Далавери се прават на секое место, дозволи се штанцаат по партиска линија. Треба да се знае до кај може да се иде, јасно е, не смее да се гради кај стигнат. Ама тие плажи и места се константно таму. Дали имало Дј или музика уопште не мења.

и пс: Скопје има гужви константно, и зима и лето. Тој што работи и си оди со возило а живее на друг дел од градот, прашај го како му е. Прашај ги овие што живеат Маџари,Хиподром а треба да проаѓаат преку Бриколаж/Мерцедес. Па таму кога се копа (мислам уште е хаос не е направено) може да заглавиш 30 мин само да пројдеш мочан километар. Така да не се жали за гужви жити се.
Како нема врска бе?
Кој има придобивка од сево ова, ајде размисли малце.

При организирање на било каков настап организаторот е должен да има и паркинг и влез и излез за брз проток на луѓе и според теорија уште триста работи.

Среќа не се десило нешто за кое е потребно да дојде брза помош или пожарна па немало поголеми проблеми, значи недај боже на Оревче да треба да дојде за да спасат некого, ќе заглави, и ова само прост пример.

А ќар имаат само тие неколку газди, ако плаќаат све според закон нема да се тепаат кој да земе плажа на лето.

Не издаваат фискални, не плаќаат комуналии, закуп па ич, не осигуруваат вработени, све е на црно, не пријавуваат данок, чиста пара на крај на сезона.

Ќар само за нив, а успат загадена и околина и вода, упропастена јавна површина и избркани повеќе туристи него ли придобиени.

Толку резонирате, и верглате дека младите трошат, а тие просек одвај 1к денот, а да се организира како треба добивка ќе биде 10х повеќе.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.279
Поени од реакции
22.494
Ама пак ми мешаш работи. Ја нигде не пишувам да се креваат платформи у езеро. Не ни бранам никакви криминали што го доебуваат.
Зборев за тој принцип за музика и Дј на плажа. Толку.
toj princip moze da se fura u prespa ili nekade daleku od unesko zastiteno mesto. da ti se mocam u deca turisti sto sekoja sezona kukaat za eftin smestaj i ceni. ohrid treba da se izdigne nad takvite sranja. budva ne smee da bide reper, oh e prilicno limitiran so kapacitet na plazite i toa treba da e dostapno za site. ako nekoj saka biznis da pravi od toa treba debelo da plati za uzurpiranje na nacionalno bogatstvo.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.612
Поени од реакции
34.840
Ама пак ми мешаш работи. Ја нигде не пишувам да се креваат платформи у езеро. Не ни бранам никакви криминали што го доебуваат.
Зборев за тој принцип за музика и Дј на плажа. Толку.
Епа тој принцип со DJ не е изводлив ваму.
Прво се мали плажите, второ се прави хаос за сите наоколу во густото градско подрачје.
Нека има плажи со DJ, ама вон градското подрачје каде ќе има подобри пристапи и нема да сметаат на сите останати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom