Отказ во писмена форма?

Член од
24 мај 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Значи темава може не е за тука, ама барам само мислење па потоа може да оди во корпа...
Во голема фрка сум, пред скоро цел месец и пол дадов отказ, меѓутоа не писмено :mad: од 1 не идам на работа,а документите не ми се вратени и коа и да се јавам ми викаат дека ќе ми бидат готови за скоро (бараат друга работничка, пошто кадарот ни е дефицитарен) а мене документите ми се битни зш без нив не можам да работам на друго место...Знам дека требаше да дадам писмен отказ (ама ова ми е прво работно место и не бев толку информирана) ами сеа после еден поминат месец? Зошто мислам дека секако фирмата автоматски дава отказ после три не отидени дена на работа. Зарем коа работникот не иде на работа, претпоставениот може да му ги држи документите и до кога? Можам ли да ја пријавам дотичната особа во трудова испекција или не? стварно во тоа правниве работи не се разбирам ни малку, па ако знае некој нека ми каже... Благодарам однапред :)
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494

Според Закон за работни односи фирмата е должна да ти ги врати документите во рок од максимум 3 дена. Автоматски отказ се добива доколку не се оди 3 дена последователно на работа без образложение или 5 дена вкупно во цела година. А иначе јасно пишува според Член 71 став 1 : Работник може да го откаже одговорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот за вработување. Потоа: Член 74 став 1: Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма.

Можеби овие одредби ќе ти ја разјаснат отприлика ситуацијата :P
Според мене можеш да се пожалиш во трудова инспекција дека од незнаење не си поднела писмена оставка и да го употребиш Членот 63 ст. 1 кој вели: При престанување на работниот однос работодавачот е должен најдоцна во рок од 3 дена, да му ги врати на работникот сите негови оригинали на документи и да му издаде потврда за видот на работата што ја вршел. Став 2: Работодавачот не смее во потврдата да наведе ништо што би му го отежнало на работникот склучувањето на нов договор за вработување. :)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
А што ако немаш договор за работа, а си осигуран и пријавен?
 
Член од
24 мај 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Догоговор за работа имав, ама во бирото на претпоставената, што секако не е потпишан од мене, туку коа коа е склучуван договорот она се потпишувала за мене :mad: Картони секако земав...Мислам дека за да бидеш осигуран и пријавен треба да имаш и договор за работа..
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121

Не сакам да се правам паметен ама ако е така, ако она потпишувала за тебе може да излезе премногу сериозна работа ако се докаже фалсификување на потпис.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не знам какви ти се односите сега со бившите работодавачи, но ако не сте многу замерени, замоли ги да ти ги средат документите за да можеш да се одјавиш во заводот од причина што ти требаат зелени картони.
Ако не разговарате воопшто, тогаш советувај се со адвокат како да си го решиш најбрзо тоа.
 
Баш така. Еден од подобрите совети.

Значи ако не сакаат да ги вратат ќе ти треба правна помош за да ги истераш сето ова.
Се друго рекла казала може да ти наштети.

офф топик: зелен еден :)))))
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Догоговор за работа имав, ама во бирото на претпоставената, што секако не е потпишан од мене, туку коа коа е склучуван договорот она се потпишувала за мене :mad: Картони секако земав...Мислам дека за да бидеш осигуран и пријавен треба да имаш и договор за работа..
за што е всушност договорот за работа ... дали може газадата да рече па ти немаш овде работено, немаш договор за работа ... ама од друга страна си пријавуван, земаш картончиња ...?
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
А што ако немаш договор за работа, а си осигуран и пријавен?
бидејќи имам сличен прпобелем.. ова што си го пишал можно е ???

њеве на пример во мојава ситуација јас немам потпишано договор за работа а пријавен сум... :\
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
59
Поени од реакции
17
Според Закон за работни односи фирмата е должна да ти ги врати документите во рок од максимум 3 дена. Автоматски отказ се добива доколку не се оди 3 дена последователно на работа без образложение или 5 дена вкупно во цела година.
види вака не мора да значи дека ако не отиде 3 дена по ред или 5 во годината работодавачот мора да ја избрка, тоа е еден од условите за да може работникот да добие отказ од лични причини но нормално на самиот работодавач е да одлучи дали ќе го отпушти работникот.
Зарем коа работникот не иде на работа, претпоставениот може да му ги држи документите и до кога? Можам ли да ја пријавам дотичната особа во трудова испекција или не?
ништо чудно уште да се водиш како вработена во фирмата па дури и да пријавиш во трудова нема ништо да направиш пошто ниту имаш отказно решение ниту па ти си поднела отказ. најпаметно ти е да отидеш да прашаш дали се водиш како вработена, ако одговорот е да онда слободно поднеси отказ али у писмена форма овој пат
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Догоговор за работа имав, ама во бирото на претпоставената, што секако не е потпишан од мене, туку коа коа е склучуван договорот она се потпишувала за мене :mad: Картони секако земав...Мислам дека за да бидеш осигуран и пријавен треба да имаш и договор за работа..
Охоо фалсикат.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 22:22 ---
Треба да бараш и причина зошто ти е даден отказ.Можеш да го тужиш работодавецот ако напише лажна причина или не наведе причина зошто е даден отказот
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
59
Поени од реакции
17
Охоо фалсикат.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 22:22 ---
Треба да бараш и причина зошто ти е даден отказ.Можеш да го тужиш работодавецот ако напише лажна причина или не наведе причина зошто е даден отказот
таа самата дала отказ, зашто би го тужела работодавачот, проблемот е во документите што не и ги даваат
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ај пак да си прашам јас ама ми теба одговор што побрзо...

газдава кај мене ме пријавил на 4 саата ( како тест период демек ) на тој јавен оглас што морало да искочи... колешкава што се води како управител и она незнаела ( демек... мижи асан да ти бајам ) - е сега.. денеска земав плата нешто помлаце од 4 000 што значи дека сум на 4 саата пријавен...

прво прашање - за да бидам пријавен МОРАМ да потпишам јас нешто значи било каков документ! - како што реков и претходно немам ништо потпишано...

второ и многу битно прашање - утре теба да потпишам договор за непределено време, НО во договорот како што го видов нема ни сума на која ке бидам пријавен нема ни работни саати ( дали 4 дали 8 ) а на местот за слободни денови за одмор е ПРАЗНО - смее ли ваков договор прво да се приложи каде што нема ни сума ни работни саати ни денови за одмор???

ми треба хитно да ми се одговори за да знам утре што да правам дали да потпишувам или ич да не ни помислувам.... ( да не се заебам у некој случај )
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
прво прашање - за да бидам пријавен МОРАМ да потпишам јас нешто значи било каков документ! - како што реков и претходно немам ништо потпишано...

второ и многу битно прашање - утре теба да потпишам договор за непределено време, НО во договорот како што го видов нема ни сума на која ке бидам пријавен нема ни работни саати ( дали 4 дали 8 ) а на местот за слободни денови за одмор е ПРАЗНО - смее ли ваков договор прво да се приложи каде што нема ни сума ни работни саати ни денови за одмор???
И што бидна?

Некој знае одговор на прашањава?
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
И што бидна?

Некој знае одговор на прашањава?
хах да тибам... кај ме цитираш после 4+ години ебаго - еве ке ти кажам шо бидна... работив 2 3 месеца и на крај се степав со газдата :) не се ашалам сериозен сум.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom