Охрид

Kaleb

Where we’re going, we don’t need roads!
Член од
15 август 2020
Мислења
393
Поени од реакции
2.948
Тие што плукаат или солено си помале или очекувале гага, трето не ќе да има! Такви ли туристи сте бе Господо?
Јас секое лето доаѓам во Охрид на 2-4 недели, се чудам што не чини во Охрид. Паркинг? И тој да им бил скап (30 денара скупо?), ама кафе од 100че и цигари од 130че не е скапо! Нели се има.
Ако не ти се плаќа паркинг доаѓаш во центар пеш. Одмор се знае што е, одиш уживаш и не гледаш колку трошиш. Ако ви е скупо, се седи дома.
Ако си дошлак не значи дека треба и црвен тепих да ти се постели. Колку пари толку музика.
Најмногу ме нервираат коментарите од соседните маси: странци се, затоа келнерите трчаат. Не, не ќе да е до тоа. Трчаат заради тоа што седнуваме, нарачуваме, јадеме и си одиме. Не седиме на маса со едно кафе и вода и тоа нагласено водата нека биде of чешма. Па потоа 3 саата се фалите на ФБ или Инста каде сте седнати за сите да Ве видат, а гости чекаат надвор за :masa:.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Одмор се знае што е, одиш уживаш и не гледаш колку трошиш.
Кој ти е овој глуп муабет живти младоста...

Најмногу ме нервираат коментарите од соседните маси: странци се, затоа келнерите трчаат. Не, не ќе да е до тоа. Трчаат заради тоа што седнуваме, нарачуваме, јадеме и си одиме. Не седиме на маса со едно кафе и вода и тоа нагласено водата нека биде of чешма. Па потоа 3 саата се фалите на ФБ или Инста каде сте седнати за сите да Ве видат, а гости чекаат надвор за :masa:.
Ам затоа лани коа имаше дека на плажа наплаќале за пунење телефон, тука се објаснував со боговите на туризмот дека струјата што некој си ја донел на плажата за фрижидерите да има кај да ги уклучи, не значи дека мене ми продава услуга и треба да ми наплаќа ако го уклучам телефонот на пунење...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Редок како Халеевата комета, се јавува на темава исклучиво во периодот од 1ви јули до 1ви септември. Бојан дами и господа.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Тие што плукаат или солено си помале или очекувале гага, трето не ќе да има! Такви ли туристи сте бе Господо?
Јас секое лето доаѓам во Охрид на 2-4 недели, се чудам што не чини во Охрид. Паркинг? И тој да им бил скап (30 денара скупо?), ама кафе од 100че и цигари од 130че не е скапо! Нели се има.
Ако не ти се плаќа паркинг доаѓаш во центар пеш. Одмор се знае што е, одиш уживаш и не гледаш колку трошиш. Ако ви е скупо, се седи дома.
Ако си дошлак не значи дека треба и црвен тепих да ти се постели. Колку пари толку музика.
Најмногу ме нервираат коментарите од соседните маси: странци се, затоа келнерите трчаат. Не, не ќе да е до тоа. Трчаат заради тоа што седнуваме, нарачуваме, јадеме и си одиме. Не седиме на маса со едно кафе и вода и тоа нагласено водата нека биде of чешма. Па потоа 3 саата се фалите на ФБ или Инста каде сте седнати за сите да Ве видат, а гости чекаат надвор за :masa:.
Да де седнуваш, јадеш и си одиш затоа трчале келнеритее, гледаат на гравчиња па знаат некој кој штотуку седнал дали ке му дреме цел ден со едно кафе, трчаат зашо очекуваат бакшиш од странците!
Лани на оревче дебилите не ме пуштаа без маска цели 10м да поминам ама затоа ми продаваа обична маска 150ден. или оди до паркинг горе да си ја земеш од кола. Му викам на маса треба со маска да седам? Вика не. Епа? Згора на тоа 200ден влез од човек и лежалка ако најдеш најдеш ако не дреми на маса, нормално си заминав и никад више


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Ама некако годинава нема ни странци веќе, и тие што идеа пребација во Грција и Албанија, а нема ништо посебнно ни домашни, дури и угостителите плачат да се даваат грантови за домашни.. Недоличното однесување кон туристите,целата узурпација со бетон и ламарини и локални шерифи си го зема својот товар,пак продолжетњ со плукање по локалци во кафиња,наплаќање див паркинг 100 денари, 0.33 лименка скопско180 на тие платфпрмите дрвени вода итн..
Screenshot_20210702-234154_Chrome.jpg Screenshot_20210704-092420_Chrome.jpg Screenshot_20210704-092444_Chrome.jpg
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Пишав и лани на темава за истиов топик и ќе пишам за последен пат, а на охриѓани им препорачвам да ги игнорирет ваквиве мислења пошо секоја година е истата прича и очигледно не мојт со инка да им туриш вгла, така да џабе се замарате, немат да ја сфатет поентата.

10+ години мојве се занимавет со туризам, издавет смештај и имам видено секакви гости. Од стоки шо го остајле ршум апартманот, со сок од карпуз од крај до крај на шанк, семки расфрлани по цел стан и искористен целиот сервис во кујната и ништо не измиено од то. Ама сме имале и душа гости шо ни глас не им се слушнало, а апартманот сме го наоѓале каков што сме им го оставиле.
Да, јасно ми е дека охриѓани се гној од народ, ама то е општо, не важит то само за вас туристиве, туку и ние ги трпиме нивните гомна преку цела година, зато и градов до ова дереџе е стасан. Ама дајте преку таквото со генерализацијата. Не сме 19 век, на сите ви е достапен интернет, отворете истражете, прочитајте ревјуа каде е добро и каде други туристи имале пријатно искуство и одете таму. Како мој луѓе, шо јас сум ги шетал во Охрид се фасцинирани во секоја смисла и од градов и од услугата? Влезено ви е во потсвеста да кењате се шо не чинит, а да ги занемарвите убајте работи, кој реално доминирет во Охрид.

Никогаш не ми се десило да седам во кафич и келнерот да услужит странци пред мене, не ми се десило да платам над 60 денари за еспресо и не ми се десило да ми побарет полнење на телефон.(шо е до мене, ликот шо го напрај то би го обесил на чинарон). Се дешават некогаш келнер да напрајт пропуст и тие се луѓе. Ми се дешавало и во кафич во Скопје и надвор од Македонија. Ама не сум зел да го кењам цел град како бил никаков и да ги занемарам сите убај работи шо сум ги искусил.

Зато прекинете веќе еднаш со генерализирање, истражете, распрашајте се по луѓе што биле и имет пријатни искуства и избегавајте ги панаѓур местава, па ќе видите за парите шо ќе ги платите, дали немат да добиете услуга достојна за цената. А ако Охрид како место не ви е по вкус, слободно избегнете го и прекинете да ги потите јајцава со анти пропагандава, пошо на крај од денот сите сме исти гомна и ако продолжиме да си ги копаме очите за вакви најнебитни глупости, шо останвит за посериозниве проблеми на ниво на цела држава..
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Редок како Халеевата комета, се јавува на темава исклучиво во периодот од 1ви јули до 1ви септември. Бојан дами и господа.
Убо шо се пронајде у муабетов :)
Иначе да, обично коа ми е досадно се јавувам на темава :)
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.678
Плукај бе Владе, не е проблем.
Познато е македончето по плукањето, тоа ни е национален спорт.
Земи прочитај ја темата за одмор во Албанија, на сите од уста мед и млеко им тече, ако не си бил, ќе мислиш за Азурна обала пишуваат. А реалноста е сосема поинаква. Хотелот каде што си се сместил нема соодветна канализација, па во 5 часот секое утро доаѓа цистерна да ја исчисти септичката јама. Смрдеа во радиус од 2 километри. За ѓубре да не зборувам, за нечистотија исто, ама тоа е само мое искуство. И тоа не ме прави релевантна да плукам по туризмот во Албанија. Кому му се допаѓа повелете, мене не ми се допаѓа, па фино лепо Албанија како дестинација за пречкртав за век и веков.

Веќе реков дека Охрид и те како има маани и недостатоци. Тоа е јасно како ден. Ама секоја година истата приказна се вергла. И точно, охриѓани вакви, такви, онакви, АМАААААА демек битолчани поарни да не се :sneaky:
Истото го доживеав во серанда......никад више....хаха комитите и патриотите на форумот за политика најмногу ЈАДАТ ГОВНА И ЛАЈНА за Охрид.....
Ги болит зато шо ОХРИД е Number ONE,штета шо немаме некоја екипа во фудбал и ракомет да играат во лигата на шампиони.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Истото го доживеав во серанда......никад више....хаха комитите и патриотите на форумот за политика најмногу ЈАДАТ ГОВНА И ЛАЈНА за Охрид.....
Ги болит зато шо ОХРИД е Number ONE,штета шо немаме некоја екипа во фудбал и ракомет да играат во лигата на шампиони.
Vo so e Ohrid number one ziti se?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Ја само мислам дека фундаментален е проблемот на Охрид, како што пишав поназад.
А сега, дали охриѓани или домашните туристи се поголеми гомна, тоа не би можел баш да го проценам и двете страни се истакнуваат. Нерешено, би рекол.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.910
Пишав и лани на темава за истиов топик и ќе пишам за последен пат, а на охриѓани им препорачвам да ги игнорирет ваквиве мислења пошо секоја година е истата прича и очигледно не мојт со инка да им туриш вгла, така да џабе се замарате, немат да ја сфатет поентата.

10+ години мојве се занимавет со туризам, издавет смештај и имам видено секакви гости. Од стоки шо го остајле ршум апартманот, со сок од карпуз од крај до крај на шанк, семки расфрлани по цел стан и искористен целиот сервис во кујната и ништо не измиено од то. Ама сме имале и душа гости шо ни глас не им се слушнало, а апартманот сме го наоѓале каков што сме им го оставиле.
Да, јасно ми е дека охриѓани се гној од народ, ама то е општо, не важит то само за вас туристиве, туку и ние ги трпиме нивните гомна преку цела година, зато и градов до ова дереџе е стасан. Ама дајте преку таквото со генерализацијата. Не сме 19 век, на сите ви е достапен интернет, отворете истражете, прочитајте ревјуа каде е добро и каде други туристи имале пријатно искуство и одете таму. Како мој луѓе, шо јас сум ги шетал во Охрид се фасцинирани во секоја смисла и од градов и од услугата? Влезено ви е во потсвеста да кењате се шо не чинит, а да ги занемарвите убајте работи, кој реално доминирет во Охрид.

Никогаш не ми се десило да седам во кафич и келнерот да услужит странци пред мене, не ми се десило да платам над 60 денари за еспресо и не ми се десило да ми побарет полнење на телефон.(шо е до мене, ликот шо го напрај то би го обесил на чинарон). Се дешават некогаш келнер да напрајт пропуст и тие се луѓе. Ми се дешавало и во кафич во Скопје и надвор од Македонија. Ама не сум зел да го кењам цел град како бил никаков и да ги занемарам сите убај работи шо сум ги искусил.

Зато прекинете веќе еднаш со генерализирање, истражете, распрашајте се по луѓе што биле и имет пријатни искуства и избегавајте ги панаѓур местава, па ќе видите за парите шо ќе ги платите, дали немат да добиете услуга достојна за цената. А ако Охрид како место не ви е по вкус, слободно избегнете го и прекинете да ги потите јајцава со анти пропагандава, пошо на крај од денот сите сме исти гомна и ако продолжиме да си ги копаме очите за вакви најнебитни глупости, шо останвит за посериозниве проблеми на ниво на цела држава..
Е да ама за да НЕ биди станот со карпуз цел ваккан ќе го издаваш на Данци. За да го издаваш на такви ќе ги тргниш тоа бетоните од на сред езеро и ќе им дадеш ПЛАЖИ (кафичи и дискотеки може да има вград или на др место но не на сред езеро).
Станот наместо со лед накитен ќе го накитиш со народни носии, дрвени садеви и ќе промовираш етно туризам.

Ќе ги средиш околните села на Галичица и ќе ги шеташ горе на планина, вечера со поглед на зајдисонце од Велестово не знам дали некој ќе ти одбие. Во странство убиваат за место повеќе од такви видици.

Ќе организираш рафтинг кој може да го имаш на стотина километри од тебе (таман еднодневна екскурзија).
Имаш и ранчеви со коњи Кичевско и Маврово па и тоа не ти гине (ако никој не се сетил за поблиску).

За Св. Наум и патот дотаму да се направи, да се дислоцираат тоа КАФАНИТЕ И ТЕЗГИТЕ таму и слични глупости - да не ни почнувам.

Цркви и историја на една педа имаш да ги ринеш.

Наместо платформи ќе направиш вело патека околу езеро и ќе ја споиш со албанската, издавај велосипеди нека врти нека ужива народ (кец на десетка за странците).

Тениски и фудбалски терени, исто.

Еден покриен базен 10 години дупка се копаше, сега уште 10 ќе се затвора, обликува, шминка, пушта во употреба...

За угостителските објекти, за секоја лејка што фатила СМЕШТАЈ да изадава и за прекопаниот град немам солзи да Ве/не исплачам.

И после зошто да си ги вадиме очите? Во право си дека си ги вадиме и дека НЕ го цениме она што го имаме, плус секогаш ни треба НЕКОЈ од надвор да ни каже како треба (македончето не знае ако некој не го влечи за нос).

Охрид моментално и всушност цело време има пиперка и курпуз туризам, а не елитен за кој има ИТЕ какви предиспозиции.

Не останува ништо друго освен да си ги вадиме очите.
За жал.
 

Kaleb

Where we’re going, we don’t need roads!
Член од
15 август 2020
Мислења
393
Поени од реакции
2.948
Кој ти е овој глуп муабет живти младоста... дека мене ми продава услуга и треба да ми наплаќа ако го уклучам телефонот на пунење...
гледам ифрустиран си big time, like I give a shite!
А тоа за телефоните да ги пуните на плажа зарем не знаете за power bank?
Сега и тој што продава сладолед на фрижидерите ви е крив што не ве услужил! Страмота за Охриѓани! Сега ќе излезете со коментари плажите се изорани, а до вчера не ви се допаѓаше бетонот и лежалките, нели сте немале место каде да лечeте фрустрации. За вас само еден big ban за доаѓање во Охрид!
Slán,
Kaleb.
 
Член од
12 септември 2016
Мислења
98
Поени од реакции
487
Абе тешка комедија..За нас огриѓани имат помали цени, или за сите е исто? Како за нас, така и за вас..Паркингот бил скап, ам мрдни ги нозете немат да падниш болен, санкир ние на лето цел ден в кола сејме(освен за подалечните плажи и за на работа кола охриѓани и не користет или ќе ојш таму кај шо не плаќаш паркинг и мирна гла)..Очекувале подобра услуга, а Скопје,Битола итн една услуга шо имет, ам цени..Нескафе Охрид покрај езеро и нескафе покрај автобуска станица во Скопјето со иста цена, не ќе да е исто а, т.е за вас е исто..Вистина е дека Охрид имат голем потенцијал шо за жал не е искористен. Имате понуда на кафичи , плажи, ресторани, апартмани.Вие прајте пресметка дали имате или немате, дали ќе ојте на одмор или не, не е срамота да не ојте на одмор, ние на плажа не сме ојдени од работа па не се жалиме, ама вие сакате да ве гледет по фејзбуци:facepalm:.Викате келнерите не ви чинеле..Е јбг, секој од вас си имат одмор ама тие викенд, лето, зима, прва втора, работет без одмор, и на крај тие деца не ви чинеле...Ако сте толку посебни, спремите 100тина к денари, ојте Шпанија на одмор,Хрватска, ама не, со 3к дошле на одмор, сакет смештај,плажа и секој ден журка...Ако не, и ние да кукаме шо стан во Скопје е воглавно колку една плата..И да, Скопје кај ги оставате колите? Колку плаќате за паркинг годишно?..Имам толку другари од Скопје, шо ни идет секоја година, преубо им е, топ си поминвет, лош збор немет речено, така да изгледа до вас ќе да е. Ве чекаме за 20тина дена да ни дојте, и паркинг ќе ви најме, и топ места со топ цени, и плажи без паркинзи, и маска ќе ви дајме, да не се мачите 15 чекори да напрајте до колата..И да, Охрид ќе имат работа, со вас или без вас, не се секирајте, не сте толку посебни..И поздрав до нормалните Македонци, шо си идет секое лето и топ си поминвет..Друг пат прашајте на темава, ќе ви препорачаме многу места, да не лутате во празно
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Како не сум Грујо ја....
Еден мал слој охриѓани би ме прогласиле за светец, а огромното мнозинство би барале да ме убијат. Али таа фрка би вредела.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Море овие битолчани ич не се иновативни.
Видоја охриѓани голи почнаа да се шетаат низ проштад, па ајде и тие да се подолу. Денес на Широк сокак реплика на охридската. :icon_mrgr:
@мкд владе ти реков јас „битолчани да не се поарни од охриѓани:X3:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom