Отказ

Член од
10 август 2015
Мислења
104
Поени од реакции
14
Здраво на сите, потребно ми е мислење, бидејќи имам 20 години и немам многу искуство. Работам во компанијва веќе два ипол месеци, каде што првиот договор ми беше на еден месец и откако помине не поптпишав ништо повеќе, најверојатно договорот сами го продолжиле, а тоа не ми одговара, бидејќи знаеа дека не планирам да останам. Ги известувам пред некој ден дека ќе останам до крај на месецов, и одлуката ја прифаќаат, но вчера ми изнесуваат дел од законот дека морам еден месец да ги известам порано. Трикот е во тоа што претходно ниеден од вработените не ги извести еден месец порано, но кога видоа дека во една недела половина си отидоа и откако им кажав јас почнаа со игрите. Бидејќи не сум во можност да работа и септември поради факултет и други причини, ме интересира дали можам да дадам отказ, и дали сето тоа може да има последици врз мене? Најмногу ме плаши моментот да не ми скратат дел од платата за месец Август или воопшто да не ми ја исплатат?
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.370
Поени од реакции
11.731
Прочитај договорот ако сакаат можат да не те исплатат, дури и да ти ја бараат последната плата да ја вратиш.

Или изнуди отказ со неодење на работа, или доврши го договорот со боловање.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.318
Поени од реакции
38.935
Побарај да ти покажат каде имаш потпишано нов договор. Види и во аврм дали си одјавен после истек на првиот месец, дали си пријавен на уште еден месец или на неопределено.

Кога веќе изгубиле поголем дел од вработените сега ќе заплашуваат за да останеш уште еден месец и да те искористат, а платата и онака ќе ти ја скратат, а може и да не ти ја дадат.
Не смеат сами да потпишат договор.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
9.604
Поени од реакции
11.849
Здраво на сите, потребно ми е мислење, бидејќи имам 20 години и немам многу искуство. Работам во компанијва веќе два ипол месеци, каде што првиот договор ми беше на еден месец и откако помине не поптпишав ништо повеќе, најверојатно договорот сами го продолжиле, а тоа не ми одговара, бидејќи знаеа дека не планирам да останам. Ги известувам пред некој ден дека ќе останам до крај на месецов, и одлуката ја прифаќаат, но вчера ми изнесуваат дел од законот дека морам еден месец да ги известам порано. Трикот е во тоа што претходно ниеден од вработените не ги извести еден месец порано, но кога видоа дека во една недела половина си отидоа и откако им кажав јас почнаа со игрите. Бидејќи не сум во можност да работа и септември поради факултет и други причини, ме интересира дали можам да дадам отказ, и дали сето тоа може да има последици врз мене? Најмногу ме плаши моментот да не ми скратат дел од платата за месец Август или воопшто да не ми ја исплатат?
Не иди три дена последователно на работа ќе мора да те одјават или кажи им дека ќе ги пријавиш у трудова инспекција.
 
Член од
10 август 2015
Мислења
104
Поени од реакции
14
Побарај да ти покажат каде имаш потпишано нов договор. Види и во аврм дали си одјавен после истек на првиот месец, дали си пријавен на уште еден месец или на неопределено.

Кога веќе изгубиле поголем дел од вработените сега ќе заплашуваат за да останеш уште еден месец и да те искористат, а платата и онака ќе ти ја скратат, а може и да не ти ја дадат.
Не смеат сами да потпишат договор.

Тоа што проверив вчера е дека они ме имаат здравствено осигурано до 30. 9. 2020 година и не знам на кој основ, кога немам ништо потпишано јас.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.883
Поени од реакции
11.814
Прво, не може сами да ти го продолжат договорот. Договор се продолжува ти ако потпишеш анекс/нов договор за вработување. Проблемот е со системот на АВРМ зошто дури и кога си со договор на определено време, ако работодавецот не те одјави, они не те одјавуваат по автоматизам после истекот на договорот.

Друга работа, ако си имал договор за вработување на определено време, т.е. на месец дена ко што кажуваш, нит ти имаш обврска некого да известуваш, нит они тебе, затоа што договорот е на определено време, значи трае 1 месец и толку. Тоа со минимум 1 месец што ти го кажале, претпоставувам дека ти го кажале зошто минимум отказен рок според Законот за работни односи е 1 месец, ама отказен рок не може да има ако ти си одиш после завршување на договорот, туку отказен рок може да постои само ако да речеме имаш договор за вработување на неопределено време или ти сакаш да го откажеш договорот на определено време пред тој да истече.

Трето, затоа што ти немаш потпишано нов договор/анекс после завршувањето на првиот, најдобро е да се договорите да потпишете за овој месец анекс или нов договор за вработување на определено време (1 месец) за да немаш проблем од аспект „не ти плаќаме“ затоа што реално вака без договор и они немаат правен основ на кој би требало да ти исплатат плата. Ако нејќат да ти исплатат плата за тоа што си работе, а имате евиденција на работно време од кај што може да се докаже дека ти си доаѓал на работа и си работел, можеш да тужиш, а секако за било што од работни односи ти стои на располагање и Државниот инспекторат за труд.
 
Фала многу за објаснувањето!
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.370
Поени од реакции
11.731
Обично договорот од еден месец се продожува автоматски за еден, и така се додека не добие дали за три, шест или х временски период.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.883
Поени од реакции
11.814
Обично договорот од еден месец се продожува автоматски за еден, и така се додека не добие дали за три, шест или х временски период.
Не може некој да ти продолжи договор, ако ти не си се согласил на тоа.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
4.954
Поени од реакции
6.199
Обично договорот од еден месец се продожува автоматски за еден, и така се додека не добие дали за три, шест или х временски период.
Мораш да ставиш потпис на секој нов договор*. Без разлика што праксата за продолжување е таква кај нас.

*(Освен во случај да си ставил потпис бланко)
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
685
Поени од реакции
908
Здраво на сите, потребно ми е мислење, бидејќи имам 20 години и немам многу искуство. Работам во компанијва веќе два ипол месеци, каде што првиот договор ми беше на еден месец и откако помине не поптпишав ништо повеќе, најверојатно договорот сами го продолжиле, а тоа не ми одговара, бидејќи знаеа дека не планирам да останам. Ги известувам пред некој ден дека ќе останам до крај на месецов, и одлуката ја прифаќаат, но вчера ми изнесуваат дел од законот дека морам еден месец да ги известам порано. Трикот е во тоа што претходно ниеден од вработените не ги извести еден месец порано, но кога видоа дека во една недела половина си отидоа и откако им кажав јас почнаа со игрите. Бидејќи не сум во можност да работа и септември поради факултет и други причини, ме интересира дали можам да дадам отказ, и дали сето тоа може да има последици врз мене? Најмногу ме плаши моментот да не ми скратат дел од платата за месец Август или воопшто да не ми ја исплатат?
Лонг стори шорт. Терај со боледување до крајот на работниот договор или едноставно исчезни од реалноста комплетно на 72 часа, ако не се јавиш три дена на работа, они треба да те одјават. А тоа што се фатиле тебе да те заебаваат, а не другите што си отишле пред тебе, е пошто немаат персонал, т.е немаат кој да им работи.

Иначе многу ме интересира за која фирма се работи.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.318
Поени од реакции
38.935
Само на дете можат да се силат.

Ти пишав нека покажат каде имаш потпишано. Закани им се со тужба дека сами потпишале. За ваква работа можат да бидат изгорени ако тераш до крај.

Мора да имаш и копија од првиот договор види да не има празно место кај месеците, а провери и во аврм кога ти е продолжен новиот договор.

Со три дена не идење на работа следува отказ, ама може и ич да не ти дадат плата за овој месец.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.154
Поени од реакции
14.316
Прво, не може сами да ти го продолжат договорот. Договор се продолжува ти ако потпишеш анекс/нов договор за вработување. Проблемот е со системот на АВРМ зошто дури и кога си со договор на определено време, ако работодавецот не те одјави, они не те одјавуваат по автоматизам после истекот на договорот.

Друга работа, ако си имал договор за вработување на определено време, т.е. на месец дена ко што кажуваш, нит ти имаш обврска некого да известуваш, нит они тебе, затоа што договорот е на определено време, значи трае 1 месец и толку. Тоа со минимум 1 месец што ти го кажале, претпоставувам дека ти го кажале зошто минимум отказен рок според Законот за работни односи е 1 месец, ама отказен рок не може да има ако ти си одиш после завршување на договорот, туку отказен рок може да постои само ако да речеме имаш договор за вработување на неопределено време или ти сакаш да го откажеш договорот на определено време пред тој да истече.

Трето, затоа што ти немаш потпишано нов договор/анекс после завршувањето на првиот, најдобро е да се договорите да потпишете за овој месец анекс или нов договор за вработување на определено време (1 месец) за да немаш проблем од аспект „не ти плаќаме“ затоа што реално вака без договор и они немаат правен основ на кој би требало да ти исплатат плата. Ако нејќат да ти исплатат плата за тоа што си работе, а имате евиденција на работно време од кај што може да се докаже дека ти си доаѓал на работа и си работел, можеш да тужиш, а секако за било што од работни односи ти стои на располагање и Државниот инспекторат за труд.
Ни ќе ги тужи ни ќе си земе, судските трошоци и тужбите ќе го фатат поскапо од тоа што треба да земе и пак е прашање дали ќе успее да докаже дека е во право, пред неколку години бев во слична ситуација и никогаш не ме исплатија.
Здраво на сите, потребно ми е мислење, бидејќи имам 20 години и немам многу искуство. Работам во компанијва веќе два ипол месеци, каде што првиот договор ми беше на еден месец и откако помине не поптпишав ништо повеќе, најверојатно договорот сами го продолжиле, а тоа не ми одговара, бидејќи знаеа дека не планирам да останам. Ги известувам пред некој ден дека ќе останам до крај на месецов, и одлуката ја прифаќаат, но вчера ми изнесуваат дел од законот дека морам еден месец да ги известам порано. Трикот е во тоа што претходно ниеден од вработените не ги извести еден месец порано, но кога видоа дека во една недела половина си отидоа и откако им кажав јас почнаа со игрите. Бидејќи не сум во можност да работа и септември поради факултет и други причини, ме интересира дали можам да дадам отказ, и дали сето тоа може да има последици врз мене? Најмногу ме плаши моментот да не ми скратат дел од платата за месец Август или воопшто да не ми ја исплатат?
Кога земате вообичаено плата?
Јас би одел до тој датум на работа и покрај останатите обврски, но би се замарал што е можно помалку (читај да фаќаш кривини), откако ќе ти ја платат последната плата прекини да одиш без најава без ништо, сакале или не ќе мора да те отпуштат тие и ќе ги губиш само тие денови од новиот месец (пример ако даваат плата на 15ти, ќе одиш на гага тие две недели, инаку тешко да ти ја платат платата за Август).
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.318
Поени од реакции
38.935
Епа те од тоа скапи судски трошоци и дека имало некој случај кој не можело да докаже се откажуваат, тогаш газдите ќе си прават што сакаат со работниците, за секој различни услови и ќе си играат играчка.

Тој како и да оди големи се шансите да изгуби и тоа најмалку пола плата. Може и август ќе му скратат кога веќе има најавено отказ и плус џабе ако оди и во септември...

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Епа ете замисли се ти како студент и без други пари, мислиш дека ќе издржиш во судски процес против газда на фирма? Па две-три рочишта нема ни да ти се појави и ќе те скине на кондиција, тужби, адвокати, административни трошоци, дневници да излегуваш од работа на деновите за рочиштата и кај ти е крајот.
Тука е проблемот до синдикатите и до Државниот инспекторат за труд, тие треба да асистираат во вакви ситуации и да се оди до крај, арно ама тие газдите на фирмите се и главни спонзори на изборите и партиите и тешко да си ја пресечат својата гранка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom