- Член од
- 10 август 2015
- Мислења
- 105
- Поени од реакции
- 14
Здраво на сите, потребно ми е мислење, бидејќи имам 20 години и немам многу искуство. Работам во компанијва веќе два ипол месеци, каде што првиот договор ми беше на еден месец и откако помине не поптпишав ништо повеќе, најверојатно договорот сами го продолжиле, а тоа не ми одговара, бидејќи знаеа дека не планирам да останам. Ги известувам пред некој ден дека ќе останам до крај на месецов, и одлуката ја прифаќаат, но вчера ми изнесуваат дел од законот дека морам еден месец да ги известам порано. Трикот е во тоа што претходно ниеден од вработените не ги извести еден месец порано, но кога видоа дека во една недела половина си отидоа и откако им кажав јас почнаа со игрите. Бидејќи не сум во можност да работа и септември поради факултет и други причини, ме интересира дали можам да дадам отказ, и дали сето тоа може да има последици врз мене? Најмногу ме плаши моментот да не ми скратат дел од платата за месец Август или воопшто да не ми ја исплатат?