Овие плукачиве на Охрид секоја година истата песна.
Морееееее ак не ти чинит, не идај, не те терат некој со сила Охрид да дојш, ак не ти се идат. Демек некој со пушка му стојт на гла, „амаааааан Охрид морат да појш“.
Разбирам да имаш Х причини, заради кои не сакаш да одиш некаде. И брате мили фино лепо таму повеќе не стапнуваш, ама не мора да плукаш, вакво е, такво е, и пак да се нацрташ таму.
Кога им ги читаш коментарине, мислиш дома со златни лажици јадат, кои пред употреба 3 пати ги полираат пред да бидат употребени. Или постелнината ја менуваат секој ден, пред тоа ја штиркаат и пеглаат, па после ја употребуваат.