Со скорешното излегување на некои предлози во јавноста, како и дискусиите што се отворија после тоа, мислам дека имаме нови моменти за оваа тема.
Прво, сега многу подобро знам за што се работи во преговорите. Се разговара за името на државата во рамките на ОН, односно за замена на привремената референца ФИРОМ. Идентитетските прашања се всушност двете графи за ”придавка” и ”јазик” кои стандардно се појавуваат во документите на ОН.
Второ, сметам дека позицијата на Македнија во преговорите е систематски влошена од 2005 па навака. Додека тогаш се разговарало за името на државата во рамките на ОН, денеска Грците стојат на ерга омнес, т.е. име за севкупна употреба. Според нив, Република Македонија може да стои во уставот но треба да се смени текстот и да прецизира кое име да користиме за надворешна употреба. Тие инсистираат на географска одредница пред Македонија, на пример Северна или Горна. Тоа е навистина големо уназадување на нашите позиции.
Трето, имам чувство дека дискусијата за идентитетот самите си ја отвараме. Фактот што постои македонски јазик, македонска нација со свои македонски институции не може да биде сменето со никаков договор, а осбено не со преговори кои треба само да го утврдат името под кое Македонија ќе биде примена во ОН.
За постоењето на македонската нација, поминало магарето на мостот. Тоа е веќе факт.
Мислам дека државата после ветото во 2008 не само што води погрешна дипломатска активност, туку и дека на домашен план правецот со реакционерна политика на национализам и нови митови ја задушува енергијата на народот. ”Отровните стрели” на Груевски треба да се гледаат во овој контекст. Јас самиот погрешив со мојата прва реакција за тоа интервју. Не било така. Сега знам подобро.
Во последно време се појавуваат и нови идеи кои и самиот јас овде ги посочив, како на пример Балканскиот Калининград или некакво излегување од преговорите, ЕУ и НАТО. Овде се враќам на своите ставови од пред неколку страни дека таквите работи ќе ја направат ситуацијата уште понеподнослива за граѓаните.
Не ни треба ни Кина ни Русија туку Западот.
Треба едноставно да се работи на градење на позициите во преговорите на ниво на оние околу 2005. Целата таа диплматска активност која се истроши за лобирање за прием во НАТО под референцата можење на пример да се искористи за подобрување на нашите позиции во преговорите а не надвор од нив.
Според околината и според моменталните светски текови, овој факт е неминовен. Уште на почетокот после падот на прошлиот систем, уште пред референдумот 1991, новото раководство се одлучи за запад, поточно за НАТО и ЕУ. Ако ти текнува,
бевме лидери на Балканот во тој пат, заедно со Словенија. Бугарија, Романија, Хрватска и Албанија, беа далеку позади нас во таа патека.
Тој премин на политиката во 2005 има своја позадина. Основните декларативни заложби на овие две организации се токму човековите права и слободни, меѓу кои и основните права за самоиндентификација, на сите можни нивоа. Самото барање за промена на официјалното име(
значи не привремена референца, туку стално име) претставува притисок на една држава, чиј народ на некој начин се идентификува со таа држава.
Интервјуто на Груевски е реакција на една таква политика, а не самоиницијативно оддалечување на
Република Македонија од ЕУ и НАТО интеграцијата, пошто
интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО не е возможна. Тоа ни е јасно и гласно кажано во последните 21 година. Тука пак се јавува друг факт, дека декларативните заложби на овие две организации се прекршуваат со оваа уцена. Значи прво и основно прашање, во какви организации ние сакаме да влеземе, и каква позадина се крие позади нивните декларативни заложби.
Многу е лесно опозицијата да критикува и да освојува дневнополитички поени од целата оваа ситуација (истото го правеше и владеачката партија кога беше во опозиција). Како прво и основно фактите кои ги изнесуваат на виделина, они самите ги прогласиле за државна тајна. Зошто таа државна тајна одлучиле денеска да ја извадат во јавност, а не тогаш? Нели се тоа задни намери? Втора работа е што и кој им ја попречил ЕУ-НАТО интеграцијата во периодот 2002-2006, поготово во периодот 2004-2006, кога имаа целосна власт врз земјата?
Не е се така едноставно како што изгледа. Можеби Калининград на Балканот ќе ни ја направи ситуацијата понеподнослива, што се сомневам, пошто не збориме за Советскиот Сојуз, туку за Русија која има најголем економски пораст во Европа. Но и да ни ја направи ситуацијата економски неподнослива, можеби нашиот народ мора да даде жртва, за да идните генерации се живеат онака, за што нашите предци се бореле и имале визија.
Нашата генерација нема никакво право да го продаде брендот Македонија.