Охрид

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Не разбирам како за градоначалник доби сдсм со 3000 гласа разлика, а гога има 800+ предност пред Пендаровски. Некој да ми објасни охриѓанец?
Ова е пракса на некој начин во Охрид. И Петрески кога го доби вториот мандат, ВМРО победи убедливо на парламетарните.

Вака да гледаш од страна ќе мислиш Охриѓани имет некој политички сенс и не се политизирани а уствари реалноста е скроз обратна.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
И што ако бил Бугарин?
Најдобар кандидат е, сам кажуваш дека како личност е најдобар можен кандидат, 100 пати подобар од другите и подобро ќе го води градот од нив, ама замисли ти човекот се осеќал како Бугарин. Стварно да ви се чуди човек на мозок. Ако му е тоа најголемиот грев, дај боже на сите наши политичари тоа да им е најголем грев, можеби ќе ја биде државава.

Што ќе направи он како градоначалник, „бугараш“? Ќе го припои Охрид на Бугарија? Ќе гради бугарски школи (мада и тоа подобро него 30 метра минариња,али ај), ќе издава „државни тајни“ на Бугарија од типот на колку бродови во езероно се исправни? Ќе ја носи Гергана место Цеца?
Сркајте си сега иста порција 30 години и после чудете се зошто Охрид од град со најголем потенцијал не само во Македонија, туку и пошироко е станат пустелија.
Ако така гледаме половина од кандидатите за градоначалници се србомани па пак ги гласаме.Како и да е и овој нема да да ја запреш изградбата до минарето ако одешше по паметот на Петар Колев.Петар Колев е куче на системот од Брисел и курва за пари.Пред да отиде во Бугарија на студирање немал никакви допирни точки со ВМРО а сега како он е голем познавач на историјата.Како и да е и онака беше на митинзите на сдс во Штип за референдумот.На Македонија не и требаат испрдоци кои тераат политики на едно опшество.
 
Член од
25 септември 2013
Мислења
35
Поени од реакции
19
Штета,мислам дека можит да бидит добар градоначалник.
Јас имав намера пред неколку години да се кандидирам како независен имам добра програма за градот ама ќе добијам од 8000-12000 шо сметам немат да бидит доволно.
Можам да добијам уште 3-4000 ама тие тие се уценети гласови од тие шо градат на диво и ко кај чинарот и џамијата ,а јас такви работи сакам да рушам.
Цел град велосипедски -ко во Холандија ,на лето навечер од кај банката до чаршија и стара автобуска само таксистите ќе возат,паркинг на добро место итн
Хаха
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ако така гледаме половина од кандидатите за градоначалници се србомани па пак ги гласаме.Како и да е и овој нема да да ја запреш изградбата до минарето ако одешше по паметот на Петар Колев.Петар Колев е куче на системот од Брисел и курва за пари.Пред да отиде во Бугарија на студирање немал никакви допирни точки со ВМРО а сега како он е голем познавач на историјата.Како и да е и онака беше на митинзите на сдс во Штип за референдумот.На Македонија не и требаат испрдоци кои тераат политики на едно опшество.
Секако дека ќе ги гласате. Србоман може, ама Бугарофил јок.....
Ако е Нанче најдобар кандидат што има врска од која партија доаѓа или какви се неговите национални чувства. Се бира градоначалник, функција која што најмалку зависи од националната политика на партијата (поради тоа и најмногу тука успеваат незавнисни кандидати или кандидати од помали партии). Човекот се бира да ги решава локалните прашања на луѓето, а не нешто повеќе.

Затоа и ме нервира тоа жигосување, посебно поради двојниот стандард кога пола ВМРО и СДС од секогаш биле полни со Србомани, па пак се гласале тие луѓе. Додуше имало и Бугарофили доста во ВМРО и никој немал проблем да ги гласа ако си ќутат за тоа. Мене тоа ми е многу полошо него некој отворено што си кажува што мисли. Многу подобро како Нанче,него цела младост веел бугарски знамиња, па после тоа на функција да изиграва антички или обратно.
 
Ништо добро нема да донесе ни овој Нанче за Охрид иако победел.Промашена политика на граѓанско опшество.А и знаејќи кој е човекот што е на чело на партијата никогаш не би можел да гласам за него не поради тоа што е бугарофил туку од политички и морални мислења.Таквите луѓе кој не знаат што се и се продаваат за ситна пара не можат да го фобијат мојот глас.А и пак ќе кажам промашена политика која ни најмалку не и е потребна на Македонија.А против човеков немам ништо како што можам да видам до сега без ниедна дамка е освен тоа што бил бугарофил но ако гледаме така пак ќе кажам тогаш треба да се распуштиме како држава зошто сите луѓе кои се на функција во државава се србомани и Албанци така да.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
И сега ќе ја направат џамијата или не?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
И сега ќе ја направат џамијата или не?
Нормално дека ќе ја направат и не само таму туку каде сакаат и што сакаат ќе прават и никој ништо нема да им каже.Овоа е почетокот на крајот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Предпоследните 2 слики не се од Охрид ама ок!
...аааа не, не е ОК, секоја грешка треба да се поправи! Овде се фотографии од Охрид од 1863 год, каде се двете дискутабилни фотографии кои велиш дека не се од Охрид, ама тука се така поставени!
...но имаш право за двете предпоследни фотографии кои НЕ СЕ ОД ОХРИД, ги најдов дека навистина се од 1863 год, ама од градот Велес!

...благодарам за примедбата и јас не сакам погрешни работи иако се сомневав од овие високи планини ама си реков дека не е можна таква грешка кога некој постира на Нет портали!

...друг пат, ќе внимавам повеќе пред да постирам стари фотографии!(y)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
..уште од 23.05.2017 јавно укажано- КЛИК !
цитирам:
,, Во Охрид започнаа конзерваторските работи и реконструкцијата на Али-пашината џамија, културно историски локалитет од 16. век. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид, Тања Паскали Бунташеска „Ја враќаме џамијата во првобитната состојба. На местото од затворениот трем, кој беше изграден од приземјето плус еден кат, ќе се реконструира отворен трем со три купули, таков каков што постоел некогаш. Ќе се направи и реконструкција на минарето коешто постоело.

Постојат и фотографии, а врз основа на постоечките стари фотографии, ние го изработивме проектот и ќе го реконструираме минарето онака како што било. Во нашите закони стои доколку постојат податоци каков бил еден објект кога се изградил, има можност тој да се реконстрира“, вели Паскали Бунташеска, работите ги изведува турска фирма и оти тие биле само во улога на конзерваторски надзор.Од музејот очекуваат дека до крајот на следната година ќе бидат комплетно завршени сите работи, и џамијата ќе биде вратена во својата првобитна состојба...Во првата фаза е предвидена изградба на минарето и тремот како што биле во првобитна состојба. Во втората фаза е предвидена изградба на дополнителни објекти како што е шадрванот. Во својот 'Патепис' Евлија Челебија навел дека во Охрид постоела џамија со две минариња и можеби токму оваа џамија била таа. Веројатно другото минаре било само како темел поставено и никогаш не било издигнато, и затоа не се гледа на старите фотографии“, вели директорката на музејот, Тања Паскали Бунташеска...,, затворен цитат!

...и бидна точно како било предвидено за две години се обнови нештото што било пред повеќе од 500 години изградено од освојувачите отоманци на освоена територија тука, само да остане вечно име на тој што го изградил и би вечно со денешниве актуелни ситуации околу минарето (иако на двете стари фотографии од Охрид не го гледам минарето)

...и од пред две години било спомнато од Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид, Тања Паскали Бунташеска дека ќе биде обновено и минарето (а можеби понатаму и два)??!!

...и сега што? „глуви“ две години и сега ни текнало дека не личело среде Охрид вакво нешто? па не личи нормално да се обнови име на освојувачи што ја држеле оваа земја под ропство повеќе од 500 години!

...што не го завршиле автопатот до Охрид што е во корист на сите во одредениот термин, не ќе да го биде ниту во блиска иднина?
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Не сум била во Охрид две години, па се одлучивме викендов да прошеткаме малце натаму. Сместени бевме во хотел тино, тино го памтам како хотел со добар рејтинг а она шо го добивме беше очајно во споредба со цената која ни ја наплатија за ноќевањето, мислам 6200 денари за едно ноќевање за три особи, страшно, ништо посебно за цената, ни услуга ни храна ни ништо. Друго, Охрид одсекогаш си држел цени малце повисочки, сепак е туристичко место а и градот е супер ама ова е претеризам, за Европска унија да не се спремате со цениве хаха, 300 ден пилешки прсти, топено сирење 270 денари ... лигњи 700 Секаде имам шетано низ Европа а и пошироко досега сегде цените биле спрема стандардот таман, после се лутат Охриѓани кога ќе им бегаат туристите Грција, Албанија, Бугарија. Не сакам да провоцирам, го сакам Охрид ама другиот пат ќе размислам кај ќе престојувам и каде ќе јадам, поздрав
 
...зависи кој како одбира, понуда на ИМА на НЕТ за сите хотели и приватни сместувања во Охрид „Booking.com“ со фотографии на понуденото и со цена и тука нема промашување, па и за „Тино“ така да за пристојни 1300 ден вон сезона (сега) за трокреветна соба си можела да најдеш сместување во вила покрај езеро на букинг!
...како и различни ресторани на исто ниво според екслузивитет, ама со различни цени, Мени поставен пред рестораните, пред да се влезе да може да се види за понуденото и која цена!

... на пример во ресторанот„ Канео“ покрај езерото има доста високи цени,

за разлика од ресторанот „Белведере“ во другата страна на крајбрежието каде има доста „нормални“ цени посебно на скарата (од 130 до 250 ден порција), но поради високата посетеност на овој ресторан има тенденција да го изгуби квалитетот на храната што всушност е наш македонски синдром кога ќе успеме нешто и ќе станеме познати да не „удри“ слава во глава, па да се изгуби и во квалитетот на храната и во услугата, па не ме чуди што си разочарана од престојот во хотелот „Тино“!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom