Отворен Електротехничкиот факултет во Радовиш

اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Никола Тодоров, денеска, ќе ги отворат новите простории за одвивање на наставата на Електро-техничкиот факултет во Радовиш и за одвивање на дисперзираните студии на Земјоделскиот факултет во Свети Николе, соопштуваат од Владата на Република Македонија.

Електротехничкиот факултет ќе Ви овозможи во текот на студиите да се здобиете со исклучително квалитетни знаења и практични вештини од полето на електротехниката, а ќе Ви даде највисоко ниво на образование во областа „Системи за автоматско управување”, како што всушност гласи и насоката на нашиот Факултет.

По четиригодишното студирање на Електротехничкиот факултет ќе бидете дипломиран електроинженер, ќе го завршите првиот циклус на универзитетски студии и ќе имате 240 кредити, според Европскиот кредит-трансфер систем (ECTS – European Credit Transfer System). Тоа значи дека во меѓународниот промет и дипломата на англиски јазик, академскиот назив ќе Ви биде baccalaureus, односно baccalaurea.

СТУДИСКА ПРГРАМА ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ (PDF)

Веб страна на ЕТФ - Радовиш: http://etf.ugd.edu.mk/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom