Откриена тајната состојка на Кока Кола

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Откриена тајната состојка на Кока Кола




По 125 години строго чување на тајната,излегоа на виделина состојките кои го прават вкусот на популарниот безалкохолен пијалак.

Само двајца вработени во фабриката знаеле од што се состои Кока Кола.Рецептот,строго чуван во банковниот сеф на компанијата,го обелодени Thisamericanlife.org .Главната состојка на овој популарен пијалак во 90% е водата.Во неа се измешани карамела,ортофосфорна киселина,
природни ароми,кофеин и јаглерод диоксид.

Тајната состојка која изнесува само 1% од пијалакот се нарекува 7X и содржи:236 милилитри алкохол,20 капки масло од портокал,30 капки масло од лимон,10 капки масло од оревчиња,коријандер 5 капки,10 капки масло од цветот Citrus vulgaris и исто толку капки масло од цимет.

Творецот на Кока Кола,пијалакот кој го освои светот,е фармацевтот од Атланта Џон Пембертон,кој во својот двор се обидел да измеша копија на француско вино.На почетокот неговиот пијалак не бил газиран,потоа со додавањето на јаглерод диоксид се појавиле меурчињата и Кока Кола пијалакот влезе во легендите!

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=71411
 
Член од
20 април 2010
Мислења
718
Поени од реакции
527
Се состои тајната од течност во голема канта означена со голем црвен череп и троа шеќер!
 
С

сашенко

Гостин
Најголемо откритие после откривањето на америка.Џабе печатевме нови учебници лани толку битна информација како оваа кога нема во исторските учебници...
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Уф сеа кога ќе идам на гости кај некого, ако ме понудат со кока кола задолжително да прашувам дали е домашна или од продавница :)
 
С

сашенко

Гостин
Уф сеа кога ќе идам на гости кај некого, ако ме понудат со кока кола задолжително да прашувам дали е домашна или од продавница :)
236 милилитри алкохол
20 капки масло од портокал
30 капки масло од лимон
10 капки масло од оревчиња
коријандер 5 капки
10 капки масло од цветот Citrus vulgaris и исто толку капки масло од цимет.

Пааа домашно производство зашто да не...
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Од сега никој нема да пие кока кола , по атрактивен ќе биде индискион сок од урина од крави ...:tv: абе конспирации за да им тргне бизнисот во боливуд ... амди бајрам има некој удел во тоа сигурно :pos:
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
И Вие верувате во ова? Па ова е бул шит!
Демек ајде да откриеме и готово ќе ни се тргнат свесните луѓе кои знаат колку е штетен самиот пијалок?
Треба да си будала да вервуаш во ова!
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
236 милилитри алкохол
20 капки масло од портокал
30 капки масло од лимон
10 капки масло од оревчиња
коријандер 5 капки
10 капки масло од цветот Citrus vulgaris и исто толку капки масло од цимет.

Пааа домашно производство зашто да не...
Комшијата ми е фармацевт со 40 годишно искуство, плус тоа хоби му е собирање на треви и рецепти за лекување болести. Кога би сакал да си прави домашна кока кола нема шанси а да не најде некоја од состојките од рецептава ;)
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Па домашно производство зошто да не и да утнеш некоја состојка ќе добиеш пепси ,а уште подобро ако претераш со цветот Citrus добиваш пепси со лимонов твист :party2:
 
T

Tetro

Гостин
Откриена тајната состојка на Кока Кола

Тајната состојка која изнесува само 1% од пијалакот се нарекува 7X и содржи:236 милилитри алкохол,20 капки масло од портокал,30 капки масло од лимон,10 капки масло од оревчиња,коријандер 5 капки,10 капки масло од цветот Citrus vulgaris и исто толку капки масло од цимет.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=71411
Веста на Канал5 е привлекување внимание. И тие тргнале по стапките на другите информатори, кога нема што да кажат, преведуваат шпекулации. :)

1% од која количина со 235милилитри алкохол? Каков алкохол?
Кај се вештачките шеќери?
Кај е..... coca? хммм
 
A

Auditore

Гостин
^
Се согласувам, рецептот на Кока-Кола тешко дека некогаш ќе се открие, а рецептов и не ти е баш "логичен".
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Откриена тајната состојка на Кока Кола

Тајната состојка која изнесува само 1% од пијалакот се нарекува 7X и содржи:236 милилитри алкохол,20 капки масло од портокал,30 капки масло од лимон,10 капки масло од оревчиња,коријандер 5 капки,10 капки масло од цветот Citrus vulgaris и исто толку капки масло од цимет.
Очекувајте во скоро време статија во бугарски весник дека Кока Колата е со бугарско качество.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Амди Бајрам ќе почни со производство на Кока Кола... мејд ин шутка
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Амди Бајрам ќе почни со производство на Кока Кола... мејд ин шутка
Нема што да почне ,тој одамна заврши со тој бизнис ... уствари да сеа коа ја има рецептата може и да ја испроба ...:tv:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
You are reading it wrong!

На почетокот неговиот пијалак не бил газиран,потоа со додавањето на јаглерод диоксид се појавиле меурчињата и Кока Кола пијалакот влезе во легендите!
Еве ја тајната состојка...балончињата. Без нив Кока Кола никогаш немаше да биде Кока Кола. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom