Охрид

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.518
Поени од реакции
11.180
Мислам дека нема споредба со Америка, таму се одеше преку work and travel за студенти. Сега имаме ситуација каде што од 20 души заминати барем 18 од нив преку цела година се бават со угостителство и се добри/солидни во својата професија арно ама нашиве газди друуга математика имаат или можда грешам..
Имат и од едните и од другите за никаде. Лично знам пример келнер шо замина сезонски за Хрватска, дур даваше отказ праша дали ко ќе се врател октомври можело да продолжит да си работит во локалов преку зима :D
Споредено со пред 10 години, мислам дека условите се далеку подобри ( јас работев секоја година сезонски, 400 денари беше дневница без ден слободен ).
За младиве е поатрактивно да се 4 месеци надвор од дома, плус на море...И јас на нивно место би заминала Хрватска. Проблемот е шо не останаа искусни келнери, сите се запослија по фабрики. И ова е резултат на долгогодишно иззживување на газдиве, никакви услови за работа, работа од јутра до сутра итн. И сеа немат, епа немат. Далга еден вработен не им остана искусен, од келнер до готвач в кујна. Седнав летото, петок или сабота вечер, шпиц сезона, ме служит едно келнерче младо, можда 13 години имаше. Ни манири, ни внимание, ништо. Далеку под нивото шо го очеквев споредено со цената шо ја платив.
Сите газди шо ги знам шо се во угостителство последниве години се активно вклучени во работата на локалот, дали преку служење, работа во кујна, чистење...ко ќе немат персонал то е.

Него општина имат ново работно време за летово, од 6-14 или 7-15. Таман плажица да се фатит со време.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.226
Лето господово 2022 од Охрид заминати рекорден број млади за сезонска работа во Хрватска. Од секогаш оделе млади моја генерација ама како ова лето никогаш.
Ваши коментари ?
Карма.Доста печалеа на грбот на вработените.Едно време викаа кај чинарот полно е ко вас.Сеа нека одат нека бараат кај чинарон.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.502
Поени од реакции
5.261
Во врска со љубезноста, односно нељубезноста која често се поврзува со Охрид, можам да го кажам следново мое искуство:
За неколку дена се направени исправки во документација и, сето тоа е проследено во повеќе институции: Адвокат, Нотар, Општина Охрид - Одделение за даноци, Катастар, Одделение за матична евиденција. За сето ова ќе ми беше потребно во Скопје повеќе од еден месец. Никаде немаше нервози, секаде покажуваа разбирање дека не сум од Охрид и дека не треба да имам дополнителни трошоци. Имав време да посетам многу угостителски објекти и, презадоволен сум од услугата.
Можеби сум многу згоден ;)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.974
Поени од реакции
8.750
Како е со цените во приватниот смештај.Качени се?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
13.885
Поени од реакции
23.320
Во врска со љубезноста, односно нељубезноста која често се поврзува со Охрид, можам да го кажам следново мое искуство:
За неколку дена се направени исправки во документација и, сето тоа е проследено во повеќе институции: Адвокат, Нотар, Општина Охрид - Одделение за даноци, Катастар, Одделение за матична евиденција. За сето ова ќе ми беше потребно во Скопје повеќе од еден месец. Никаде немаше нервози, секаде покажуваа разбирање дека не сум од Охрид и дека не треба да имам дополнителни трошоци. Имав време да посетам многу угостителски објекти и, презадоволен сум од услугата.
Можеби сум многу згоден ;)
...па, ако го носеше со тебе кученцето миленик, биди сигурен дека дел е и негова заслуга, ептен симпатично!
 
Член од
17 февруари 2016
Мислења
2
Поени од реакции
1
Тотално неповрзнано со муабетите на темава едно прашање до охриѓани шо ушче живет охрид. Ко бевме деца ги користевме зборојте текус и тепило? Останати ми се во сеќавање и ми текна ноќва....
Се користет ушче тие зборој?
Со години не бев логиран ама морав за ова :pos::pos:. Јас тепило од ко памтам за себеси си го користам, текус немам ни слушнато .
 
Член од
12 април 2020
Мислења
417
Поени од реакции
761
Со години не бев логиран ама морав за ова :pos::pos:. Јас тепило од ко памтам за себеси си го користам, текус немам ни слушнато .
Текус научив во играчница на Дота кај Кекрон да вељам. Четврата Зевс, четвртата !!! Кентаур стан напрај му и мавај... И ко ќе не успееше, оо текус еден велевме.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.502
Поени од реакции
5.261
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
601
Поени од реакции
1.311
Месец април и мај имав прилика да возам туристи со мој пловен објект најчесто релација Охрид-Св Наум и локални кратки тури. Извозав многу туристи(добро не толку) странски и домаши. :D Различни гости различно го чуствуваат Охрид, некој странски гости го гледаат како свој, некој домаши како да не е наш. И обратно. :) Доста гости запознав и имав и убави и неубави ситуации па ке спомнам дел два.


Ситуација број еден. Претходно договорена тура 2 фамилии од Португалија ги возам за Трпејца, некаде околу средина на април. Денот топ за април сончево без јак ветар. Им објаснувам за нашево езеро, за охридска пастрмка и некако не заинтересирани ми гледаа, чудно да не се културни си викам а странци. Покасно уз муабет испадна дека веќе години идале тука и граделе куќа/викендичка па сето то што пробував да им го "наметнам" веќе им беше познато. :D
Во друга ситуација имав постари холанѓанки (нели тие не трошеа) на иста ваква подолга релација и освен капетанско морнарската должност се трудев да бидам и водич објаснувајќи им основни работи за охридско езеро длабина ширина видови риби и останати работи. На излегување едната "баба" ми вика да се слика за спомен со мене и ми остава топ бакшиш, кога видоја другите 2 баби и нивните мажи да не останат покусо и тие истото го направија. :cool::D

Воглавно супер поминав со повеќето странци сите беа задоволни од Охрид. Едно често поставувано прашање ми беше дали има Охрид зимски туризам. Кога зборвував за Галичица ова ме прашуваа. Насмеан така со чуство на (туѓ) страм им викам.. да да има услови има планина ама нема кој да вложи... Како да им објаснам на културен начин со каква багра од политичари позиција и опозиција располагаме.....

Сега малце за нашите туристи.
Немав којзнае колку прилика ама имав неколку тури кај што возев и наши. Прво за впечаток ме изненадија Скопјани, неколку пати возев такви фамилии, ниту лошо зборуваа за охриѓани , ниту го плукаа градов баш напротив ко ке им објаснував за Канео, за стариот дел на градот беа заинтересирани и без разлика што беше кратка тура оставија бакшишче. :aplauz:
То време според муабети правени со гости и со пријатели каде што Ох-Ск имало омраза на висок левел е изгледа 15 тина години зад нас.
Со Биточани пак обратно, неколку кратки тури што ги возев, воглавно мажот со брза цвикера или пак ланец на врат, тотално незаинтересирани за ништо , ни за стариот дел ни за историјата на градов ама буквално ништо не ги интересираше. Само моторот колку одел најмногу. :pos:

И за крај случка која ме изирита најпоќе. Деца мали основци по 10-11 години при што имавме основен дијалог на англиски. Ги прашувам од кај сте(секако на англ) ми викаат Гостивари. Значи од цела група деца едно дете не знаеше да го зборува јазикот на државата во која е роден. ОК. И не е некој проблем си викам таму во Гостивар сигурно изолирани живеат не се емпаципирани во општеството доволно ипак деца се. Врвот на нервозата беше кога едно дете од групата уште не почната турата неколку пати искоментира ''фак србија '' и упорно ме прашуваше дали сум муслиман. Малце се разочара од одговорот хахаххаха.... Ми идаше да го фрлам во вода. :)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.518
Поени од реакции
11.180
Советник во општина Охрид, господин Нефи Усеини. Со години се МОЧАТ на гла на сите. Да го видам чоечево ми идат рака да му пружам.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
4.695
Поени од реакции
30.839
Оваа дупка, не е дупка.
Ова на пример се викат „Градска општа болница“.

Се молиТ граТскиот татко да се прошетат до болница, да ја популиТ дупкава:facepalm:
1656495863240.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom