Отворање на броеви за донации на мобилните оператори

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Отварање на број за донации за физички лица (T-Mobile, VIP, ONE)

Потребна документација за отварање број за собирање средства за операција и/или лекување:

  • Барање за отворање на број за донации за физички лица со генералии за корисникот и образложение за потребата од собирање на средства

  • Медицинска документација:- Дијагноза / конзилијарно мислење од меродавна институција во Македонија со кое се дефинира понатамошниот третман- Потврда за закажана операција од странската институција и чинење на операцијата

  • Лични документи:- Фотокопија од лична карта на барателот (доколку има)- За деца, фотокопија од извод од матична книга на родени (како доказ за рoдителство/датум на раѓање)- Фотокопија од лична карта од законскиот старател на барателот (доколку се работи за малолетно лице)
  • Потврда за износ на месечни примања

Наведената документација треба да биде испратена во писмена форма на адреса на Фондацијата: Фондација Т-Mобиле за Македонија, ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје.

Вашите лични податоци се доверливи и подлежат на посебен начин на чување, согласно Законот за лични податоци на РМ. Доколку ви се додели број за донации, вашите лични податоци, по добиена согласност од ваша страна, ќе бидат архивирани како доверливи документи. Доколку не ви се додели број за донации, вашите документи во целост ќе ви бидат вратени по пошта.

Согласно техничките можности, броевите за донации се ограничени. Времетраењето на намената на еден број за донации за индивидуално лице е три месеци.

Отварање на број за донации за правни лица

Потребна документација за невладни организации и други институции кои поднесуваат барања за отварање број за донации:

Барање за отварање на број за донации за правни лица кое содржи краток преглед на институцијата (тип на институција и главни активности)

Краток преглед на проектот за кој се наменети средствата собрани преку бројот за донации (проектен план со рокови на реализација, и план за намена на собраните средства)

Решение од централен регистар за НВО со одговорно лице (овластен потписник)

Други информации со кои се потврдува релевантноста на проектот за заедницата

Наведената документација треба да биде испратена во писмена форма на адреса на Фондацијата: Фондација Т-Мобиле за Македонија, ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје.

Вашите лични податоци се доверливи и подлежат на посебен начин на чување, согласно Законот за лични податоци на РМ. Доколку ви се додели број за донации, вашите лични податоци, по добиена согласност од ваша страна, ќе бидат архивирани како доверливи документи. Доколку не ви се додели број за донации, вашите документи во целост ќе ви бидат вратени по пошта.

Согласно техничките можности, броевите за донации се ограничени. Времетраењето на намената на еден број за донации за индивидуално лице е три месеци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom