Откажување од верата - Искушениа

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.686
Треба да ти е, не велам не... не можам јас да ти разјаснам зошто се нема можноста да те избришат. Знам дека црковните авторитети ќе ти проповедаат дека крштевањето не се брише, тоа е засекогаш. Јас не се сложувам со тоа ако не е по волја на оној што се крштева.
Не постои формата „кум“ или „родител“ кој што ќе знае за тебе што е најдобро! Не знаат, не знаеле ниту ќе знаат некогаш за твојот внатрешен живот дури и да им црташ со години!

Без разлика дали некому му е јасно или не, треба да се има можноста да одиш во црква и да ти дадат пусулче дека си избришам од кај нив. И да те нема таму. Адиос. :)
Да не те бројат. Да те нема во статистиката.

А и за тој што на пример наумил да следи други учења на пример, ќе има некоја форма на peace of mind дека завршил со нешто што можеби за него било оптеретување, дека завршил на секаков начин со учење во кое не се препознал... за некои луѓе духовниот пат не е само „да те има во тефтер“ или добро де, те крстеле, ништо не ти е... тоа можеби за лаици и луѓе кои се дел од религија туку така, бидејќи не се заморуваат со тоа воопшто.
Животот им минува далеку од сето тоа, за таквите се е „ок де, ништо страшно“ :)

We are not just numbers ...
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651

...само еден феномен се коси со сите мои убедувања,а тоа е нашата длабока желба за доминација кога зборуваме за религиите
...зошто ни е потребно тоа?
...што докажуваме со тоа?
...или си докажуваме себеси дека сме на вистинскиот пат?
...и Хепта,кога те прашав за вистината мислев на твоето појмување на религијата како таква без да ја споредуваш со некоја друга ;)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.686
...само еден феномен се коси со сите мои убедувања,а тоа е нашата длабока желба за доминација кога зборуваме за религиите
...зошто ни е потребно тоа?
...што докажуваме со тоа?
...или си докажуваме себеси дека сме на вистинскиот пат?
...и Хепта,кога те прашав за вистината мислев на нашето појмување на религијата како таква без да ја споредуваш со некоја друга ;)
Не може да се каже вистината (со мала или голема буква) кога се работи за внатрешен пат. Не постои разум што може бесконечното да го прикаже како слика, а потоа да го преточи во збор за да го презентира човек пред друг. Види ги пророците наназад низ времињата...

Затоа велиме секој има своја орбита како ѕвезда само треба да ја открие и тоа ќе биде најголемата вистина во однос на внатрешниот пат. :)
Затоа ние Телемитите не толкуваме света книга - но ја нудиме секој да ја тестира во нивниот живот, ако имаат волја и храброст. Бидејќи тоа најмногу треба.

Сите што зборуваат за тоа дека ја знаат таа една, апсолутна не знам каква вистина - лажат и никој нема проблем што лажат ако тие зборови и идеи им создаваат убави чувства кај нив самите.

Кога зборуваме за религиите, зборуваме за тоа колку знаеме за истите и како можеме да ги поврземе со другите исти такви слични учења или постари.
Бидејќи ништо не постои одвоено едно од друго или да настанало туку така, одвоено, без влијание од нешто постаро... и тоа е лага.

Тука на форумов, „си мериме фалуси“ од забава, не бараме доминација, некој да ни признае авторитет (барем јас немам такви потреби, битно ми е да зборувам за Телема), туку прикажуваме знаење за нештата, ако го имаме истото тоа знаење, познавање, сме читале и истражувале низ книгите кои зборуваат за разните учења од исток до запад, од памтивек до сега... може и погрешно знаење да се поседува, или недоволно разбрано, па го модифицира човек низ годините со стекнатото искуство низ годините.
Нема ништо лошо човек да научи повеќе и да смени став кон едно учење... тоа што некои религии имаат заклучена брава ако некој сака да напушти нивно учење е само страв. Затоа и такви закани дека ќе страдаш, гревови - некои дури и велат дека ако го напуштиш на пример исламот, ако има шеријатски правен закон - ќе бидеш погубен. Мислам дека имаат и такво нешто, така ми доаѓа во умот...

Што пак води до тоа дека не е искушение ако по патот си го надминал (или си дознал за нови учења кои ги пополнуваат празнините кои ги чувствуваш внатре) учењето кое си мислел дека ќе те води „до крајот“, ако постои такво нешто.
Како знаеш за 20 години каде ќе бидеш или што ќе бидеш и какви се искуства ќе имаш? Сите искуства се искушенија кои те прават подобар ако знаеш како со нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom